25.8 C
Скопје
16/06/2025 20:55
МАКТЕЛ

   

Десет совети за одличен брак според Фридрих Ниче

      

Според германскиот филозоф, пријателството е највисок облик на љубов. Иако бил скептичен околу тоа колкумина се доволно силни за воспоставување и одржување ваква висока форма на меѓучовечки однос, Ниче го сметал за суштински елемент на добриот брак. Сексот создава компликации затоа што врската базирана на романтични чувства тешко дека може да издржи доживотно. Тоа што самиот не бил женет не му го земајте за минус.

Врз основа на големиот број афоризми во врска со пријателството, бракот, сексот и моќта на Ниче (оние кои навистина можат да се најдат во неговите дела, а не оние лажните кои кружат онлајн), статија објавена во Индо-пацифичкото списание за феноменологија, се обидува да сумира што мислел филозофот во врска со институцијата „брак“ и околу тоа дали има креативни начини за тој да претставува поуспешна меѓучовечка врска. Иако денес голем дел од неговите идеи делуваат политички некоректно, во сето тоа има и корисни совети. Всушност, самиот тој пророчки забележал дека светот нема да биде подготвен за нив до „некаде околу 2000-тата година“.

   

Не влегувај во брак поради љубов (земи се со некој грд, но со кој имаш муабет)
Пред да се закаже кај матичар, Ниче советува човек да си го постави прашањето: „Дали мислиш дека ќе уживаш разговарајќи со овој човек и на старост? Сè во бракот е минливо, но голем дел од вашето време ќе биде поминато во разговор“. Оттаму, да се биде заинтересиран еден за друг е бескрајно поважно за успехот на врската отколку физичката привлечност. Многу години пред комедијата „Кога Хари ја сретна Сели“ Ниче промовирал став според кој за да се задржи пријателство помеѓу маж и жена е потребна „мала физичка антипатија“.

Правете супер-бебиња
Кога луѓето се земаат (и се репродуцираат) од љубов, природната селекција е базирана на случајност. Човештвото е способно за прекрасни нешта, но поединците самите се ограничуваат затоа што се занесуваат со романтични идеи за бракот. Всушност најголемиот интерес на поединецот би требало да биде да се ожени не за љубов, туку за да создаде силно, здраво и добро образовано потомство. На овој начин, преку внимателно бирање на репродуктивните партнери, се градат цивилизации и еволуира човештвото. „Репродуцирајте се не само нанапред (во времето), туку и нагоре“, вели тој во Заратустра.

Никогаш не ветувај вечна љубов
Ако романтичната љубов е ефемерна, тогаш ветувањето дека засекогаш ќе сакаш некого е апсурдно и чиста лага. Љубовта која трае доживотно е исклучок, не правило. Таа е чувство, чувствата се неволни и оттаму не може да се направи ветување врз основа на нешто што човек не може да го контролира.

Она што сепак може да се вети се дејства. Во брачните завети може да се вклучи нешто како „Сè додека те сакам ќе ти пружам дејства согласно таа љубов; но ако престанам да те сакам ќе продолжам да го правам истото, иако од други мотиви“. Ова нема да биде измама, бидејќи ветуваме да дејствуваме како да сме се уште заљубени, а не го ветуваме самото чувство (просто затоа што тоа не е во нашата моќ да го контролираме).

Обидете се со сериска моногамија
За да се одбегне проблемот на привремената природа на романтичната љубов, зошто луѓето однапред да не се согласат на краткотрајни бракови? Самиот Ниче во еден момент ја разгледувал опцијата за двегодишен брак за себе. Вака го опишал тоа во „Весела наука“:„Ние сме два брода, секој со своите цели и патека; може да се допреме и да го прославиме тоа заедно – тогаш добрите бродови тивко се закотвени во едно пристаниште и под едно сонце, па може да изгледа како веќе да го имаат завршено патувањето и дека имаат иста цел. Но тогаш божествената сила на нашите проекти повторно ќе нè раздели, во различни мориња и сончеви зони“.Овие краткотрајни но длабоки врски тој ги нарекува „ѕвездени пријателства“ и иако некои од неговите не поминале баш најдобро, тој сепак ги слави и верува во нив. Применувањето на истиот концепт кога е во прашање романтичната љубов носи ризик не само затоа што љубовното чувство може да исчезне, туку и затоа што луѓето со текот на времето се менуваат.

Шарај малку на страна (важи само за мажи)
Дали може една жена да биде добра сопруга, пријател, помошник, мајка и домаќинка? Ниче смета дека сите овие улоги и очекувања прават голем притисок врз жената. Што е многу, многу е, вели тој, но решението според него не е таа да биде ослободена од готвење, перење, раѓање, чистење, туку од сексуалниот дел (бидејќи не се ни зела со мажот поради тоа). Тој промовира конкубинат, односно некоја друга да ја игра улогата на задоволувач на страстите на сопругот. За сопругата не сугерира вакво решение, бидејќи според него таа не е сексуален „ѕвер“ како мажот и нема потреба од задоволување на такви пориви.

Дозволете му да се мачи
Оставањето мажот по малку и да страда, со тоа што нема да му се удоволува баш сè, го прави да се чувствува помажествен и оттаму и подобар сопруг. „Мора да бидеш подготвен да изгориш во сопствениот пламен – како инаку би можел да станеш нов ако најпрвин не станеш пепел?“. Како и пораѓањето, големите креации и достигнувања се мачни – сè поврзано со раст и со иднина вклучува болка. Неговата најславна максима, „Она што не ме убива, ме прави посилен“ е нешто во што длабоко верувал. И повторно изгледа се однесува само на мажите.

   

Најново

Руски генерал предупредува : Во тек е трета светска војна, Русија веднаш треба да мобилизира милион луѓе

Sase Ivanovski

Во Хрватска има недостиг од 284 матични доктори, повеќе од сто гинеколози и педијатри

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Трамп: Ако Русија не беше исклучена од Г7, немаше да има војна во Украина

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана Кац го ублажува тонот: Израел нема намера да им наштети на жителите на Техеран

Sase Ivanovski

Трамп нуди „последна шанса“ за договор со Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – ЕУ која ќе потроши 150 милијарди евра за вооружување – ќе земе ли нешто Македонија?

Sase Ivanovski

Камион со 250 милиони пчели се преврте во САД

Sase Ivanovski

Болката од трагедиите не познава граници – Кочани и Гетеборг обединети во солидарноста

Sase Ivanovski

Почеток на нова ера: Гигантот „МАН“ сега прави електрични камиони, на иста лента со „дизелашите“

Sase Ivanovski

Русите тврдат дека уништиле украински штаб со Искандер

Sase Ivanovski

Трамповата деловна организација ја лансираше својата мрежа за мобилна телефонија „Трамп Мобајл“

Sase Ivanovski

Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе побара од ЕУ да го одложи гласањето за следниот пакет санкции против Русија

Sase Ivanovski

Иранскиот министер за надворешни работи вели дека САД би можеле да ги спречат нападите врз Израел со „еден телефонски повик“

Sase Ivanovski

Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

Sase Ivanovski

Партиски извори на порталот PressOnline.al потврдуваат дека Арбен Таравари веќе остварил средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и постигнал договор за соработка за претстојните локални избори

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Нема да има контрамитинг на Видовден

Sase Ivanovski

Одбележани 82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Sase Ivanovski

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Sase Ivanovski

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Sase Ivanovski

Радев: Бугарија никогаш не поставила и не нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи

Sase Ivanovski

Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности

Sase Ivanovski

Република Српска не го прифаќа британскиот план за центри за мигранти

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Израел го проби обрачот – сега целите во Техеран се на дофат, вели Нетанјаху

Sase Ivanovski

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО РАШИД БИН САИД АЛ-ХАЈАРИН,  В. Д. АМБАСАДОР НА КАТАР

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ИМА ДВЕ ЦЕЛИ ВО ИРАН Нетанјаху ги замолува жителите на Техеран да го напуштат градот

Sase Ivanovski

„ВИЕ ПРОТЕСТ, НИЕ КОНТРА-ПРОТЕСТ“ Вучиќ закажа голем митинг за истиот ден кога студентите најавија голем собир

Sase Ivanovski

ЈА УДРИЛА СТРУЈА ДОДЕКА ГО ЧИСТЕЛА ДВОРОТ Жена од Матејче без свет донесена во кумановската болница

Sase Ivanovski

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски Исток

Sase Ivanovski

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Sase Ivanovski

Божиновска: Ги финализираме законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Sase Ivanovski

Две години суспензија за грчки АЕК, парична казна за Алкалоид

Sase Ivanovski

Маж им подлегна на повредите во Солт Лејк Сити откако по грешка бил застрелан додека протестирал против политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

Sase Ivanovski

Над 96 отсто од увозните производи ни доаѓаат со камиони, можно ли е верижно поскапување на храната?

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата доделува 1.570 стипендии за дуално образование, Министерството за здравство најавува дигитализација и бесплатни скрининг прегледи, рекордна поддршка за самовработување

Sase Ivanovski

Нина угина на 19 години во ЗОО Скопје: Овој вид на мајмуни имаат 40-годишен животен век!

Sase Ivanovski

Иран одамна заслужи да биде бомбардиран, Израел има право да се брани

Sase Ivanovski

Израелската опозиција застана на страна на Нетанјаху

Sase Ivanovski

Ајатолахот умира, се подготвува наследник; Кој е навистина безмилосниот врховен водач на Иран, Али Хамнеи?

Sase Ivanovski

Иран бара од Трамп да ја скроти израелската офанзива, според „Волстрит журнал“

Sase Ivanovski

ГЕНИЈАЛЦИ, ОВА Е ПОПУЛИЗАМ ДО БЕСВЕСТ: Левица предлага работното време да се намали на шест часа дневно, а платите да останат исти

Sase Ivanovski

Израелскиот напад врз израелската државна телевизија остави неколку мртви

Sase Ivanovski

МВР тивко „крчка“ ганц-нов систем за пасоши и лични карти

Sase Ivanovski

Во Газа убиени најмалку 40 луѓе, половина од нив во близина на центарот за дистрибуција на хуманитарна помош

Sase Ivanovski

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА СО РАСПАЉОТКАТА: Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што јас имам докази. Неговата организирана банда ќе ја види и оној што не сака да ја гледа! На потег е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Sase Ivanovski

Информативни денови за Опеартивниот план за вработување во Велес и Неготино

Sase Ivanovski

При израелски напад погодена иранската државна телевизија

Sase Ivanovski

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ се поблиску до Олимписките игри во Лос Анџелес

Sase Ivanovski

Европскиот суд на ревизори ја започна мисијата во земјава со средба со МЕП Муртезани

Sase Ivanovski

МПЦ ОА и ИВЗ издаваат под кирија хотели ресторани станови и деловни простори но УЈП не ги оданочува?!

Sase Ivanovski

Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Муцунски: Осум македонски државјани од Израел ќе пристигнат во Скопје со авион на Владата

Sase Ivanovski

Лишени двајца возачи во Куманово затоа што управувале возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Полицаец пријавен за шпионажа – тајни од МВР завршиле во казино

Sase Ivanovski

Путин и Ердоган го осудија нападот на Израел врз Иран

Sase Ivanovski

Младата битолчанка која со нож ги избоде сопствените баба и дедо ќе одговара за обид за убиство

Sase Ivanovski

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските државјани од Израел, се чека на административни процедури

Sase Ivanovski

Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно в четврток

Sase Ivanovski

Левица: „Патриотите“ од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање Инспекторат за почитување на државните симболи

Sase Ivanovski

Израел повикува на евакуација во Техеран, најавува напад врз иранската државна телевизија

Sase Ivanovski

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме нуклеарните закани и балистичките ракети на Иран

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Заедно со ОН креираме нови можности за унапредување на соработката и поддршката на развојот на земјата

Sase Ivanovski

Стратегија или заблуда?

Sase Ivanovski

Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани

Sase Ivanovski

Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ за првпат во Скопје, во рамки на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХАОС ВО ИРАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА Жителите масовно го напуштаат Техеран по израелските напади

Sase Ivanovski

Од ЗОО Скопје потврдија дека е угината мајмунка, но демантираат дека била бремена

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: Изготвивме нов Царински закон

Sase Ivanovski

Аксиос: Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот на Г7

Sase Ivanovski

СЕ УРНАА ДВА БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА Едно лице загина, а десетина се повредени во страшната несреќа

Sase Ivanovski

ВОЗАЧ СО 2,57 ПРОМИЛИ УДРИ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО Приведен скопјанец во Аеродром, ќе одговара кривично

Sase Ivanovski

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување на горивата

Sase Ivanovski

Трипуновски до граѓаните: Бидете горди амбасадори на македонските земјоделски производи, така инвестирате во иднината на нашите села и нашите општини

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ: Заедно кон целта

Sase Ivanovski

ОД ОБИЧНИ МОМЧИЊА ДО ВЕЧНИ ХЕРОИ Одбележана 82-годишнина од стрелањето на 12 младинци од Ваташа

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Две години без Крешник

Sase Ivanovski
Вчитувам....