12.8 C
Скопје
08/03/2025 09:49
МАКТЕЛ

    

ДЕНЕСКА Е 8 МАРТ- МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА Што се промени од штрајкот на текстилните работнички и Клара Цеткин?

      

Денес, 8 Март е официјален државен празник во Белорусија, Виетнам, Ерменија, Русија, Кина, Молдавија, Монголија, Узбекистан и Украина, додека во останатите земји тој се одбележува во светло на промоција на постигнувањата на жените, женските права и борбата за рамноправност.

Меѓународниот ден на жената – 8 Март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир. Од тогаш, Меѓународниот ден на жената се прославува на глобално ниво со фокус на движењето за правата на жените, родовата еднаквост, репродуктивните права и борбата против насилството и злоупотребата на жените. Годинава мотото на ОН за одбележувањето на 8 Март е „За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“.

Чествување на овој ден се врзува со иницијативата за воведување на универзалното право на глас, односно овозможувањето и жените да гласаат на избори на почетокот на минатиот век, како и со активностите на работничките движења во Северна Америка и Европа. Првата регистрирана прослава на Денот на жената е на 28 февруари 1909 година во Њујорк во организација на Социјалистичката партија на Америка, а веќе од следната година се организирани и првите демонстрации и манифестации во Европа посветени на правата на жените. Инспирирани од овие настани, германските делегатки, предводени од Клара Цеткин, на Меѓународната женска социјалистичка конференција одржана во август 1910 година во Копенхаген, предложија чествување на Ден на жената, иако во нивната иницијатива не беше посочен конкретен датум. Предлогот беше прифатен од страна на учесничките на Конференцијата со идеја Денот на жената да се искористи за промовирање на заложбите за родова еднаквост и за доделување на правото на глас на жените.

   

По ова, веќе следната година на 19 март ширум Европа е организирано првото одбележување на Меѓународниот ден на жената со одржување на протести на кои е побарано воведување на право на глас на жените, овозможување тие да вршат јавни функции, како и спречување на половата дискриминација при вработувањето. Дополнителен мотив за борбата за женски, пред се работнички, права беше пожарот во текстилната фабрика „Триангл Ширтвејст“ во Њујорк на 25 март 1911 година, во кој загинаа 146 работници, од кои повеќето жени и мигранти.

Во првите децении на 20 век не постоел усогласен датум на меѓународно ниво за одбележување на Денот на жената. Во САД во тој период „Националниот ден на жената“ се одбележувал во последната недела во февруари, додека во Русија првото чествување на „Меѓународниот ден на жената“ било организирано во 1913 година и тоа во последната сабота во февруари според Јулијанскиот календар, ден што според Грегоријанскиот календар бил 8 март.

Во Германија првото официјално одбележување на Меѓународниот ден на жената било организирано на 8 март 1914 година. Изборот на овој датум веројатно бил случаен, имајќи предвид дека таа година тој ден било недела. Примарно барање од протесните собири на овој ден било воведување на правото на глас за жените во Германија, што им е овозможено четири години подоцна со прогласувањето на „Вајмарска Република“. Истата година, Денот на жената е одбележан и со протест на плоштадот Трафалгар во Лондон. Овој протест најмногу добива на гласност поради апсењето на британската активистка за женски права Силвија Панкхарст, на која и било оневозможено да говори на собирот.

На 8 март 1917 година според Грегоријанскиот календар (23 февруари според Јулијанскиот календар) во Петроград се одржани протести на текстилните работнички под слоганот „Леб и мир“, поради незадоволството од недостигот на храна и со барање за повлекување на Русија од Првата светска војна, што беше вовед во руската Февруарска револуција, која доведе до абдикација на царот Николај и воведување на правото на глас на жените. Веќе во текот на истата година, на иницијатива на болшевиците, 8 март е прогласен за празник во Русија. Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз од 8 мај 1965 година, 8 Март е прогласен за неработен ден во земјата во спомен на, како што е наведено во образложението, „извонредните заслуги на советските жени во изградба на комунизмот и во одбраната на татковината за време на Големата патриотска војна (Втора светска војна – н.з.) и нивното херојство и несебичност, како и за големиот придонес во зајакнувањето на пријателството меѓу народите и борбата за мир“.

Првото чествување на 8 март во Кина е одржано во 1922 година во организација на Кинеската комунистичка партија, а во 1927 година во градот Гуангжу е организиран марш со учество на околу 25.000 лица, кој освен од комунистите бил поддржан и од десничарската Националистичка партија на Кина (Куоминтанг) и од Младинската женска христијанска асоцијација. По прогласувањето на Народна Република Кина, кинескиот Државен совет на 23 декември 1949 година го прогласува 8 март за официјален Празник на жената и кинеските жени добиваат право на користење на полудневен одмор на тој ден.

На иницијатива на Комунистичката партија на Шпанија и нејзината легендарна лидерка Долорес Ибарури на 8 март во 1936 година во Мадрид е одржан „женски марш“ со кој е одбележан Денот на жената. Токму поради инсистирањето за чествувањето на Денот на жената од страна на комунистичките партии и неговата прослава во реал социјалистичките држави од Источна Европа и Азија, во првите децении по Втората светска војна овој празник е поврзуван со социјалистичките и левичарските движења. Но, во втората половина на 60-те години на минатиот век за прослава на 8 март почнуваат да се залагаат и припадничките на феминистичкото движење и женскиот активизам, кое во тој период е во подем, што доведе и до менување на перцепцијата за него и резултираше со прогласувањето на Меѓународниот ден на жената од страна на ОН. Денес, 8 Март е официјален државен празник во Белорусија, Виетнам, Ерменија, Русија, Кина, Молдавија, Монголија, Узбекистан и Украина, додека во останатите земји тој се одбележува во светло на промоција на постигнувањата на жените, женските права и борбата за рамноправност.

Но, глобализацијата и современите пазарни текови преку блескави маркетинг кампањи и шопинг акции го искомерцијализираа Меѓународниот ден на жената и го претворија во ден за поклонување подароци. Од друга страна, се бележат и тенденции за релативизација на празникот со негово чествување како „Ден на мајката“, што дел од застапниците за борбата за женски права го сметаат за обид за дефокусирање од изворните цели на одбележување на Денот на жената. Сето ова, заедно со подемот на социјалните медиуми, доведе до промовирање на некои недоволно јасни идеи за еднаквост, наместо првичните цели за социјални реформи и рамноправност.

  

Најново

СО ГОДИНИ БИЛА „ПЕРАЛНИЦА“ САД затворија руска криптовалутна берза

Sase Ivanovski

Скопје денеска под посебен сообраќаен режим поради маршот за „8 Март“

Sase Ivanovski

Проф. д-р Данева Маркова: Македонките во просек на 29 години се реализираат како мајки

Sase Ivanovski

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на 13 март ќе престојува во Тирана

Sase Ivanovski

Масовни протести на американските научници поради кратењата во научните програми

Sase Ivanovski

Осмомартовски марш – „Нека јадат ружи!“

Sase Ivanovski

Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска

Sase Ivanovski

ДУИ се бори за својот идентитет

Sase Ivanovski

Повредени 12 лица во престрелка во Торонто, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

На скопскиот аеродром ќе се спроведе симулациска вежба за вонредни состојби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ЕВЕ КОИ ПЕСНИ МИ ДОНЕСОА РАДОСТ“ Кралот Чарлс слуша Марли и Грејс Џонс

Sase Ivanovski

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ДА ЈА ПОЧИТУВА НАШАТА БОЛКА Семејството на Фросина бара да се промени локацијата на маршот

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЕЦ Е УБИЕН ВО АМЕРИКА Запалена му е и фирмата

Sase Ivanovski

КУМАНОВЕЦ Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ВОЗИЛО Починал од природна смрт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Две лица повредени по судар со возило на Брза помош на „Партизанска“

Sase Ivanovski

ПОНЕЖНИОТ ПОЛ Е ОДГОВОРЕН УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈОТ!

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 23 степени

Sase Ivanovski

ЕУФОР ќе го зголеми бројот на војници во БиХ

Sase Ivanovski

Жените сè уште се соочуваат со дискриминација и предрасуди, вели Силјановска-Давкова

Sase Ivanovski

Гори шума во Мариово, пожарникарите „се крстат“ во студот

Sase Ivanovski

Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ тврди дека го нападнале непознати луѓе на улица

Sase Ivanovski

Трамп: Путин сака војната да заврши, потешко излегувам на крај со Украина

Sase Ivanovski

Олимпијакос славеше убедливо против Партизан во Евролигата

Sase Ivanovski

Ракетите „Патриот“ од американско производство го заштитија Киев. Европа нема лесна замена

Sase Ivanovski

Полска: Сите возрасни мажи да поминат воена обука, ставање на темата за нуклеарното оружје на маса, додека Трамп се свртува кон Русија

Sase Ivanovski

Џин Хекман почина дома една недела откако неговата сопругата Бетси Аракава почина од хантавирус

Sase Ivanovski

Обновата на Либан по војната со Израел ќе чини 11 милијарди евра, пресмета Светската банка

Sase Ivanovski

Нема можност да се откаже договорот со Бугарија, вели Нано Ружин

Sase Ivanovski

Штрајкови ја тресат Германија – во понеделник најавена блокада на 11 аеродроми

Sase Ivanovski

Зеленски нема намера да му се извинува на Трамп за расправијата во Овалната соба

Sase Ivanovski

Додик им порача на Србите да не се грижат – тој знаел што прави

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нова „војна“ на грчките улици – горат барикади во центарот на Солун

Sase Ivanovski

Битраков: Колку повеќе директори, толку поголеми шанси за корупција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа вечерва на скопската обиколница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Големи собири во Србија, вработени во РТС протестираа заедно со студентите во Белград

Sase Ivanovski

Исланд пред 12 години ги прекина преговорите со Брисел, ама сега пак му се влегува во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип Кочани во близина на село Тркање

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковска: Рекорден буџет за 2025 година за подобрување на младинскиот стандард

Sase Ivanovski

Јужнокорејски авиони по грешка фрлиле бомби врз населено место, 15 повредени

Sase Ivanovski

Видеото со „отпуштениот пилот од Луфтханза кој одбил да запрашува со хемикалии“ е сатирично

Sase Ivanovski

Русија изврши масовен ракетен и дронски напад врз голем број енергетски инфраструктури низ Украина

Sase Ivanovski

Дали ретките минерали во украинската почва се ретки во светот и каква е нивната геополитичка вредност?

Sase Ivanovski

Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на стабилноста, модернизацијата, и на финансиската интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

Два големи пожари изгаснати вчера, густиот чад се гледаше и во Скопје

Sase Ivanovski

Распадот на ракетата „Старшип“ на СпејсИкс го наруши воздушниот сообраќај во Флорида

Sase Ivanovski

Таравари: „Ѓока констракшн“ е eдинствената фирма што се пријави да стопанисува со паркингот на Клинички

Sase Ivanovski

Крипто лидери ќе се сретнат на самитот со Трамп каде во фокус ќе бидат стратешките резерви

Sase Ivanovski

Тошковски: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста

Sase Ivanovski

Како референдумот на Орбан за Украина во ЕУ се претвори за Унгарија

Sase Ivanovski

Американската амабасадорка Анџела Агелер во посета на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница на тема „Триесет години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција“

Sase Ivanovski

МЗШВ: Успешна недела на инфо – караванот за Мерка 1 од ИПАРД 3

Sase Ivanovski

Ооштина Центар: Наместо цвеќиња за 8 Март, Герасимовски подели билети за претстава во Театар Комедија

Sase Ivanovski

“Уставен суд на Република Северна Македонија”: Амбасадорката на САД Анџела П. Агелер во посета на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Влада: Информациите за набавка на овошје и зеленчук објавени во јавноста не се точни

Sase Ivanovski

СДСМ: Министерке Кочоска, економијата не стагнира – таа тоне!

Sase Ivanovski

Приведен велешанец баран по потерница

Sase Ivanovski

Петрушевски: СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички

Sase Ivanovski

Пронајдено огревно дрво без документација во кавадаречко, приведено едно лице

Sase Ivanovski

МОН: Се зголемува бројот на училишта кои воведуваат едносменска работа, за целосна оптимизација на училишната мрежа ќе се вложат 8 милиони евра

Sase Ivanovski

Вчера 622 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 111 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: Заедно со пензионерите ги реализираме сите проекти, позитивно оценети услугите Итно копче и нега за стари лица

Sase Ivanovski

Џонсон Мети во стратешко партнерство со Brainster NextCollege за поврзување на образованието и индустријата

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Израел: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста

Sase Ivanovski

Работилница за колективна изработка на транспаренти

Sase Ivanovski

СДСМ: „Тендерски мрежи“ ќе биде најголмиот корупциски скандал во историјата, имаме преку 50 случаи за корупција на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Признанието на Црвен Крст е потврда за хуманитарните активности спроведени во Општина Центар

Sase Ivanovski

Промоција на СЕКУНДАРНА АРХИВА, посветена на жени уметнички

Sase Ivanovski

Трипуновски: Сериозен акцент дадовме на сточарското производство, целта е најмладите да пијат домашно и квалитетно млеко

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска–Давкова со Гордан Јандроковиќ, претседател на Саборот на Република Хрватска

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е против инвестирање во капитални проекти, не сака државата и економијата да се развиваат и за ова го злоупотребува ССМ

Sase Ivanovski

Анастасовски: Како Комисија за ИТ ги насочуваме младите кон целосно користење на дигитализацијата

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не планира реформи во правосудството, сите реформски закони се закочени

Sase Ivanovski

Муцунски: Невистинити се обвинувањата на Кузеска, има 24 часа да се извини, во спротивно ќе поведат постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот

Sase Ivanovski

Министерство за финансии, Димитриеска-Кочоска: Економијата повеќе не е во стагнација, резултатите од нашата работа стануваат видливи

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени две лица за предизвикување пожар и тешка кражба

Sase Ivanovski

МТСП: Социјалните работнички го трансформираат животот на жените и ја помагаат нивната економска независност

Sase Ivanovski

Мицкоски: Индустриското производство во јануари порасна за 1,4 проценти, а извозот е пораснат за 5 проценти

Sase Ivanovski

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на третиот Правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан

Sase Ivanovski
Вчитувам....