Еврејската заедница во Македонија денеска ќе одбележи 82 години од холокаустот на македонските Евреи. Со полагање цвеќе пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи, денеска во скопски Монопол ќе се одбележи 82-годишнината од холокаустот. Потоа продолжува на градските гробишта Бутел, каде ќе се положи цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи.
На 11 март 1943 година Евреите од Битола и од Штип биле собрани од нивните домови и затворени во Монополот – фабриката за тутун во Скопје, по што следела депортација во логорот на смртта во Треблинка.