Легендарниот кошаркар, Владе Дивац во текот на вчерашниот ден доживеа несреќа Црна Гора во која паднал од мотор и при тој пад се здобил со сериозни повреди. Порталот „Нова.рс“ сега открива и детали за состојбата на легендарниот Дивац. Во прв момент по несреќата, Дивац не можел да стане со што ги загрижил сите. Набрзо откако бил примен во болницата го оперирал колкот и состојбата брзо му се стабилизирала.
За среќа не се здобил со никакви други посериозни повреди што секако е олеснителна околност. Инаку, Дивац често пати во последните години времето во летниот период го минува во Црна Гора, а минатата година друштво му правеше и легендарниот Меџик Џонсон.