28.8 C
Скопје
01/06/2025 15:48
МАКТЕЛ

     

Демант од ЈЗУ УК за Државна кардиохирургија

      

По однос на натписот објавен во Слободен Печат имаме да го изјавиме следното: Информаторот кој весникот го цитира, или нема доволно податоци за пациентот, или не ја познава доволно проблематиката или има свои мотиви намерно да ги извртува податоците. Имено станува збор за пациент кој е итно примен на нашата клиника на 08.04.2025 година околу 15 часот префрлен од ГОБ 8ми Септември со симптоми на болка во грбот и епигастрична болка кои се појавиле утрото истиот ден. При прием висок крвен притисок над 270ммХг но останати витални параметри стабилни. Итно е примен во единица за интензивна нега каде е отпочната терапија по протокол за неговата дијагноза. Многу брзо со интравенска терапија настанува стабилизација на сите витални параметри, стабилизиран крвниот притисок и кај пациентот исчезнаа болките комплетно.

Имено станува збор за пациент кој е итно примен на нашата клиника на 08.04.2025 година околу 15 часот префрлен од ГОБ 8ми Септември со симптоми на болка во грбот и епигастрична болка кои се појавиле утрото истиот ден. При прием висок крвен притисок над 270ммХг но останати витални параметри стабилни. Итно е примен во единица за интензивна нега каде е отпочната терапија по протокол за неговата дијагноза. Многу брзо со интравенска терапија настанува стабилизација на сите витални параметри, стабилизиран крвниот притисок и кај пациентот исчезнаа болките комплетно. Утврдено е дека дијагнозата на пациентот е Станфорд тип Б дисекција а тоа е раслојување на аортата помеѓу два нејзини слоеви што е многу поразлично од прснување или пукање како што е наведено во гореспоменатиот текст. Со други зборови, пациентот нема прсната аорта и не крвари. Со оглед на сите овие наоди лекарскиот конзилијум на клиниката дојде до заклучок дека пациентот нема т.н. комплицирана дисекција (руптура, малперфузија или рефрактерна болка која трае повечќе од 12 часа) која бара итен третман без разлика дали е ендоваскуларен или хируршки. Од друга страна кај пациентот на компјутерската томографија се евидентира наслага на главната срцева артерија како и тешко заболување на митралниот срцев залисток и другите залистоци на срцето на ЕХО. По разгледување на сите наоди лекарскиот конзилиум дојде до заклучок дека доколку се изнуди потреба од отворен хируршки третман кај пациентот кој е со екстремно висок ризик, шансите за преживување на истиот се 1-3% што беше објаснето на пациентот и на семејството.

   

Болеста со која што е примен пациентот е една од најкомплицираните и најтешки болести на аортата (најголемиот крвен сад во организмот). Модерната медицина нема конечна став за оптимален третман на овие пациенти. Имено статистички за жал смртноста кај оваа болест кај пациентите кои се лекуваат конзервативно е околу 4-10% интрахоспитално, кај пациентите кои што се третираат ендоваскуларно (стент) смртноста е околу 10% а кај пациентите кои се третираат со отворена хируршка интервенција  смртноста е околу 20% а по некои статистики и до 50% и повеќе, но ова важи само за центри со голем број на ваков тип на операции. Но овие статистики се различни кај различни пациенти. За овој пациент колегиумот ризикот го процени неприфатливо висок. На нашата клиника има две операциони сали. Едната служи само за отворено хируршко лекување на пациентите, а другата е хибридна сала со ангиограф во која можат да се извршуваат отворени хируршки интервенции, стентирање и комбинација од двете или т.н. хибридни процедури. Оваа втората сала е надвор од функција повеќе од еден месец заради поставување на нов апарат кој бара и реадаптација на просторот за што уредно писмено се известени МЗ и ДСЗИ пред почетокот на реконструкцијата. Другата операциона сала е активна и е комплетно во функција.

Имајќи ги предвид сите овие факти беше испратено барање за конзилијарно мислење до Клиниката за Торакална и Васкуларна Хирургија затоа што се тие единствени кои имаат инфраструктура и матерјали за ендоваскуларен третман покрај нашата клиника во склоп на јавното здравство на што добивме одговор дека не се во можност да ја направат интервенцијата заради поправка на ангиографот и недостаток на стент графтови. Од таа причина а со најдобри намери за пациентот, семејството беше испратено на консултации со две приватни болници а кои согласно нашите сознанија имаат договор со фондот за здравство за овие процедури. Тоа се единствени места каде што се извршуваат ваков тип процедури во државата. Ова беше направено од стратешка гледна точка како план за следна фаза на лекувањето. Кај пациентот за  време на хоспитализација до моментот на хиперакутното влошување во ниеден момент не се појави потреба од итна интервенција бидејќи пациентот цело време беше без болки, со стабилни витални и лабораториски параметри. Околу 5 часот наутро следниот ден настапува нагло влошување на состојбата на пациентот по што се превземени сите мерки за срцево – белодробно оживување по протокол. И покрај сите превземени мерки на лекарите за жал настапи смртен исход. Причината за смртта е непозната со оглед на тоа што семејството категорично одби обдукција за што постои од нивна страна потпишан документ.

Околу комуникацијата со семејството би можеле да кажеме дека во прв момент комуникацијата беше нормална, за да после нивното враќање од консултации со приватните болници стане театрална (со провокации и снимање на персоналот). Поради закана од семејството персоналот во тој момент се повлекува комплетно зад затворени врати во службените простории и дежурниот лекар го известува обезбедувањето на клинички центар. Со самото доаѓање во контакт на обезбедувањето и семејството настанува меѓусебна расправија и туркање меѓу поединци по што обезбедувањето повикува полиција која пробува да ја смири ситуацијата. Во тој момент двајца членови од семејството (син и зет на пациентот) се повикани во службените простории за уште еднаш да им се објасни во целост здравствената состојба на пациентот, можниот развој на болеста и потенцијалните ризици од тоа како и можните модалитети на третман и ризиците од нив. Тоа се направи од страна на вработените во присутво на две полициски униформирани лица. За ова постои полициска белешка во ПС Центар. Се дојде до заеднички заклучок да им се даде предлог за лекување во странство со оглед на околностите на нашата клиника но и на другите места каде потенцијално може да се лекува пациентот и им беше целосно објаснета процедурата за вакво нешто на што инстантно се согласија. Истиот разговор е направен и со пациентот во интензивна нега на што и тој се согласи.

По однос на наводите на текстот на порталот Слободен Печат оваа прилика ја користиме да одговориме на прашањето поставено од новинар на Слободен Печат, “Дали поголем број од докторите бил на симпозиум?”. Одговорот е НЕ. Ниту еден доктор за време на настанот не е на симпозиум. Би сакале да go нагласиме следното. Без разлика дали некој или неколку доктори се на едукација, службата на Клиниката е во секое време покриена со сите профили на лекари (Кардиохирурзи, Васкуларни Хирурзи, Анестезиолози, Кардиолози). Ние како универзитетска клиника ја стимулираме и поддржуваме континуираната медицинска едукација на нашите доктори и затоа сметаме дека прашањето е ирелевантно за случајот. ЈЗУ УК за Државна кардиохирургија

   

Најново

Од Бигорски манастир со молба до верниците да бидат достоинствени и смирени

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека Филипче не е претседател ниту на советниците на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Треба да се набави домашна храна во државните стокови резерви

Sase Ivanovski

Нареднава недела топло време со температури до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Во тие 5% за одбрана што ги бара САД ќе влезат и коридорите 10 и 8 кои ќе ги користи НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Сигурен сум дека од Таравари е разочаран и самиот Таравари

Sase Ivanovski

Вардар и Пелистер денеска во Охрид играат за трофејот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Инсулинот што се увезува е квалитетен но не е од најнова терапија оти по ништо не сме на врвот на светските ранг листи и се купува поефтино

Sase Ivanovski

Во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА ВОДЕА ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ СЕ ИЗБРАНИ ОД СДСМ И ДУИ, КАКО СЕГА НЕ ИМ ЧИНАТ?!

Sase Ivanovski

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Sase Ivanovski

Во деловите каде прокиснува во Кочанската болница не се третираaт повредените од пожарот,толкувајте посмирено вели Клековски за РСЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Живковизмот е се уште жив во Бугарија, каде изчезнаа 200 000 Македонци кои ги имаше на пописот па ги снема?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Жалам што Арсовска добива закани по живот, ја охрабрувам да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЈП „Водовод и канализација“: Преголема потрошувачка на вода во Чаир, мрежата пребрзо се празни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Нечовечки и нехумано е тоа што се злоупотребува трагедијата во Кочани за политички цели

Sase Ivanovski

Старото игралиште во Ново Лисиче ќе стане мултифункционално

Sase Ivanovski

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите во Париз

Sase Ivanovski

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолго задржување

Sase Ivanovski

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ГО ОБВИНУВА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО „Ганиу уништува докази, а ЈО ќе рече не нашле ништо“

Sase Ivanovski

Неколку села во скопско ќе останат без струја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РЕНОВИРАНА ИНФЕНКТИВНАТА КЛИНИКА ПРИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МАЈКА ТЕРЕЗА

Sase Ivanovski

„ОБВИНИТЕЛСТВОТО МЕ МАЛТРЕТИРА И МЕ СТАВА ВО ДОПОЛНИТЕЛНА ОПАСНОСТ“ Арсовска ќе однесе докази, оти не се плашела од Ганиу и од Меџити

Sase Ivanovski

192 ПОВРЕДЕНИ И ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ХАОТИЧНОТО СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ Навивачите на ПСЖ приредија дивјачки неред

Sase Ivanovski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Sase Ivanovski

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Sase Ivanovski

ВИДЕО | ПСЖ го декласираше Интер за прва титула во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Видео: Седум загинати и 30 повредени во железничка несреќа во Русија поради уривање на мост

Sase Ivanovski

Иса Селими и Александар Петровски балкански шампиони во карате

Sase Ivanovski

Илон Маск толку многу се дрогирал како советник на Трамп што добил проблеми со мочниот меур, објави Њујорк Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сашко Митовски: Време е за нов чекор напред, покажавме дека можеме многу!

Sase Ivanovski

Митовски ќе оди во трка за нов мандат за градоначалник на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја урниса секоја област во општеството, да си ја земеме државата назад

Sase Ivanovski

СИ ЏИНПИНГ СИ ПОСТАВИЛ РОК ЗА MOЖЕН НАПАД НА ТАЈВАН? Американски министер предупреди дека времето истекува

Sase Ivanovski

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци!

Sase Ivanovski

РЕШЕНИЕ ЗА ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ВО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Институцијата ќе биде под министерството за правда

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Тошковски за ,,Фокус”: Можно е да има проширување на истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Македонската репрезентација во џиу џица со седум медали на меѓународниот турнир во Јахорина

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

Sase Ivanovski

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител: Замолуваме да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА

Sase Ivanovski

Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети

Sase Ivanovski

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, нема ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Мајка-мечка со две мечиња на патот Маврово-Дебар

Sase Ivanovski

Кратовчанец ја натепал сопругата, ѝ се заканувал и со нож

Sase Ivanovski

Насилник ги нападнал поранешната девојка и нејзин колега во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Филипче од Крива Паланка: Митовски доби поддршка за уште еден градоначалнички мандат

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ги забрани асфалтните и бетонските бази на нејзина територија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski

Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sase Ivanovski

Пијан насилник од скопско ги тепал и давел партнерката и нејзината мајка

Sase Ivanovski

Приврзаниците на Партениј протестираа пред резиденцијата на архиепископот во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....