Во Босна и Херцеговина денеска е ден на жалост поради трагедијата во Кочани, каде во дискотека загинаа 59 млади лица. Одлуката за денот на жалост беше донесена вчера на итна седница. Како што велат од Владата, одлуката е донесена да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата.

Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје, или на јарболот, на зградите на законодавните, извршните и судските власти, јавните институции, институциите и другите правни лица на територијата на Федерацијата БиХ.
– На Денот на жалост, на јавни места во Федерацијата БиХ не може да се одржуваат културни и забавни програми, а медиумите на територијата на Федерацијата БиХ се обврзани да ја усогласат и приспособат својата програмска содржина на денот на жалоста – се вели во соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста на Владата на БиХ.