10.8 C
Скопје
17/04/2025 05:20
МАКТЕЛ

    

Денко Малески, Трамп: Русија не е агресор

      

Спротиставувајќи им се на своите сојузници од групата Г-7, Германија, Франција, Канада, Велика Британија, Италија и Јапонија, ставот на новата американска администрација е дека отсега натаму руската агресија врз Украина треба да се нарекува „конфликтот во Украина“. Имено, во нивното заеднички соопштение, Америка ја одбива формулацијата со која Русија се нарекува „агресор“. И што правиме сега? Државите кои сакаат да ги задржат добрите односи со, сè уште, најмоќната држава во светот ќе мора да се прилаготат на новата реалност која ја диктира Трамп. Исто како и во времето на претходната администрација на Џо Бајден, кога мораа да ја употребуваат токму формулацијата „руска агресија“. Дали се работи за агресија или не? И подеднакво важно: кои се причините за војната? Вистината е дека она што го стори Путин на 22-ти февруари 2022 е класична агресија на една голема сила врз послаба држава со намера насилно да ги смени границите. Тоа е осудено од целиот свет, вклучувајќи ги и критичарите на воинствената политика на Бајден и на демократите. Сепак, ова е само дел од приказната. За осуда е и непромислениот обид Америка, преку грбот на Украина да ја ослабне моќта на Русија. Се разбира, да успееше во тоа со економски санкции и со конвенционално оружје, денес веројатно ќе ја славевме победата на демократијата врз автократијата, но тоа не се случи. Русија одолеа на санкциите а нејзината надмоќ во население и огнена моќ победи во една „војна на истребување“ налик на Првата светска.

Не помалку важна беше и заканата од Путин дека ќе го крене светот во воздух. Никогаш порано, дури и по цена од нуклеарна војна и уништување на планетата Земја, еден политичар на застанал во одбрана на она што големите сили го нарекуваат „егистенцијала закана“. Предвидувајќи ја ваквата реакција, Америка можеше да ја избегне војната со неутралност на Украина и автономија за на тамошното руско население. Но, шансата да се ослабне ривалот беше неодолива зашто ништо не ја чинеше да се обиде да ја сруши руската автократија. Имено, лавовскиот дел од помошта изразена во милијарди долари и онака се користеше за набавка на американско оружје, што ќе рече, за отворање нови работни места во америнскиот воено-индустриски комплекс. Згора на тоа, како што изјави еден американски сенатор, се работеше за војна против ривалот без американски човечки загуби. Со време, во отсуство очекуваната брза победа на Украина и на Западот, почнаа да истекуваат информации за вистинската причина за руската агресија: стравот на Русија од ширењето на НАТО во Украина, на самите нејзини граници. Инаку, приказната за стравот како причина за војна е прастара но е и универзална и безвременска. Пишувајќи за причината за Пелопонеските војни меѓу демократска Атина и автократска Спарта, грчкиот историчар Тукидид вели дека тоа бил стравот. Стравот дека Атина ќе го изгради големиот ѕид околу својот град и од позиција на доминација ќе го одбере времето за напад врз Спарта. Оттаму и одлуката на Спарта да нападне додека има уште време – пред да се изгради ѕидот.

   

Истото се повтори и во случајот со руската агресија врз Украина, идниот потенцијален плацдарм на Америка против Русија. Почнаа да истекуваат и други информации во прилог на ова видување. За ветувањето на Џејмс Бејкер до Јелцин дека, во замена за руска поддршка за обединување на Германија по падот на Берлинскиот зид, НАТО нема „да се помести ниту еден инч кон Русија“; за обидите на Путин да ја избегне војната со договорите Минск 1 и Минск 2 за автономија за руското население во Донбас и за неутралност на Украина; за несериозноста на гаранторите Германија и Франција кон словото на тие договори и како договорите биле, според Меркел, само „купување време“ да се вооружа Украина; за поготвеноста на Москва да склучи мир во Турција еден месец по инвазијата и за улогата на Борис Џонсон, наречен Боџо, во одвраќањето на Зеленски од мировен договор, во прилог на војната. Протекоа информации и за ароганцијата на американската моќ и нејзините политички претставници и улогата на Вашингтон во рушењето на претседателот Јанукович кој се определи за неутралност на Украина; за улогата на „онаа ужасна жена“од Стејт департментот, Викторија Нуланд, како што ја нарече режисерот Оливер Стоун, која телефонски му порача на американскиот амбасадор да „го донесе комедијантот на власт“ и „да ја е.. ЕУ“…

„Руската агресија“ или „конфликтот во Украина“, носи многу поуки од областа на меѓународната политика. Најважната за Македонија како мала држава на европскиот континент без излез на море, е да мисли со своја глава и внимателно да го пресмета својот интерес. Во новиот ривалитет меѓу Америка и ЕУ власта се определи за Америка. Таа определба, традиционално, беше заради американската поддршка за членство во ЕУ на нашата држава, што беше и официјална американска политика. Која е сегашната политика на Америка кон ЕУ допрва ќе видиме, но според првите потези, неќе да е на арно. Ние не сме членка на ЕУ и немаме влијание на тој процес, рече американската амбасадорка Агелер некни. Повеќе од ова дипломат не смее да каже како предупредување. Но ние можеме да додадеме на нејзината реченица:„ …особено не сега под водство на Трамп“. Можеме и да се прашаме: А што ако беспоговорните поддржувачи на Трамп, како Унгарија, Словачка, Србија и Македонија, се само негови Тројански коњи за рушење на ЕУ? И што ќе биде со нас ако трајно ги нарушиме односите со ЕУ во време кога Америка се конфронтира со Европа? Дилемата е идентична со онаа на Макијавели чија основна задача, како министер за надворешни работи на малата Фиренца во средновековна Италија, заради опстанокот на својот град-држава, била точно да ги предвиди настаните во ривалитетот помеѓу тогашните големи европски сили. Да се надеваме дека определбата на новата власт во Македонија за Трамп и неговите политики е плод на сериозна анализа, а не на некакви лични познанства, нешто во што се сомневам. Денко Малески

  

Најново

Апасиев: Време е за искрен институционален дијалог и јасна борба против дискриминацијата

Sase Ivanovski

Апасиев алармира: Под превезот “работно ангажирање” се легализира експлоатацијата

Sase Ivanovski

Комити до Миленко: „Кога еден ден ќе останеш сам, џабе кубански пури и скапи палта, има да квичиш ко свињите во калта“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој сака да сокрие што се случи со Крива Река | ИРЛ

Sase Ivanovski

НА МЕЧОТ ВАРДАР, ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ВО СКОПЈЕ, КОМИТИ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Полицаецот од Штип никој не го побарал, не е во бегство лажат тврди неговиот син.

Sase Ivanovski

ДУИ со реакција за посетата на премиерот на ОАЕ

Sase Ivanovski

ФОКУС: ВЕЧЕН ПРОЕКТ КОЈ СМЕНИ 4 ВЛАДИ И ДОСЕГА НЕ ЧИНИ 63 МИЛИОНИ ЕВРА?!

Sase Ivanovski

Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут – нов премиер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таравари: Бев загрижен што не ме поканија на денешната средба на ВЛЕН

Sase Ivanovski

Меџити со тешки обвинувања . Таравари имал тајни средби со Ахмети и олигарси

Sase Ivanovski

МВР го обвинува обвинителот Коцевски дека ја искомпромитирал синоќешната акција за апсење на 7 полицајци

Sase Ivanovski

Според анализа на ФСБ, на протестите на 15 март не бил употребен звучен топ, објави Вучиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДО ВИДЕО ОД ПАРК ВО ЛОНДОН – ЕВЕ НАЧИН КАКО ДА СЕ СПАСИТЕ ОД АГРЕСИВНО КУЧЕ: ПИКНЕТЕ МУ ПРСТ ВО АНУСОТ?!

Sase Ivanovski

Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери

Sase Ivanovski

Коцевски- Добивме одговор од Бугарија за тоефелот на директорот на АНБ Христовски

Sase Ivanovski

Адвокатот на Боре Видески: Или реконструкција или враќање на предметот на Вања и Панче во истрага

Sase Ivanovski

Четворица крадци краделе машини и лим од МЖ Инфраструктура, се бара притвор

Sase Ivanovski

Скопјанка крадела од маркет во Ѓорче, откако била забележана ја нападнала вработената

Sase Ivanovski

Успешно извршена петта трансплантација на црн дроб и бубрези, земени се и материјали за коскени ткива

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Prodigy ја извеле Firestarter во Скопје на 09.12.1995 пред да ја објават како сингл на 18.03.1996

Sase Ivanovski

Кај дваесеттина од повредените во Кочани заздравувањето може да потрае и до две години, информираше Таравари

Sase Ivanovski

Бугарија негира дека ќе се приклучи на воениот сојуз Албанија-Хрватска-Косово

Sase Ivanovski

ЕКИПИТЕ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ГО ЗГРЕШИЈА ДРВОТО ШТО ТРЕБА ДА ГО СЕЧАТ, ЗДРАВОТ О ОСТАНА „ОГОЛЕНО“, СУВОТО ОТПОСЛЕ ГО ИСЕКОА

Sase Ivanovski

По 24 часа интензивна потрага, пронајдено е момчето од Тремник!

Sase Ivanovski

Процесот на пристапување на Србија во ЕУ може да биде блокиран ако Вучиќ присуствува на парадата на Путин

Sase Ivanovski

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Sase Ivanovski

Трипуновски: Изминативе месеци сериозно работевме во чистење на каналската мрежа, рестрикции на вода нема да има

Sase Ivanovski

Полицаец осомничен за пожарот во „Пулс“ е во бегство

Sase Ivanovski

Прегазена 68-годишна штипјанка, со тешки повреди пренесена во болница

Sase Ivanovski

Велигденски донаторски настан – Вработените на ЕВН за Кочани

Sase Ivanovski

Кога ќе почне да се гради ветерниот парк крај Штип: „Алказар енерџи“ сѐ уште чека евтин кредит од фондовите на Белата куќа

Sase Ivanovski

Бугарија за Коридор 8: Тунелот на границата зависи само од одобрувањето на Македонија кое го чекаме три месеци

Sase Ivanovski

МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНСПЕТКОРИ НА ГРАД СКОПЈЕ ПАТРОЛИРАЛЕ ПОКРАЈ ПОЛНИ КОНТЕЈНЕРИ И КАЗНИЛЕ ГРАЃАНИН КОЈ ОСТАВИЛ ЃУБРЕ ПОКРАЈ НИВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Груевски е Марадона за Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Посветени за нови инвестиции и нови можности за Македонија

Sase Ivanovski

Пожар во скопски ресторан, има сомнежи дека е подметнат

Sase Ivanovski

Путин, а не Европа, ја продолжува војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српските студенти со велосипеди пристигнаа во Стразбур

Sase Ivanovski

Бајден го нападна Трамп во својот прв говор откако ја напушти Белата куќа

Sase Ivanovski

Таравари ќе оди со посебни листи за советници на локалните избори, отворен е за соработка за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

САД ги укина санкциите за Антал Роган, соработник на премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Sase Ivanovski

Делегацијата на ЕУ во Скопје за скандалозниот избор на Богојески: ја имаме предвид загриженоста за неговиот избор

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани меѓу трагедијата, гневот и потрагата по одговорност

Sase Ivanovski

ЦПИА: Родовите бариери сè уште присутни во правосудството

Sase Ivanovski

Четири лица осомничени за тешки кражби од ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје

Sase Ivanovski

Демант на ЈП Комунална Хигиена на изјава на градоначалникот Горан Герасимовски

Sase Ivanovski

Директен пренос на натпреварот помеѓу Вардар и Црвена звезда на МТВ

Sase Ivanovski

2 часа патување за 60 секунди: Кина го гради највисокиот мост во светот

Sase Ivanovski

Кирков: Да им дадеме шанса на вработените во „Лајка“ за проблемот со бездомната популација на животни да биде решен

Sase Ivanovski

Дурмиши: Со законско решение ќе се регулира вработувањето на сезонски работници, целта е намалување на сивата економија

Sase Ivanovski

Претседателот на Собранието учествуваше на презентацијата на Годишниот извештај за 2024 година на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Sase Ivanovski

Таравари: Успешно извршена нова – петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и прва баријатриска интервенција на Клиника за дигестивна хирургија.

Sase Ivanovski

Герасимовски: Традиционалниот пролетен атлетски крос ги обедини основците од Центар

Sase Ivanovski

Мерки на претпазливост за шестмина полицајци осомничени за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Што им беше ветено на српските студенти од европарламентарците

Sase Ivanovski

Инцидент во скопска фирма: Маж на вработена му се заканувал на директорот од Турција

Sase Ivanovski

Полицајци од Аеродром ќе одговараат, не проверувале дали осомничен бил во куќен притвор

Sase Ivanovski

Предметот за сообраќајката во која загина Иван Билински се враќа пред Апелација – Врховен ја прифати жалбата на Вишото обвинителство

Sase Ivanovski

Пет лица повредени во сообраќајка во Делчевско

Sase Ivanovski

Започнаа градежните работи за асфалтирање во селото Здуње, Лимани: Работите се очекува да завршат следниот месец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Белкиса Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници, шест се лишени од слобода, по еден се трага, тројца веќе се во притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата, наместо навремени набавки на вакцини за сезонски грип и ковид, тие мислеа на провизии

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Sase Ivanovski

Бочварски: Тошковски требаше да поднесе оставка за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен жител на Липково, со БМВ возел 96 км на час на место каде е дозволено 40 км на час

Sase Ivanovski

Коста Костадиновски: Берзата наградува трпение и професионалност

Sase Ivanovski

Трипуновски: Работиме да се зголеми сточниот фонд, секогаш ќе бидеме на страната на фармерите

Sase Ivanovski

Дурмиши: Трговците во малопродажба од 18 април ќе треба да ги објават јавно цените на сите производи на своите веб страни

Sase Ivanovski

Трипуновски: Изминативе месеци сериозно работевме во чистење на каналската мрежа, рестрикции на вода нема да има

Sase Ivanovski

Тимот на „Солуција“ и „Замисли“: Граѓаните да се обединат за вистински луѓе на вистински места – „Замисли“ со дебата „Кажи си ја маката“ во Велес

Sase Ivanovski

Стара фотографија од затвор во Ел Салвадор искористена за подбуцнување говор на омраза кон САД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски и Перински на работна средба во Центар

Sase Ivanovski

Скопје ја загрозува навремената изградба на Коридорот 8, кој е многу важен за НАТО и ЕУ, обвинува Бугарија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Купишта ѓубре во коритото на Серава, покрај неа „никнала“ и дива депонија

Sase Ivanovski

Трамп: Бајден беше најлошиот претседател, дозволи милиони криминалци да влезат во САД

Sase Ivanovski
Вчитувам....