Денес, Централниот совет на Демократски сојуз расправаше за актуелните политички состојби во Македонија, посебно од аспект на злоупотребата на страшната трагедија за политички манипулации и обидите за блокада на институциите да не можат да ги извршуваат своите функции сврзани со борбата против тешките облици на криминал и висока корупција. Демократскиот сојуз ги повикува сите институции, посебно МВР и Јавното обвинителство да иницираат одговорност за сите за кои има елементи за одговорност. Не смее да се дозволи влијание на партиите или селективност во постапувањето. Обидите за злоупотреба и политички профит од оваа трагедија ќе ги препознаваат и осудат граѓаните.
Протестите се демократско право и начин на изразување на незадоволство и поттик на власта да спроведе системски и коренити реформи и да се зајакне одговорноста на секој носител на функција, но неопходна е и поширока граѓанска одговорност за да се спречат трагедии од ваков вид. Демократскиот сојуз ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани, да помогнат на семејствата на настраданите во Кочани. Сега од кога било ни се потребни сплотеност и единство.