✨ Традиционална предновогодишна дружба со најмладите во #Адора 🎅🎁🎄
Дел од стипендистите на Adora Business Group и децата на вработените како и секогаш за новогодишните празници, во пресрет на 2024 година, се сретнаа со менаџментот и со вработените во компанијата. Младите стипендисти разменаа мислења за новите сознанија и искуства од образованието во средните училишта и факултетите во државата и странство, а од проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора, добија скапоцени совети и неговата мотивациска книга „Мојот македонски код“. Децата најмногу се забавуваа и радуваа со песна, честење и смеа, а сите млади кои се нашата гордост и иднина, добија новогодишни пакетчиња и други подароци.
Сите членови на економското семејство #Адора срдечно си посакаа среќна, здрава, мирна, успешна и бериќетна Нова 2024 🎀🎉🎈⭐️🎇