Македонија е стабилна земја со вредни работници. Нудиме флексибилност, одлична инфраструктура и квалификувана работна сила. Она што е уште поважно е што успеавме да ја промениме сликата од земја на евтина работна сила, во земја на добро платени работни места за нашите сограѓани. Па така не само што континуирано расте бројот на вработени во Зоните, туку и просечната нето плата веќе достигна над 1100 евра.
🇹🇷🤝🇲🇰 Турција прераснува во сериозен бизнис партнер на земјава, а само во #ТИРЗ во последниве три години имаме три нови турски компании кои инвестираат над 125 милиони евра и предвидуваат отворање на над 1200 нови работни места од кои дел веќе се реализираат.
Како директор на ТИРЗ, пред повеќе од 30 турски компании ги презентирав инвестициските можности во С.Македонија како и можностите за турските компании.
На настанот во организација на Стопанската комора на Бурса своите позитивни искуства од инвестирање во ТИРЗ ги споделија и менаџерите на Пурпласт, Мехмед Шишманоглу, како и Фарук Шахин, генерален менаџер на компанијата Шахтерм.Свое обраќање имаа и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски како и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.