Денеска Занаетчиска комора Скопје, на јубилејна манифестација каде одбележа 90 години од своето постоење, на Град Скопје му додели признание за придонес во развојот на занаетчиството.
Занаетчиите преку Занаетчиската комора со исклучителен тим во минатата година соработуваше со Град Скопје, со што успеавме да отпочнеме со реализација на новите иницијативи.
За работите кои од раководството на комората беа посочени како важни обезбедивме поддршка, отпочнавме со креирање и реализација на нови мерки и финансирање на занаетите во изумирање.
