33.8 C
Скопје
29/06/2025 14:05
МАКТЕЛ

   

ДЕРАЛА: Мицковски ме доби на суд за клевета, судот се повика на европската конвенција за човекови права

      

Дерала: Состојбата на човековите права и слободи во земјата се приближува кон фаза од која ќе станува сѐ полошо

Џабир Дерала, главен и одговорен уредник на Цивил Медиа и основач и претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода е организација за човекови права и слободи.Минатата година на Дерала му беше доделена наградата „Солидарност за новинари“, што ја доделува германската „Асоцијација за Југоисточна Европа“ (Südosteuropa-Gesellschaft e.V.), поддржана од Министерството за надворешни работи на СР Германија.

Наградата што ја доделаува оваа организација за поддршка на политичката, научната и социо-културната размена со на Германија со земјите Југоисточна Европа, им им оддава почит на храбрите новинари од нашите партнерски земји кои се изложуваат на високи лични ризици за критичко известување, се вели во соопштението на „Асоцијацијата за Југоситочна Европа“ (Südosteuropa-Gesellschaft e.V.).

   

Како еден од основачите на ЦИВИЛ, истакната организација за човекови права, Дерала ги води креативните иницијативи на организацијата и служи како главен координатор и продуцент на мултимедијални проекти за подигање на свеста кампањи, фестивали, документарни филмови, конференции и други проекти и настани.

Кариерата на Дерала се протега во 1989 година, за време на која тој има работено со бројни медиумски организации како домашно така и на меѓународно ниво. Тој е член на Здружението на новинарите на Северна Македонија од 1990 година и член на Амнести Интернешнл од 1994 година, како и на повеќе регионалните организации во таа област.Џабир Дерала е нашиот соговорник во серијалот „Имаме неколку прашања за вас“, на порталот Рацин.мк.Со Џабир Дерала разговараше Зоран Бојаровски

Господине Дерала. Благодарам што ја прифативте оваа покана. Овие денови ви вашето име е повторно актуелно во јавноста, иако не е дека тоа не се случува често, заради вашите многубројни активности како новинар, како активист, јас нема да заборавам ниту како писател или поет и тоа се прилично многу активности кои заслужуваат внимание и едно вакво интервју.

Реков овие денови вашето име е повторно актуелно заради одлуката на судот дека во случајот премиерот Мицкоски против Џабир Дерала судот олучи да пресуди во полза на господинот Мицкоски.

Вие ова го оценивте како уште еден испад и политички притисок кој ја покажува длабоката испреплетеност меѓу политичката моќ и судството во земјата. Зошто таква оценка?

Џабир Дерала: Тоа што се случува во нашата земја, во овој поединечен случај не е единствен низ кој сум поминал, практично од времето на Груевски, па сè до денес јас сум постојано во некаква судска постапка.

Тоа е една ситуација во која гледаме еден притисок, многу силен, на моќен човек врз јавноста, врз мене и врз судството.

Меѓутоа, не сум само јас во прашање. Во прашање се сите што би се дрзнале да зборуваат, размислуваат или да дејствуваат поинаку од тоа што си го замислил господинот Мицкоски и неговиот добар пријател, партиски другар и сега и министер за внатрешни работи Панче Тошковски, кој го застапува во парницата и на кој треба сега да му платам судски трошоци.

Се работи за одлука на апелација, која во овој случај е конечна на домашно ниво и едниствено ми остануваат меѓународните судски инстанции.

Тоа што е исто така индикативно во врска со пресудата на првостепениот суд, Основниот суд во Скопје, а потоа и потврдено со Апелација, е тоа што немајќи домашна регулатива, домашен закон по кој може да пресудат во полза на господинот Мицкоски, тие прибегнуваат, крајно цинично, кон Европската конвенција за заштита на човековите права и јас сум всушност осуден според членот 8 од Европската конвенција за човекови права, според кој поединците се заштитени од големи механизми на моќ.

И сега испаѓа дека јас сум ги загрозил човековите права на господинот Мицкоски, а јас сум некоја голема апстрактна структура на моќ која може да изврши таков притисок да му ги загрози човековите права на господинот Мицкоски.

Тоа е една колку гротескна и смешна, таа е глумична ситуација, толку е и цинична, затоа што се однесува на мене. Затоа што јас мој животен позив се човековите права и слободи. И во новинарството, и во граѓанскиот ангажман и во тоа што се нарекува писателство, литература, поезија, како и да сакате.

Човековите права и слободи се дел од моето размислување, па и битисување. Со тоа ме удираат и тоа е навистина цинично, безобразно.

Меѓутоа, пак ќе кажам, ова е удар на секој што ќе се осуди, што ќе се осмели да проговори поинаку од нив. Јас сум пример.

Дури еден мој колега пред некој ден кога разговаравме за оваа ситуација,  се сети на едно интервју на господинот Мицкоски во една од националните телевизии, не е битно која, во која новинарот го прашува зошто одбрал од дваесетина медиуми кои ја пренеле таа вест, меѓу другото и ние, да ме тужи само мене, ниту изворот, ниту другите, само мене. Неговиот одговор, низ насмевка, беше краток, циничен и гласеше: Така одбрав.

Знаете, „така одбрав“, израз кој го користи господинот Мицкоски, како и сличните на него и во нашата историја и во, аа, и во европската, па и пошироко политичка сцена, авторитарни ликови кои немаат никаков проблем да кажат, така одбрав, така сакам. Јас мислам така, јас, јас, јас.

Тоа е тој модел на размислување на кој очигледно судските инстанции се повинуваат, се согласуваат да прегазат преку сè што може да значи морална и професионална обврска кон јавноста, кон правдата кон граѓанките и граѓаните и да судат онака како што така одбрал господинот Мицкоски.

Мислам дека тоа е прилично добра слика за тоа како изгледа нашето општество во овој момент, окупирано од авторитарни ликови и структури.

„Човековите права и слободи се дел од моето размислување, па и битисување. Со тоа ме удираат и тоа е навистина цинично, безобразно.“

 

Да, навистина е иронично вас да ве осудат за загрозување на некои човекови права, кои целиот вој живот, кариера го посветивте токму во борбата во заштита на човековите права.

За вашиот случаи се произнесе во најголем дел меѓународната новинарска јавност, новинарскиот еснаф од повеќе европски здруженија.

Македонските здруженија, колку што јас можев да пребарам и видов, не видов дека имаше реакција во однос на овој случај, иако, за да бидеме честни до крај, Здружението на новинарите неколкупати имаше реакции кои беа поврзани со некои други ваши случаи.

Зошто овојпат изостана реакција? Каква е вашата оценка за тоа?

Мислам дека едно име се врзува со одговорот на ова, макар што не е единствен фактор. Меѓутоа еден збор може да се каже во врска со тоа, а тоа е стравот.

Очигледно е дека постои страв кај новинарската фела во нашата земја. Очигледно е дека постои, ако го проширам дијапазонот на размислувања и фактори ако ги наведам, очигледно е дека постои многу длабока корупорупција, партиска поврзаност, послушност, послушност на уредникот, на сопственичките структури, а сопственичките структури секако дека се поврзани со олигархиската мрежа во земјата и кои исто така имаат свои интереси, па и формирале, односно држат во своите раце цели политички партии.

Тоа што јас го гледам на македонската сцена на невладини организации кои се занимаваат со медиуми и медиумски слободи е дел од сето тоа, а притоа и една потреба да се биде комфорен.

Повеќе им се исплати на Здружението на новинарите на Македонија, чиј член сум триесет и три-четри години ми се чини, можеби триесет и пет, не знам.

Треба да проверам една црвена, ја паметите и вие таа книшка на ЗНМ со старото лого.

Мислам дека повеќе им се исплати да направат жештоко обвинување и соопштение за заштита на новинарските и работничките права на новинарката во радио Шабац. Постои тоа, не е измислица, отколку да се занимаваат со заканите со убиство, со ужасниот говор на омраза против мене и против неколку, такви понезависни медиумски екипи и против невладини организации кои без калкулации настапуваат во јавноста и не им е проблем да бидат видливи и влијателни, каква што е „Цивил”.

Мислам дека и на другите новинарски ентитети кои се занимаваат со професионални етички стандарди, права и така натаму, не им се исплати да одат на тој начин и да ги исполнат своите статутарни обврски за својот колега, за сите колешки и колеги кои се во некаква релација со мене и со редакциите во кои учествувам, во чија работа учествувам, заради тоа што, се разбира дека имаат некакви врски со одредени центри на моќ.

Во една од тие организации дури има и еден крајно отворен, јасен, деклариран поддржувач на Москва и апологет на Путиновиот режим, на Путиновата брутална агресија и мислам дека тоа се заедно прави една слика зошто нема осуда.

Навистина, за воља на вистината, едно добри, два, можеби три пати ЗНМ излезе со некое соопштение. Еднаш дури ми поврзаа со адвокат за да се одбранам од една јасна директна закана со убиство, која заврши после девет месеци со мислење на јавниот обвинител дека нема никаква намера некој да ме убива, него дека е само новинарска „чарка“.

Тој што се закани да ме убие е познат бизнисмен, кој, впрочем нема врска со новинарството.

„Авторитарните општества се голема ќелија со невидливи ѕидови и решетки.“

 

Да, сето ова што го кажувате апсолутно говори во поглед на тоа што сакав понатаму да го прашам. Не сте за прв пат мета. За време на целата ваша кариера постојано сте под притисок на одредени центри на моќ и сакам да прашам нешто во врска со тоа. Во суштината на сето тоа јас препознавам напад врз слободата. Напад врз слободата генерално, не само напад врз слободата на слободниот новинарски израз, слободниот професионален израз.

Колкава треба да биде цената што треба да ја платиме за слободата? Колку чини слободата што треба да ја практикуваме?

Всушност слободата јас во тоа, навистина најдлабоко, најискрено верувам, слободата нема цена.

Слободата е еднаква на животот, затоа што без слобода нема живот. Без слобода нема правда, без слобода нема достоинство. А што е човекот без правда, без достоинство, без пристоен живот? Ако го нема сето тоа, тој едвај да може да се нарече човек.

Зошто? Заради тоа што човечките карактеристики се намалуваат кога ставате некого во кафез, во затвор, во ќелија. И ние во авторитарните општества гледаме како тие се претворени во една голема ќелија со невидливи можеби ѕидови со невидливи решетки. Меѓутоа, многу јасно, многу очигледно го уништуваат квалитетот на живеењето. Го уништуваат достоинството на човекот, неговата слобода, го нарушува и неговото здравје и неговиот и неговиот дух, неговата потреба да креира и неговата можност да создаде нови вредности.

Тоа се разбира дека е удар врз слободата, удар врз медиумските слободи и удар врз слободата воопшто. Ударот врз демократијата претставува прво удар врз вистината која, за која се надлежни, нели, професионално врзани новинарките и новинарите, уредниците, сите што работат во медиумите се разбира, и човекот кој не снима денеска.

Заради тоа сметам дека слободата не може да се стави  во некое мени или во ценовник или на некоја вага, каде што можеме да ја одредиме нејзината вредноста, помала или поголема.

Едноставно таа нема цена, бидејќи е над-надвредноста, над тоа што може да се определи како квантум на парични или други единици на вредност.

„Без слобода човекот едвај може да се нарече човек.“

 

Од сето ова што го кажувате и од начинот на кој го кажувате сето тоа кога говорите за слободата, препознавам дека имате силна мотивација да продолжите со вашиот став, со вашите активности во врска со одбраната на слободата. Што ве движи во таа насока?

Ме движи поддршката. Прво ме движи поддршката од моите колешки и колеги. Ме движи поддршката која ја чувствувам и ја гледам од самиот овој наш разговор, од вашата покана да разговарате со мене и да направите интервју кое ќе го објавите на вашата медиумска платформа, што е максимална поддршка.

Моето соопштение, мојот јавен став кој го објавив пред да излезе соопштение од ЦИВИЛ, моите колешки и колеги самите се ставиа под тоа, уште едно, уште пожестоко оопштение од моето, го објави и Либертас и неколку други, десетина петнаесет други медиуми, Центар и така натаму. Тоа сѐ е поддршка и тоа ме движи напред.

Кога објавив дека ми се случува ова и дека ова што ми се случува не е само удар врз мене, туку врз сите мои колешки и колеги, врз сите медиуми и, како што вие добро дефиниравте, тоа е удар врз целата слобода и демократија во нашата земја, во рок од, би рекол минути, можеби, неколку десетици минути веќе беа формулирани одговори на најголемото германско здружение на новинари со дваесет и седум илјади членови.

Претседателот на тоа здружение излезе во јавноста со силна осуда и со силна и со силни изрази на поддршка.

Понатаму, Медија Дајалог, голема организација со мрежа од организации не само во Германија, туку во дваесетина земји низ Европа, вклучително и Украина и Белорусија, кои се борат против војната и против диктатурата во Белорусија, против диктатурата на Лукашенко. Излегоа неколку минути пред германското здружение на новинари.

Во моментот додека ние го, го разговараме, додека го правите овој интервју, се организира вонреден состанок во Зудост Европа Гезелшафт. Тоа е германска, голема германска асоцијација посветена на југоисточна Европа, од која ја добив нивната годишна награда минатата за 2024. Се собираат за да формулираат став во врска со ова.

Понатаму, Европската федерација на новинари во моментов обработува податоци од повеќе места низ Европа, кои реагираа на ова.

Исто така дојде поддршка и солидарност од Сединетите Американски Држави, кои исто така во овој момент имаат сериозни предизвици, меѓутоа најдоа време да погледнат во мојот случај и да кажат дека ова е неприфатливо.

Од Велика Британија дојде поддршка, директна во директни пораки и исто така со коментари на социјалните мрежи.

Тоа сето заедно, се разбира, е причина зошто јас се чувствувам силно, одговорно, повикано да продолжам вака, меѓутоа уште повеќе.

Сум загрижен и сметам дека треба да продолжам вака заради идните генерации, заради нашите деца и внуци. Најискрено, затоа што ако јас завршам добра работа тие ќе живеат малку подобро.

„Наместо со санирање на ПР штетите, во Кочани треба да се заштитат човековите права поврзано со правото на здравје.“

 

Она што се обидуваме да го правиме сите овие години и децении наназад, и да, ако останеме уште малце на темата на слободата која е апсолутно, исклучително во суштината на овие прашања за кои разговараме денеска.

Кога  се основаше ЦИВИЛ, во името на оргамизацијата беше додадено –  Центар за слобода. Самото тоа говореше, говори и осведочува низ сите овие две и пол децении за што се залага.

Ми се чини, минатата година ЦИВИЛ Центар за слобода прослави дваесет и пет години од својата дејност. Тоа говори колку е голема вашата посветеност на ова прашање.

Оттаму, мислам дека нема подобра адреса, иако, се разбира, има и други граѓански организации, институти за човекови права и така натаму, но Цивил – Центар за слобода е апсолутно местото на кое можам да го поставам прашањето: Каква е состојбата со човековите права во Македонија, денеска?

Дваесет и пет години се доволен период да се согледаат состојбите и во една подолга временска рамка и сметам дека во овој момент состојбата на човековите права и слободи во земјата се приближува кон фаза од која ќе станува сѐ полошо.

Во овој момент состојбите се такви што не изгледаат лошо однадвор. Ако сте истражувач, новинар или дипломат, политичар кој доаѓа однадвор, ќе да забележите сè уште критични точки.

Ева оваа со пресудата против мене е една од тие критични точки, така ја препознаваат, аа, однадвор.

Меѓутоа не се доволно собрани сите критични точки. Но, со голема брзина одиме кон тоа да кажеме дека е критична состојбата на човековите права и слободи во Македонија. Зошто?

Заради тоа што вие жестоко ги кршите човековите права на граѓанките и граѓаните на Кочани, на пример, со тој цинизам, со таа операција на санирање на ПИ-АР штетите, наместо да се зафатат со вистинска работа за таа ужасна трагедија која сите не погоди и ќе остане со нас уште долги години, можеби до крај.

Затоа што игнорирате исполнување нечие човеково право, во случајв поврзано со правото на здравје. Да не зборуваме за правото на безбедност, сигурност и така натаму.

Вие исто така жестоко ги кршите човековите прав ако имате, ако сте дел од институција и водите институција, која била задолжена да се грижи за безбедноста, а потоа и за здравјето и за санирањето на ужасните трагични последици. Вие не го правите тоа, туку се занимавате со ПИАР.

Тоа на почетокот изгледа на еден начин, но кога ќе се продлабочи проблемот ќе видите како всушност се работи за жестоко кршење на човековите права.

Да не зборуваме за кршењето на човековите права на помалите етнички заедници. Да не зборуваме за кршењето на човековите права на жените, на сексуалните малцинства, односно, на лицата со поинаква сексуална ориентација ЛГБТКју и така натака.

Правата на децата на нормално школување затоа што им го давате тој отпад од образовна материја секој ден и секој ден обликувате идни граѓанки и граѓани кои ќе бидат подложни на вашата манипулација, на вашето лошо владеење.

Пак ќе кажам, однадвор сè уште не изгледа критично, меѓутоа, веќе се препознаваат симптомите дека ние многу забрзано одиме кон состојба на човековите права и слободи во земјата која ќе биде оценета како критична. И владеењето ќе биде оценето како авторитарно и владеењето на правото ќе биде оценето како на многу ниски гранки. Сето тоа заедно ќе придонесе кон тешка состојба на човековите права и слободи во земјата.

Една работа е дипломатијата кога ќе ве погалат со некој еуфемизам и сето тоа, меѓутоа, дури и таму, ако читате меѓуредови, се гледа осуда и критика.

„Дезинформациите се оружје од кое се гине.“

 

Да се префрлиме сега на една друга тема која е секако поврзана повторно со слободата. Затоа што ако зборуваме за дезинформациите, всушност зборуваме за прекршување на слободата на човекот да прима соодветни објективни и релевантни информации од било која област.

Цивил, и вие исто така како активист и како новинар, подолго време се занимавате со прашањето на дезинформациите, со особен акцент на периодот откога почна војната во Украина, кога се посветивте максимално на тоа да ги известувате и да ги предупредувате граѓаните во Македонија за војната со информации што доаѓаат од Москва или од Кремљ, а поврзани со она што се случува на теренот во Украина.

Што е тоа што Македонија ја прави толку подложна на овие странски влијанија, и не само на странски, на странските влијанијa потпомогнати од некои домашни центри?

Впрочем, имаме повеќе области кои ги покриваме во доменот на борбата против дезинформациите, лажните наративи, говорот на омразата и други хибридни облици на закани, за кои за жал беше воспоставена една стратегија своевремено.

Ние ги следиме сите тие појави во повеќе различни области, пред сѐ тоа што вие го опишавте како хибридно влијание и хибридни операции од Москва во земјата, но и од домашни центри кои генерираат дезинформации и пропагандни наративи со цел да добијат некаква корист од тоа.

Дезинформациите се оружје од кое се гине, буквално се гине. Не е никаква поезија ова, не е никаква метафора или симбол. Дезинформациите се наменети за да убијат или за да онеспособат одреден човек или група или цела заедница, односно цела државна заедница.

Тие дезинформации ги креираат и домашни центри за своите потреби, ги креираат и надворешни центри, малигни центри кои сакаат да ја кутнат земјата на колена, да ги запрат стратешките процеси на земјата и стратешките национални интереси, да ги осуетат и да ги пренасочат од евроатлантските интеграции. Во случајов Атлантската интеграција е завршен процес, но сега е на ред европскиот процес, интеграцијата ЕУ, до демократизација, владеење на правото, транспарентност, антикорупциска, вистинската антикорупциска битка…

Меѓуетнички односи се исто така цел на хибридните напади…

Да, со тоа сдакав да завршим како еден од клучните столбови на безбедноста и сигурноста на една земја, на една демократска земја, каква што впрочем Македонија има потенцијал да биде.

А сите тие заедно некогаш работат во многу добра координација, извонредна, која меѓусебно се финансира и се помага. Се пласираат и знаења, ноу-хау, се инсталираат разни помали центри и се менува однесувањето на луѓето.

Тоа се долгорочни операции во кои ставовите, природата на размислувањето кај луѓето, кај поединците и групите се менува, постапно и инкрементално во за да се постигнат одредени цели во нивните стратешки определби, односно насоки.

Во таа смисла ние имаме многу сериозни инсталации овде кои тешко може да се совладаат бидејќи имаат многу пари. Исто така имаат и многу знаење и играат на картата на емотивност кај луѓето, на стравот, на примордијалните емоции кај луѓето. Страв за опстанок, страв за рожбата, страв за местото каде што живеете.

Сите тие стравови, основни стравови кај луѓето се многу лесна мета на дезинформацијски наративи. Особено ако тоа го искомбинирате со ниска политичка култура, со многу силно влијание и на други центри на моќ. Економски, културни и така натаму. Имате ситуација во која верските заедници се места во кои без никаков проблем продираат многу лесно.

Оние независни медиуми, каде што оваа борба се одвива и каде што на граѓанките и граѓанините се обидуваме да им помогнеме да дојдат до брзи вести, навремени, точни, проверени и така натаму.

За сето тоа треба повеќе пари, отколку да пласирате една обична глупост или лага. Од друга страна средствата, финансиите за овие професионални структури се сѐ помали или се приближни на нула. И борбата е нерамна,  Давид и Голијат.

„Глобално ние сега ја браниме демократијата. Не ја промовираме, не ја унапредуваме, туку сме во нејзина одбрана.“

 

Дали од сè тоа што го кажувате можам да заклучам дека оваа војна практично нема крај? Дали може да прифатиме дека таа ќе биде постојана  борба во која ние секогаш треба да бидеме подготвени зашто од другата страна се, како во криминалните приказни, криминалци кои се секогаш покреативни во правењето криминал, на кои ние, од другата страна, треба да имаме одговори на тие прашања. Каква е вашата оценка во однос на ова и со тоа би го завршиле интервјуто.

Ако можам да направам една кратка паралела, знам дека точно ќе ја разберете алузијата, особено ако имаме предвид дека не знам колку генерации  студенти и слушатели поминале пред вас како предавач во значајни институции, а ние како организација сме организатори на минатогодишната меѓународна конференција за одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам.

Една од четирите многу важни теми кои ги покривме во дневната конференција беше токму ова што вие го зборувате, што исто така и ваша специјалност лично.

Ние заедно со поранешниот британски парламентарец господинот Роџер Касале, лидер на Новите Европјани и доктор Волфганг Ресман, лидер на Медија Дајалог, со помош на неколку други, Гудрун Штајнмајер, поранешната амбасадорка, Хедер Робертсон од Универзитетот Вирџинија и така натаму, има многу повеќе, ја формиравме „Глобалната иницијатива за одбрана на демократиjата“.

На крајот од тој состанок јас бев на некој начин тажен и резигниран. И во разговорот некако одеднаш ми падна тонусот. Некако почав да размислувам на друг начин, бидејќи веќе го одредивме и името врз основа на конференцијата и сето тоа.

Кога ме запрашаа за причината зошто е тоа така, јас реков, се доведовме во ситуација да наречеме еден ентитет, нов – Одбрана, да го вклучиме зборот одбрана во него.

Не промоција, не унапредување, не прогрес…, туку – Одбрана.

Го ставивме зборот одбрана во името на оваа глобална иницијатива: Одбрана на демократиjата.

Значи ние сега на глобално ниво не афирмираме, не промовираме, не едуцираме, браниме демократиjата. И ова е сигнал дека, да, ние мораме да работиме токму на тоа, да ги одбраниме демократските вредности, да ги одбраниме човековите права, да ги одбраниме слободите на луѓето, да го одбраниме нивното право на постоење, на живот, на идентитет.

И сето тоа да го направиме на начин што ќе се обратиме преку целата палета, преку целиот спектрум, политички, идеолошки и граѓански. Зошто?

Заради тоа што вие кај републиканците во Америка имате умирени републиканци кои се ужаснати од практиките на МАГА. И во нашата земја, во Македонија имате луѓе кои се ветерани во ВМРО ДПМНЕ, кои веќе сега се одважија да зборуваат за лошите практики и за лошото владеење на господинот Мицоски и неговата екипа.

Значи, обединување врз основа на некои основни вредности кои се демократски и кои ги почитуваат основните фундаменталните човекови права и слободи.

Тоа е нашиот императив сега и токму тоа стои и во основата на дејствувањето и на одбрана на демократиjата, Глобалната иницијатива и на ЦИВИЛ како организација.

Заради тоа мислам дека нашите несогласувања околу тоа колку ангели можат да танцуваат на врвот на една игла, треба да ги заборавиме барем во догледно време, и да знаеме дека има ангели. Меѓутоа, врвот на иглата може да го повреди стапалото на тие ангели.

И заради тоа треба да се обидеме да разговараме многу поискрено, многу потопло, многу човечки и да бидеме солидарни.

Заради тоа ќе ви кажам, ако новинарките и новинарите кои во овој момент го игнорираат тоа низ кое поминува ЦИВИЛ и низ кое можеб утре ќе вие, како што сте поминале своевремено, и ако дојдат да се пожалат за мобинг, дискриминација, притисоци или закани, нема да им кажеме: „Ааа, ти кога молчеше за мене?“. Не, не, не. Тоа нема да се случи, не се случило и нема да се случи. Ќе бидеме сите заедно за да ја одбраниме демократиjата.

Извор и фото: racin.mk

   

Најново

Samsung постави рекорд во производството на телефони, глобалното производство се намалува

Sase Ivanovski

Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Со каков договор ДУИ наредија бришење на дијаспората од пописот?

Sase Ivanovski

ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“ од страна на власта

Sase Ivanovski

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Sase Ivanovski

ИДФ им нареди на Палестинците евакуации во северна Газа

Sase Ivanovski

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Sase Ivanovski

Царината заплени дрон, цигари, фалсификувана стока

Sase Ivanovski

(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: Полицијата спаси четири лица на кои им се скршила едрилицата

Sase Ivanovski

Како „Јуроњуз“ ја цензурираше приказната на Синиша Мали за КРИК

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВИДОВДАН ПРОСЛАВЕН НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Sase Ivanovski

ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ШЕФОТ НА ФЕДЕРАЛНИТЕ РЕЗЕРВИ НА САД

Sase Ivanovski

СРПСКИ ПОРТАЛ ГИ ЛАЖЕ СРПСКИТЕ ТУРИСТИ НА ПАТ ЗА ГРЦИЈА ДА ВОЗАТ ЗА МАКЕДОНСКИ БРОД

Sase Ivanovski

СДК: ВАКВИ НЕ ПРИМАМ ВО КОЛА, МУ РЕКОЛ СКОПСКИ ТАКСИСТ НА ЛИЦЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ОДБИЛ ДА ГО ВОЗИ

Sase Ivanovski

БРАВО ДЕЦА, ИМА ИДНИНА ОВАА ДРЖАВА

Sase Ivanovski

Трагедија во Дебарско Езеро – удавена жена кај градската плажа

Sase Ivanovski

Британските власти запленија 2,4 тони кокаин вреден 96 милиони фунти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРИТИКИ ЗА ИЗРАЕЛ И САД НА КОНЦЕРТОТ НА МАСИВ АТАК ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

ОВА НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕ БИЛО ДОБРА ВЕСТ Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЗАГИНАА ТАТКО И СИН: Страшна семејна трагедија попладнево кај Солун – возач на камион од Македонија е уапсен!

Sase Ivanovski

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Sase Ivanovski

Жестоки судири во Белград во текот на ноќта: „Ова е крајот на предавничката влада“ Вучиќ ќе има обраќање до нацијата

Sase Ivanovski

НЕ МУ ДАДОА ДА СЕ ВЕНЧА ВО СРЦЕТО НА ВЕНЕЦИЈА Безос се соочи со бунт и притисоци, па ја промени локацијата

Sase Ivanovski

СЕПАК СМЕ БРАЌА: Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата

Sase Ivanovski

Лажно е видеото со Џамбазов во инвалидска количка, обвинет за напад и уапсен

Sase Ivanovski

Најмалку 56 загинати во новите израелски напади низ Газа

Sase Ivanovski

Приведени возачи од Делчево и Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Во израелскиот напад врз затворот Евин во главниот град на Иран, Техеран, што беше извршен на 23 јуни, беа убиени 71 лице, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за правда, Асгар Џахангир

Sase Ivanovski

Киселова: Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија во каква било форма

Sase Ivanovski

Почина Ребека Дел Рио, вокалистка со ангелски глас и таинствена присутност, засекогаш врежана во колективната меморија преку нејзиниот незаборавен настап во култниот филм Mulholland Drive на Дејвид Линч

Sase Ivanovski

Идентитетот не се стекнува, а ниту се губи во европскиот парламент

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев на заокружување на обуката „Истрага на местото на настанот“, насочена кон унапредување на истражните капацитети на полициските сили на нашата земја

Sase Ivanovski

СДСМ: После една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена и меѓународно заглавена

Sase Ivanovski

ГОРАН СДК: Точно е дека Данела е најлош градоначалник на Скопје во историјата, но точно е и дека во Чаир има криминал, зошто се чека со реакција на институциите?!

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЦЕНТАР: Профит коалицијата ДПМНЕ и ЗНАМ оркестрирано ја почнаа кампањата против Герасимовски, сметката ќе ви ја испорачаат граѓаните на изборниот ден

Sase Ivanovski

Жештините во светот стануваат неподносливи, а летото штотуку започна. Што велат научниците

Sase Ivanovski

(Видео) Српската полиција употреби солзавец и водени топови за да растера демонстранти во центарот на Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Приведени 17 лица на Видовден во Косово: Косовската полиција и Српската листа со спротивставени ставови

Sase Ivanovski

Земјотрес утрово со епицентар во Валандово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СРПСКАТА КАТИЦА ЈАНЕВА Е ПОЛУДА И ОД НАШИОТ БОКИ 13-КА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја

Sase Ivanovski

Индија демантира дека е вмешана во самоубиствениот напад во Пакистан, во кој беа убиени 13 војници

Sase Ivanovski

Огласот за избор на апелациски судии траеше недозволено долго, признава претседателот на Судскиот совет

Sase Ivanovski

Вучиќ прогласи победа над студентите откако полицијата ги растера со солзавец

Sase Ivanovski

Сирски: Се спроведува нов руски напад врз Костјантинивка, клучен град на источниот фронт на Украина

Sase Ivanovski

Според Путин иднината е во развој на Арктикот

Sase Ivanovski

Анархични тела или Филозофија на ранливост

Sase Ivanovski

Додека во Србија се протестира Вучиќ игра шах

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на загинати во свлечиштето во северозападна Колумбија

Sase Ivanovski

ФАКТОР: Која е македонската акција со највисока цена на сите времиња? Верувале или не, за една акција треба да се платат 622.330 евра!!!

Sase Ivanovski

„НЕ МИ ГО ПУШТАЈТЕ ПРЕКУ МЕДИУМИ, ОНА ‘ЏУЏЕТО’ ОД КИЧЕВО“: Жерновски тврди дека го предупредуваат да седи на страна и да молчи

Sase Ivanovski

Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи 

Sase Ivanovski

Не може да се скенираат сметки по вчерашното невреме

Sase Ivanovski

Продолжен рокот за понуди за финансирање на проектот со брзата железница, досега не е пристигната ниту една

Sase Ivanovski

Ќе има ново зголемување на пензиите, ќе биде процентуално

Sase Ivanovski

Директорот Јанев на планинарски марш во СВР Тетово: Службата не е само униформа – таа е братство, посветеност и заедничка сила

Sase Ivanovski

РАДЕВ JA ИСКАРА БУГАРСКАТА ВЛАДА: Вели дека тој не дозволил легитимирање на македонизмот

Sase Ivanovski

Скопје без ниту една дискотека што ќе работи летово

Sase Ivanovski

Данела Арсовска: Диви приклучоци на „Пластичарска“, единствено постапија од ЕВН и „Водовод и канализација“

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“ преполна на Видовден – Ќаците ги гаѓаа со шишиња и јајца

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМЕША МАРКО РУБИО СО ЏЕЈ ДИ ВЕНС И ГО НАРЕЧЕ ДИЏЕЈ ВЕНС НА САМИТОТ НА НАТО

Sase Ivanovski

ДАЛИ ИМА ОСНОВА ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОПИСОТ? Мицкоски предлага електронски попис

Sase Ivanovski

БДП ПОРАСНА ЗА 3,2%, ДЕФИЦИТОТ СЕ НАМАЛИ ЗА 4%, ИНФЛАЦИЈАТА Е 3% Економијата се стабилизира, Македонија е 4-та земја во Европа според растот на БДП

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЌЕ УПАТИ НА РАЗУМ ВО СТРАЗБУР ПРОТИВ „МОДЕРНИОТ“ АМАНДМАН Не е мала работа што ЕУ разбра што прави Бугарија, смета Муцунски

Sase Ivanovski

„МЕ ИЗОЛИРАА И МИ ВРШЕА ПРИТИСОК ДА ПОТПИШАМ“ Мбапе го тужи ПСЖ за психолошко малтретирање

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството и загрозувањето на националните обележја, прошка од народот нема да има

Sase Ivanovski

СПАС ЗА ГЛАДНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ГАЗА Поделени над 33.000 пакети со храна

Sase Ivanovski

ЖЕНА ПОД ИСТРАГА ЗА ПЕКОЛОТ НА ХИОС Пожарите пустошат села, туристите и жителите во паника

Sase Ivanovski

ТРАМП ОД ИЗРАЕЛ БАРА АМНЕСТИЈА ЗА „БИБИ“ Вели дека Нетанјаху направил многу за својата држава

Sase Ivanovski

„ПРАЈД НЕ НИ ТРЕБА, НИ ТРЕБА СТРУЈА“ Орбан ѝ порача на Фон дер Лајен да не вмешува прсти во внатрешната политика на Унгарија

Sase Ivanovski

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ СРЦЕВ УДАР Водич што може да ви го спаси животот

Sase Ivanovski

УАПСЕН ФИТО, ЕКВАДОРСКИОТ „БОГ НА ПОДЗЕМЈЕТО“ Се криел под мијалник во кујна

Sase Ivanovski

На средба со Шолц во Берлин Филипче се заблагодари за поддршката од Германија за македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

ФЕНОМЕНОТ „ТОПЛИНСКА КУПОЛА“ ЈА ЗАФАТИ ЕВРОПА Денеска е во Франција, а утре посилен ќе ги зафати Италија, Шпанија и Португалија

Sase Ivanovski

ПРИВЕДЕН Е ЕКС-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВОЕНИОТ СИНДИКАТ НА СРБИЈА Планирал насилна смена на уставниот поредок

Sase Ivanovski

Трамп вели дека не сака промена на режимот во Иран

Sase Ivanovski

КИНА ГИ ПРЕТСТАВИ НАЈНОВИТЕ НАНОДРОНОВИ СО ГОЛЕМИНА НА КОМАРЕЦ Не се гледаат со голо око, снимаат и на далечина над 10 километри

Sase Ivanovski

ОПАСНАТА ВИОЛЕТОВА МЕДУЗА СЕ ПОЈАВИ ВО ГРЦИЈА Македонците предупредени да бидат внимателни на грчките плажи

Sase Ivanovski

ВОДАМ ВОЈНА, НЕ МОЖАМ НА СУД Нетанјаху со ново барање одложување на судењето за скандалот со корупција

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ КОНЕЧНО ЌЕ СТАНЕ НЕЗАВИСЕН, ОДГОВОРЕН И ТРАНСПАРЕНТЕН Реформскиот закон влезе во владина процедура со добра оценка од Венецијанската комисија

Sase Ivanovski
Вчитувам....