Во македонската амбасада во Пекинг се организираше културен настан по повод празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј. Амбасадорот Сашко Насев посебно го истакна присутвото на проф. Ма Сипу за време на настанот. Проф. Ма Сипу е првиот Кинез, кој што докторирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е истражувач во Кинеската академија на општествените науки, а во далечната 1986 ја добил докторската диплома по историски науки од скопскиот универзитет.
Под раководство на лекторката Рената Пенчова студентите од Универзитетот за странски студии во Пекинг рецитираа македонска поезија. Исто така под раководство на проф. Јасмина Џуровска-Блажеска беа вклучени и учениците од интернационалното училиште Чинхуа. За време на настанот се интерпретираа и македонските народни песни како „Македонско девојче” „Јовано Јованке” од Адам Матијек. Програмата беше збогатена и со кинески перформанси. Гости на настанот беа амбасадори и високи дипломати, исто така и македонската заедница што живее и работи во Пекинг.