34.8 C
Скопје
17/06/2025 14:49
МАКТЕЛ

   

Демaскирањето на Маск

      

Разделбата на Трамп и Маск во Белата куќа беше исполнета со комплименти, како штотуку да почнале да си се додворуваат. Меѓутоа, сигурно е дека се нанижаа несогласувања во нивниот поход да ги превртат Америка и светот. На прв поглед изгледаше дека не можат еден без друг. Дека власта ги поврзала како со папочна врвца. И дека ќе останат неразделни, барем поради уживањето во славата да го претставуваат првиот персонален тандем со најголема политичка и финансиска моќ во светот. Но, се разделија. Илон Маск ја напушти позицијата повереник на Доналд Трамп за намалување на државните трошоци. Заедно ги намалуваа со сета сила, а потоа го пресекоа и она што не сакаа – нишката што лично ги поврзуваше. Нивната разделба во Белата куќа беше исполнета со комплименти, како штотуку да почнале да си се додворуваат. Не се ни откажаа од соработката, па дури беше најавено дека Маск ќе биде неформален советник на Трамп.

Сигурно е, пак, дека се нанижаа несогласувања во нивниот поход да ги превртат Америка и светот. Иако и двајцата ја поддржуваа десницата, особено крајната во Европа, против „ширењето на штетното левичарство“, Маск се спротивстави на царинските војни на Трамп како штетни за неговите разгранети глобални бизниси. Истовремено се покажа дека Маск, на чело на новооснованиот Оддел за ефикасност на владата (DOGE), потфрлил токму во ефикасноста. Ветуваше дека буџетските трошоци ќе ги намали за една третина, на две илјади милијарди долари, па на половина од таа сума, за неговиот учинок на тоа поле да се сведе на само околу 170 милијарди. До оваа заштеда дојде, главно, со отпуштање 260.000 од 2,3 милиони вработени во државните служби. Во судовите се наталожија тужби за неоправдани откази, чие прифаќање може да ја чини државата дури и повеќе од 130 милијарди, пресметаа специјалистите од Партнерството за јавни услуги.

   

Истовремено, врз Маск се урна гневот на шефовите на многу агенции и државни служби, кои сметаат дека неговите кратења речиси им го оневозможиле функционирањето. Пристигнуваа и забелешки од поединци од претседателскиот кабинет, дека милијардерот претендира да се меша таму каде што не му е местото, па и во разузнавачките и податоците за граѓаните. Поради пречекорување на надлежностите, велат, би можел да се најде и пред судии. Обвинувањата ги отфрлаше и ги припишуваше на бирократски „мрзеливци“. А потоа направи финален исчекор. Го осуди нацрт-законот што Трамп енергично го поддржува, бидејќи форсира раст на државниот дефицит, додека тој со својот тим истрајува на негово намалување. Истовремено, забележуваат познавачите, се потврдија предвидувањата дека не можат долго да останат заедно двајцата најголеми самовљубеници. Нарцизмот не трпи конкуренција, па Маск се повлече за да го практикува во низа свои компании со кои ја одржува титулата најбогат човек на светот. Со имот проценет на околу 400 милијарди долари, тој дејствува како „марсовец“ меѓу Земјаните, па како таков веќе работи на проект за населување на Марс. Секако, во содејство на државата, со која командува Трамп.

Досегашното нивно партнерство личеше на поделба на интересни сфери на големите сили, што и беа нивните „маленкости“, како газди на Белата куќа или „Тесла“ со приватните вселенски и агенции за чипување на мозокот. На двајцата, од формирањето на политичкото партнерство, им растеше вредноста на богатството со кое располагаат. На Трамп за дури 1,2 милијарди на малку повеќе од пет милијарди, додека Маск скокна за стотина милијарди долари (со повремени промени, предизвикани од падот на неговата популарност поради поврзаноста со власта и недостатокот на емпатија). И кај едниот и кај другиот беше забележан судир на интереси, дека профитирале со користење на политичкиот авторитет, што тие го негираат. Маск, притоа, ги отфрла медиумските обвинувања дека во службувањето си помагал со наркотици, а блиска роднина на Трамп демантира дека со положбата на таткото или свекорот се служела за профитирање од Арапскиот Полуостров до Балканот (се споменува и оспорениот аранжман околу зградата на Генералштабот во Белград). При напуштањето на претседателската служба, Маск се појави пред новинарите со модринка на десното око. Објасни дека го повредил еден од четиринаесетте потомци кои ги признал, неговиот петгодишен син Икс (кому сакаше да му го даде името X Æ A-Xll).

„Злите јазици“, пак, шират гласини дека го повредил некој од многуте на кои „им згазнал на жуљ“ – од отпуштените службеници, до жените што ги изиграл. Во секој случај, во Вашингтон дошол со пила (симбол за кратење на буџетот, по угледот на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи), а заминува со модро око – ја сумира неговата политичка кариера колумнистката на „Њујорк тајмс“, Морин Дауд. Демаскирањето на Маск продолжува. Никој не може да му ја оспори генијалноста во претприемништвото, но многумина не знаат што му стана за да се впушти во политика. И да си замислува дека може да ја „дисциплинира“ државата, како некоја од своите компании каде што наголемо дели откази. Неговото откажување од функцијата поттикнува пошироки дилеми. На пример: Е, кога најбогатиот човек се откажа од учество во власта, зошто се двоумат другите помалку вредни? Особено оние кои, како и тој и Трамп, оспоруваат дека образованието и независното правосудство се темели на секое општество и гаранции дека демократијата нема да се лизне во автократија. Овде бунтовните студенти и граѓани бараат токму такво темелење, додека власта врши притисок да се отпуштат „неподобните“ професори, обвинители, судии…

Од врвот како цел се зема и приватизација на државните факултети и клучните државни фирми, здравата животна средина, па и влијанието на работата на правосудството. Како самата власт да е приватизирана, во рацете на четврта, лична власт, издигната над сите три уставни гранки на власта – законодавна, извршна и судска. Нешто слично се наѕираше и во мисијата на Маск, чија важност престана по истекот на 130 дена. А се откажа од неа кога се прочу дека „власта му удрила во глава“, толку многу што претерал во „сечењето глави“. И дека сето тоа, логично, почнало да му „се удира од глава“.

Вијести

Aвтор: Момчило Пантелиќ (Авторот е новинар)

   

Најново

Црвениот крст изврши последна исплата на финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Шпанците се борат против прекумерниот туризам, ама сè повеќе нудат краткорочни изнајмувања

Sase Ivanovski

Како Трамп ја поткопува меката моќ на САД

Sase Ivanovski

Герасимовски: Имаме најдобри услови во градинките во Центар, инвестираме во учење и развој

Sase Ivanovski

Македонско-грчката историска комисија – „државна тајна“ за македонската јавност!

Sase Ivanovski

Пакистан ги затвори сите гранични премини со соседен Иран

Sase Ivanovski

Инцидент во Шпанија: Двегодишно девојче почина од струен удар на панаѓур, три деца се хоспитализирани

Sase Ivanovski

Шкендија против велшкиот ТНС во првото квалификациско коло за ЛШ

Sase Ivanovski

Брза пруга

Sase Ivanovski

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директно со Градоначалникот на Oпштина Илинден – Александар Георгиевски

Sase Ivanovski

Моралната одговорност не се мери на избори

Sase Ivanovski

Иран „гледа“ шпиони насекаде: Лица со маски, капи и очила за сонце на нишан на властите

Sase Ivanovski

БРАВО! Герасимовски: Ниту еден општински денар за кафеани и патувања – парите одат за семејства во социјален ризик

Sase Ivanovski

Работното место не е кафеана, сè повеќе газди посегаат по тестови за алкохол

Sase Ivanovski

Трамп: Рокот за апликацијата TикТок најверојатно повторно ќе биде продолжен

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова распали среде Тирана: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби

Sase Ivanovski

Ракетните напади на Иран врз Израел стануваат сè поскапи и неодржливи

Sase Ivanovski

Злато за Елена Петрова: Македонската велосипедистка доминираше на Гран Фондо 2025 во Нови Сад!

Sase Ivanovski

Уапсен велешанецот кој со метален предмет удрил по глава 8-годишно девојче и онесвестено го влечел по улица

Sase Ivanovski

Два танкери се судрија и се запалија во близина на ОАЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Очекувам од бугарските евро пратеници да ги повлечат амандманите за ЕУ извештајот за Македонија во кои бараат македонскиот идентитет да се дефинира како сегашен

Sase Ivanovski

Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Инвестираме 100 милиони евра во Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Решен е проблемот со карпата која висеше над делницата Фариш – Дреново од експресниот пат Прилеп – Градско, на крајот на месецов ја пуштаме во употреба и таа делница

Sase Ivanovski

МАРЈАН ИЛИЕВСКИ НОВ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА Нов четиригодишен проект за македонската кошарка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Не сум задоволен со брзината со која се гради клучката на влезот во Битола

Sase Ivanovski

СИНОТ НА СОРОС СЕ ОЖЕНИ СО СОВЕТНИЧКА НА ХИЛАРИ КЛИНТОН Наместо подароци, двојката ги замолила гостите да донираат

Sase Ivanovski

ДОКТОРОТ ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА СМРТТА НА МЕТЈУ ПЕРИ Му дал фатална доза лекови и го убил

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: На 10-ти јули летово ќе пуштиме во употреба 40 километри од автопатот Кичево – Охрид, остатокот ќе се заврши до крајот на идната година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Автопатиштата кои ги гради Бехтел и Енка, поточно Битола – Прилеп, Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево брзо напредуваат, секаде има отворен фронт и се гради брзо

Sase Ivanovski

ПЛАТИВМЕ НАВРЕМЕ 50 МИЛИОНИ ЕВРА, ВРАТЕТЕ НИ ГИ БРЗО! Бизнис заедницата си ги бара парите од укинатиот солидарен данок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Дебакл на економските политики на власта – Македонија на дното на Европа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Вистината за Кочани – ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс?

Sase Ivanovski

Експлозии во централниот и северниот дел на Техеран, во нападот уништен штабот за вонредни ситуации на иранската војска

Sase Ivanovski

Пивоваров: МВР не треба да го довери системот за пасоши и лични карти на надворешна фирма, туку на својот силен кадар, а за минатото да лоцира одговорност

Sase Ivanovski

Данела распали по скопските градоначалници, му дојде редот и на Орце: Одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ кое го загадува Скопје?

Sase Ivanovski

МФ достави барање до 22 меѓународни финансиски институции и банки за пројавување интерес за финансирање на брзата пруга

Sase Ivanovski

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран: Дали САД ќе му помогнат на Израел да ја уништи непробојната нуклеарна тврдина Фордо?

Sase Ivanovski

Багеји: Парламентот на Иран подготвува закон за напуштање на Договорот за неширење на нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Сопругот на Татјана Димитровска не бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Уважена жалбата на Мојсоска, Владата има рок од 15 дена да ги достави патните трошоци и кириите на пратениците

Sase Ivanovski

Претседателот на „Иван Михајлов“ се сретна со бугарскиот министер за надворешни, Георгиев: За мене е чест да бидам суден како Бугарин кој ја брани бугарштината во Македонија

Sase Ivanovski

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

Sase Ivanovski

Радев: Против Љубчо Георгиевски се покренува ново, уште поапсурдно обвинение

Sase Ivanovski

Иран: Каде да бегаат цивилите?

Sase Ivanovski

Седум години од потпишувањето: Што е имплементирано од Договорот од Преспа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за „несовесно работење во службата“ и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“

Sase Ivanovski

ДАВИД И ГОЛИЈАТ ПО ТЕРИТОРИЈА И БРОЈ НА НАРОД, НО КОГА СТОЈАТ САД ЗАД ТЕБЕ ДРУГА Е ПРИКАЗНАТА: Како се споредуваат Израел и Иран во воена сила?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКЕДОНСКА СВАДБА ВО КОРЧА, АЛБАНИЈА

Sase Ivanovski

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ ќе добие еден градоначалник во скопските општини

Sase Ivanovski

Израелски пилот: Со години се подготвувавме за нападот врз Иран

Sase Ivanovski

Царината спречи обиди за шверц на цигари и тутун, над 𝟧.000 алатки за тетовирање, мотоцикл

Sase Ivanovski

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините

Sase Ivanovski

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Sase Ivanovski

Битиќи: Владата ја крие вистинската состојба со јавниот долг

Sase Ivanovski

Мицкоски: Стигнуваат различни пораки од Софија, старите рекле „помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат“

Sase Ivanovski

Битиќи за договорот со Обединетото Кралство: Не поддржуваме затворена книга од шест милијарди евра

Sase Ivanovski

Сиљановска: Време е и политички да станеме дел од Европа

Sase Ivanovski

Најмалку 14 лица убиени во руски напад врз Киев во најголемиот напад од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Вучиќ: Доаѓа време за одговорност

Sase Ivanovski

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени

Sase Ivanovski

Иранските ракетни напади врз Израел продолжија во текот на ноќта

Sase Ivanovski

Левица со трет обид за надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

ДУИ за Договорот од Преспа: Европската перспектива на земјата е замрзната

Sase Ivanovski

Шестмина уапсени за тепање и дрогирање штитеници во дом за стари лица во Бугарија

Sase Ivanovski

Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“

Sase Ivanovski

Герасимовски: Примени првите практиканти, од јули нов повик за пракса во општината

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Улиците во Прилеп изрешетани со дупки – каде завршија 54 милиони денари за нивно асфалтирање?

Sase Ivanovski

Гаши во официјална посета на Азербејџан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во Бразил: Двегодишно дете случајно ја уби мајка си со пиштолот од таткото

Sase Ivanovski

Италија од септември ги забранува мобилните телефони во средните училишта

Sase Ivanovski

Четворица затвореници загинаа во пожар во затвор во Уругвај

Sase Ivanovski

Израелска армија тврди дека го убила новопоставениот началник на Генералштабот на иранските вооружени сили

Sase Ivanovski

Зеленски: Најновиот напад врз Киев беше најтешкиот од почетокот на војната, Русија користеше повеќе од 440 дронови

Sase Ivanovski

Русија собори 147 украински дронови во текот на ноќта

Sase Ivanovski

Висок британски советник тврди: Сојузниците во НАТО не се подготвени за војна

Sase Ivanovski

„Оне Хоспитал“ Тетово заминува во стечај, докторите без денар

Sase Ivanovski

Трамп вели дека чека да воведе санкции против Русија со надеж дека ќе се постигне договор

Sase Ivanovski

Седници на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и на Комисијата за одбрана

Sase Ivanovski
Вчитувам....