Познатиот француски актер , 76 годишниот Депардје, кој има снимено повеќе од 200 филмови и ТВ серии, не беше во судот при изрекувањето на пресудата. Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има снимено повеќе од 200 филмови и ТВ серии, не беше во судот при изрекувањето на пресудата.
Осуден е за сексуален напад на 54 годишна жена задолжена за гардеробата на сетовите како и 34 годишна помошничка режисерка, за време на снимањето на играниот филм „Les Volets Verts“ во Париз во септември 2021 година. Депардје ја заробил 54 годишната жена идентификувана само како Амели, меѓу неговите нозе на филмскиот сет и ја фатил за задникот и градите. Таа рекла дека ја заробил со сила и употребил непристојни зборови. Депардје беше осуден и за сексуален напад на помошничката режисерка во истиот филм, допирајќи ѝ ги градите и задникот во три различни прилики. Извор: Новинска агенција МЕТА