Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, минатата недела во писмо до рускиот претседател Владимир Путин предложи Москва да дозволи Црноморскиот договор за житарки да продолжи неколку месеци, за да и даде време на ЕУ да поврзе подружница на Руската земјоделска банка со СВИФТ.
Црноморската иницијатива, која беше потпишана од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН на 22 јули 2022 година, вклучува извоз на украинско жито и храна, како и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа.Вториот дел од договорот што го потпишаа Русија и ОН предвидува деблокирање на извозот на храна и ѓубрива од Русија, а меѓу главните точки беше повторното поврзување на руската Земјоделска банка со SWIFT, обновувањето на испораката на земјоделска механизација и резервни делови.Москва посочува дека овој дел од договорот се уште не е спроведен