11.8 C
Скопје
17/04/2025 04:48
МАКТЕЛ

    

Демко Малески: Ново нормално? Не. Ново неизвесно

      

Од биполарен свет кој траеше четириесеттина години, преку униполарен, изминативе триесет и пет, до мултиполарен, се менуваа шарките на калиедоскопот на меѓународната политика од Втората светска војна наваму. Последнава промена на структурата на меѓународното општество на држави некој ја нарече „ново нормално“. Камо да е така лесно. Побргу ќе да е „ново ненормално“, зашто до „новото нормално“ прво не чека „ново неизвесно“. И како и после падот на Берлинскиот ѕид во 1989, еден човек е одговорен за сè. Тогаш беше генералниот секретар на Комунистичката партија на СССР Михаил Горбачов, денес тоа е американскиот претседател Доналд Трамп. И во двата случаи, водачите на супер силите прогласија банкрот. Во првиот случај, СССР банкротираше во прескапата трка во вооружување, во вториот Америка банкротираше во обидот да наметне своја хегемонија врз целиот свет. Вака некако би одел реалистичкиот наратив за промените во меѓународната политика изминативе децении.

Овие брзи и ненадејни унилатерални потези на водачите на СССР Горбачов и на САД, Трамп, ги изненадија нивните сојузници оставајќи ги како „риби на суво“. Се сеќавам дека и на Михаил Горбачов му беше полесно со претседателот на Америка Роналд Реган отколку со сојузникот Ерих Хонекер од Источна Германија или со претседателот Николае Чаушеску од Романија. Токму како што денес на Трамп му е полесно со Русија отколку со Емануел Макрон од Франција или Кир Стармер од Велика Британија. И тогаш како и сега политичките елити на некогашните сојузници на големите сили си ја бранат својата загрозена политичка моќ. Чаушеску ја бранеше буквално до последниот момент на својот живот кој заврши пред стрелачки вод. Сепак, процесот беше незапирлив. По повлекувањето на руската моќ во границите на Русија, Источна Европа стана вистинско политичко чистилиште – беа збришани сите дотогашни политички елити, до последната. Повлекувањето на американската моќ од Европа, се чини, ќе го има истиот ефект врз сегашните политички елити во Европа. Како што оди Америка, оди и светот, вели една поговорка. Ако е така, порастот на влијанието на десницата во Европа е неминовност. Во тој случај, институции како НАТО, кои го симбоилизираа досегашниот мултилатерализам, ќе ги нема или ако и натаму да постојат, ќе бидат како празни школки.

   

Нешто драматично ново се раѓа во меѓународните односи. И додека, соочувајќи се со „новото нормално“, европските сојузници трескавично свикуваат состаноци на разни нивоа, оние држави, како Македонија, кои не се членови на ЕУ ќе чекаат да слушнат каква ќе биде нивната судбина. Зашто Европа ја чекаат драматични промени полни со неизвесност. Првата моја реакција беше дека во спорот меѓу сојузниците преку Атлантикот, нашето место е со Европа зашто сме европска држава. Тоа го диктира нашиот долгорочен интерес како држава на европскиот континент. Но, сега, кога ситуацијата станува „спасувај глава како знаеш и умееш“ македонските политичари немаат време за долгорочни стратегии за државата. На тоа требаше да се мисли во 1991 кога на мирен начин ја освоивме нашата независност. И не само да кажеме дека ЕУ и НАТО се наши стратешки цели, туку целите да ги остваривме со храбра акција на наши политичари спремни да голтаат живи жаби и со непопуларни одлуки да го спасат народот и државата. Ништо од тоа не се случи: додека папагалски повторуваа „ЕУ/НАТО“, времето помина. Денес, кога е доведено во прашање самото постоење на ЕУ, принудени од реалните процеси на промени кои не можеме да ги следиме, и без друга алтернатива, политичарите се определуваат за Америка.

Го „изедовме“ времето за членство во ЕУ и бидејќи не сме на масата, одново ќе бидеме на менито. За доцнењето, има многу одговорност да се сподели кај сите партии од независноста до денес. Но, најголемиот кочничар беше македонскиот национализам, таа парализирачка состојба на умот која често минува преку партиските граници и која не ни дозволува бргу да се прилагодуваме на еден свет во постојани промени. Истата таа состојба на духот не спречи пред шест години да тргнеме одлучно во решавање на спорот со Бугарија согласно инструкциите од Брисел и усогласениот став на ЕУ. Сега кога е сосема јасно дека за догледно време ја немаме веќе европската опција за Македонија, Америка и Трамп се единствената шанса за нашите политичари. Шанса за што? Шанса сегашнава политичка гарнитура да се одржи на власт и да одолее на надворешните протисоци и на внатрешните меѓуетнички тензии кои се назираат на хоризонтот. Сметката е таа, само што се е во промена и ниту Европа не е она што беше ниту пак Америка. Денко Малески

  

Најново

НА МЕЧОТ ВАРДАР, ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ВО СКОПЈЕ, КОМИТИ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Полицаецот од Штип никој не го побарал, не е во бегство лажат тврди неговиот син.

Sase Ivanovski

ДУИ со реакција за посетата на премиерот на ОАЕ

Sase Ivanovski

ФОКУС: ВЕЧЕН ПРОЕКТ КОЈ СМЕНИ 4 ВЛАДИ И ДОСЕГА НЕ ЧИНИ 63 МИЛИОНИ ЕВРА?!

Sase Ivanovski

Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут – нов премиер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таравари: Бев загрижен што не ме поканија на денешната средба на ВЛЕН

Sase Ivanovski

Меџити со тешки обвинувања . Таравари имал тајни средби со Ахмети и олигарси

Sase Ivanovski

МВР го обвинува обвинителот Коцевски дека ја искомпромитирал синоќешната акција за апсење на 7 полицајци

Sase Ivanovski

Според анализа на ФСБ, на протестите на 15 март не бил употребен звучен топ, објави Вучиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДО ВИДЕО ОД ПАРК ВО ЛОНДОН – ЕВЕ НАЧИН КАКО ДА СЕ СПАСИТЕ ОД АГРЕСИВНО КУЧЕ: ПИКНЕТЕ МУ ПРСТ ВО АНУСОТ?!

Sase Ivanovski

Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери

Sase Ivanovski

Коцевски- Добивме одговор од Бугарија за тоефелот на директорот на АНБ Христовски

Sase Ivanovski

Адвокатот на Боре Видески: Или реконструкција или враќање на предметот на Вања и Панче во истрага

Sase Ivanovski

Четворица крадци краделе машини и лим од МЖ Инфраструктура, се бара притвор

Sase Ivanovski

Скопјанка крадела од маркет во Ѓорче, откако била забележана ја нападнала вработената

Sase Ivanovski

Успешно извршена петта трансплантација на црн дроб и бубрези, земени се и материјали за коскени ткива

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Prodigy ја извеле Firestarter во Скопје на 09.12.1995 пред да ја објават како сингл на 18.03.1996

Sase Ivanovski

Кај дваесеттина од повредените во Кочани заздравувањето може да потрае и до две години, информираше Таравари

Sase Ivanovski

Бугарија негира дека ќе се приклучи на воениот сојуз Албанија-Хрватска-Косово

Sase Ivanovski

ЕКИПИТЕ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ГО ЗГРЕШИЈА ДРВОТО ШТО ТРЕБА ДА ГО СЕЧАТ, ЗДРАВОТ О ОСТАНА „ОГОЛЕНО“, СУВОТО ОТПОСЛЕ ГО ИСЕКОА

Sase Ivanovski

По 24 часа интензивна потрага, пронајдено е момчето од Тремник!

Sase Ivanovski

Процесот на пристапување на Србија во ЕУ може да биде блокиран ако Вучиќ присуствува на парадата на Путин

Sase Ivanovski

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Sase Ivanovski

Трипуновски: Изминативе месеци сериозно работевме во чистење на каналската мрежа, рестрикции на вода нема да има

Sase Ivanovski

Полицаец осомничен за пожарот во „Пулс“ е во бегство

Sase Ivanovski

Прегазена 68-годишна штипјанка, со тешки повреди пренесена во болница

Sase Ivanovski

Велигденски донаторски настан – Вработените на ЕВН за Кочани

Sase Ivanovski

Кога ќе почне да се гради ветерниот парк крај Штип: „Алказар енерџи“ сѐ уште чека евтин кредит од фондовите на Белата куќа

Sase Ivanovski

Бугарија за Коридор 8: Тунелот на границата зависи само од одобрувањето на Македонија кое го чекаме три месеци

Sase Ivanovski

МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНСПЕТКОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ ПАТРОЛИРАЛЕ ПОКРАЈ ПОЛНИ КОНТЕЈНЕРИ И КАЗНИЛЕ ГРАЃАНИН КОЈ ОСТАВИЛ ЃУБРЕ ПОКРАЈ НИВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Груевски е Марадона за Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Посветени за нови инвестиции и нови можности за Македонија

Sase Ivanovski

Пожар во скопски ресторан, има сомнежи дека е подметнат

Sase Ivanovski

Путин, а не Европа, ја продолжува војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српските студенти со велосипеди пристигнаа во Стразбур

Sase Ivanovski

Бајден го нападна Трамп во својот прв говор откако ја напушти Белата куќа

Sase Ivanovski

Таравари ќе оди со посебни листи за советници на локалните избори, отворен е за соработка за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

САД ги укина санкциите за Антал Роган, соработник на премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Sase Ivanovski

Делегацијата на ЕУ во Скопје за скандалозниот избор на Богојески: ја имаме предвид загриженоста за неговиот избор

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани меѓу трагедијата, гневот и потрагата по одговорност

Sase Ivanovski

ЦПИА: Родовите бариери сè уште присутни во правосудството

Sase Ivanovski

Четири лица осомничени за тешки кражби од ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје

Sase Ivanovski

Демант на ЈП Комунална Хигиена на изјава на градоначалникот Горан Герасимовски

Sase Ivanovski

Директен пренос на натпреварот помеѓу Вардар и Црвена звезда на МТВ

Sase Ivanovski

2 часа патување за 60 секунди: Кина го гради највисокиот мост во светот

Sase Ivanovski

Кирков: Да им дадеме шанса на вработените во „Лајка“ за проблемот со бездомната популација на животни да биде решен

Sase Ivanovski

Дурмиши: Со законско решение ќе се регулира вработувањето на сезонски работници, целта е намалување на сивата економија

Sase Ivanovski

Претседателот на Собранието учествуваше на презентацијата на Годишниот извештај за 2024 година на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Sase Ivanovski

Таравари: Успешно извршена нова – петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и прва баријатриска интервенција на Клиника за дигестивна хирургија.

Sase Ivanovski

Герасимовски: Традиционалниот пролетен атлетски крос ги обедини основците од Центар

Sase Ivanovski

Мерки на претпазливост за шестмина полицајци осомничени за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Што им беше ветено на српските студенти од европарламентарците

Sase Ivanovski

Инцидент во скопска фирма: Маж на вработена му се заканувал на директорот од Турција

Sase Ivanovski

Полицајци од Аеродром ќе одговараат, не проверувале дали осомничен бил во куќен притвор

Sase Ivanovski

Предметот за сообраќајката во која загина Иван Билински се враќа пред Апелација – Врховен ја прифати жалбата на Вишото обвинителство

Sase Ivanovski

Пет лица повредени во сообраќајка во Делчевско

Sase Ivanovski

Започнаа градежните работи за асфалтирање во селото Здуње, Лимани: Работите се очекува да завршат следниот месец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Белкиса Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници, шест се лишени од слобода, по еден се трага, тројца веќе се во притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата, наместо навремени набавки на вакцини за сезонски грип и ковид, тие мислеа на провизии

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Sase Ivanovski

Бочварски: Тошковски требаше да поднесе оставка за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен жител на Липково, со БМВ возел 96 км на час на место каде е дозволено 40 км на час

Sase Ivanovski

Коста Костадиновски: Берзата наградува трпение и професионалност

Sase Ivanovski

Трипуновски: Работиме да се зголеми сточниот фонд, секогаш ќе бидеме на страната на фармерите

Sase Ivanovski

Дурмиши: Трговците во малопродажба од 18 април ќе треба да ги објават јавно цените на сите производи на своите веб страни

Sase Ivanovski

Трипуновски: Изминативе месеци сериозно работевме во чистење на каналската мрежа, рестрикции на вода нема да има

Sase Ivanovski

Тимот на „Солуција“ и „Замисли“: Граѓаните да се обединат за вистински луѓе на вистински места – „Замисли“ со дебата „Кажи си ја маката“ во Велес

Sase Ivanovski

Стара фотографија од затвор во Ел Салвадор искористена за подбуцнување говор на омраза кон САД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски и Перински на работна средба во Центар

Sase Ivanovski

Скопје ја загрозува навремената изградба на Коридорот 8, кој е многу важен за НАТО и ЕУ, обвинува Бугарија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Купишта ѓубре во коритото на Серава, покрај неа „никнала“ и дива депонија

Sase Ivanovski

Трамп: Бајден беше најлошиот претседател, дозволи милиони криминалци да влезат во САД

Sase Ivanovski

Таравари се откажа од Вреди, Вреди од Таравари, но од Владата никој не се откажува

Sase Ivanovski

Еден месец по пожарот во Кочани – Полицијата апси полицајци, ама пензионирани!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Интервју со државниот обвинител Љупчо Коцевски

Sase Ivanovski

Трагедија во Кина: Почина репрезентативец на Габон, полицијата истражува три сценарија

Sase Ivanovski
Вчитувам....