Дете е удрено со мотор на уличка зад Трговскиот центар „Скопјанка“ во Аеродром. Во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ на Фејсбук, каде што беше споделена информацијата, беше побарано токму оваа улица да биде соодветно означена со сообраќајни знаци и пешаки премин.
Граѓаните велат дека иако е еднонасочна, по улицата се вози во двата правци на одреден дел.– Оваа улица позади Т.Ц. Скопјанка која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секој дневно од тука идат и се вракаат ученици од О.У. „Браќа Миладиновци“ и е опасно за нив. Денес беше удрено дете од мотор, а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес – сподели жител од околните згради.