Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека бара гласање за доверба во парламентот, бидејќи е убеден дека неговата влада има мандат да продолжи со својата работа.
„Барам гласање за доверба бидејќи сум убеден и сигурен дека имаме мандат да владееме, да преземеме целосна одговорност за она што се случува во Полска“, рече Туск за време на својот говор во парламентот, според агенцијата ПАП. Утрово, полскиот парламент, Сејмот, започна со разгледување на предлогот за гласање за доверба на владата, откако на 1 јуни, кандидатот на Граѓанската коалиција Рафал Цашковски, кој е близок до Туск, беше поразен од националистот Карол Навроцки на претседателските избори. И покрај ова, владата на Туск сè уште има парламентарно мнозинство и се очекува да го „преживее“ гласањето.