16.8 C
Скопје
17/05/2024 23:39
МАКТЕЛ

  

     

 

Децата се отуѓуваат од нас поради застарен систем – разведени бараат нов концепт на родителство

      

Станува збор за т.н. заедничко родителство или родителство 50:50, кое подразбира дека разведените родители имаат подеднакво право да ги гледаат и да учествуваат во животот на децата, освен ако нема оправдани причини едниот родител да биде оддалечен од детето/децата

   

Сегашното решение во Северна Македонија предвидува старателско право само за еден од родителите, додека другиот родител најчесто зависи од волјата и проценката на центрите за социјална работа и од односите со поранешниот партнер. Тоа би требало да се смени со првиот Граѓански законик, кој е во изработка

 

   

     

Средби кои траат едвај неколку минути, без разговор и без многу емоции… Но, за еден татко значат сè, бидејќи тоа е единствената шанса да се види со својот син. Еднаш неделно Бранко Брковиќ од Кавадарци патува за Скопје, каде во присуство на социјални работници, во посебно советувалиште, има право на едночасовна дружба со детето.

Значи, јас чекам во просторија да влезе син ми за да си играме, да се зближиме. Тој влегува во просторијата, само ‘добар ден’ и само што ќе го прашам ‘како си помина’ или ќе му речам ‘дојди сине да те видам’, тој ‘догледање’ и излегува надвор. И сега службеничките ја повикуваат мајката да го внесе детето назад, да го охрабри за средба. И чекаме таа да го внесе во просторија, после две минути кога ќе погледнеме во ходник нив ги нема“,

раскажува Бранко Брковиќ од Кавадарци.

Бранко Брковиќ

Ваква е ситуацијата последните две години, вели Брковиќ. Тој и неговата сопруга се разделиле пред седум и пол години, а детето кое тогаш било новороденче останало со мајката. Оттогаш таткото води битка со институциите, за што повеќе време да поминува со синот, кој според Брковиќ, речиси сосема се отуѓил од него, но не по негова вина.

Првото решение кое го добив беше да го гледам два часа месечно, значи два пати месечно по еден час, што е за мене смешно. Затоа што домашно милениче да имате дома, да ве гледа два саата во месецот, ниту ќе ве сака, ниту ќе ве запознае. Барав неколку пати промена на решението и добив повеќе решенија каде што ми се удоволи, значи се наголемија средбите, да го гледам по два и пол часа. Меѓутоа, не беа остварени, се створи еден вакуум простор кајшто таа не го носеше. Се вадеа различни изговори да не се одржат средбите – детето е болно, детето не сака или таа не била слободна… Битно беше да не се одржат средбите. Реагирав на тоа до центрите за социјални работи, меѓутоа тие ништо не преземаа“,

вели овој татко.

По бројни дописи и реакции до инстиуциите, Брковиќ успеал еден период да издејствува денови кога ќе може да го зема од градинка и да добие неколку часа на само со синот. Но, и тоа не траело долго.

Имаше еден период детето откако наполни три години, значи до три и пол години, тоа е пред да фати корона вирусот, онаа пандемијата, јас имав осум месеци прекрасни односи со детето. Значи, детето ме засака, едвај чекаше да го земам од градинка, да бидеме заедно.

Имавте ли право да шетате некаде низ Скопје?

Да, решението ми беше дека по пет часа на територија на Град Скопје можам да бидам насамо без присуство на мајката. Забележав дека секогаш кога е со мене детето е весело, сака да го носам во Зоолошка градина, на Водно, во Градски парк да си играме“,

вели Брковиќ.

А токму таму се направени и последните заеднички фотографии на Бранко со синот, пред речиси четири години. Од ковид-пандемијата до денес, единствените контакти им се оние во советувалиштето. Својата лична приказна тој често ја раскажува јавно , како пример, како не треба да се однесуваат родителите по разделба.

„Детето е скроз отуѓено, да не расправам, за мојот случај е издадена и книга, романот ‘Отуѓување’“,

порача тој.

Во присуство на професори, адвокати и психолози неодамна се одржа дебата за заедничко родителство иницирана од здружението „Наши“. Оваа организација, чиј член е и Брковиќ, бара измени на Законот за семејство.

Она што ние го предлагаме сега е да се престане со таа пракса на доделување дете на само еден родител, односно такво еднострано вршење на родителско право да биде можно само кога има сериозни индикации за тоа, односно цврсти докази дека едниот родител не е способен да го врши родителското право,“

вели Наум Рибароски, член на Здружението „Наши“.

Наум Рибароски, член на Здружение „Наши“

Рибароски вели дека имаат и предлог за целосно нов концепт на плаќање алиментација, кој би требало да ја смени досегашната пракса на неплаќање од секундарниот родител, најчесто таткото.

Во прв ред треба да се видат потребите на детето. Треба да се изготви табела за трошоци на детето која ги опфаќа основните износи на трошоците на детето што подразбира храна, школување, облекување, играчки и тн. Ние имаме изработено таква табела врз база на примерот од Хрватска и понатаму да се види колку заработува секој од родителите, не само едниот и колку време поминуваат со детето“,

додава Рибароски.

Предлозите веќе ги имаат споделено со правните експерти кои работат на првиот Граѓански законик во земјава, легислатива која треба да го собере и осовремени правото во повеќе области, вклучувајќи го и семејното. Во изработката учествува и професорот Дејан Мицковиќ од Правниот факултет при УКИМ во Скопје. Според него, неопходни се реформи во областа на семејното право. Постоечкиот закон не е менуван повеќе од 30 години и се смета за застарен.

Драматично порасна бројот на разведени бракови и тоа отвори многу сериозна дилема пред законодавците. Да кажеме, во 1995 г. во Македонија имало 710 разведени бракови, сега бројот на разведени бракови отиде над две илјади. Предлог на комисијата е и самиот термин родителско право да се промени. И да се нарекува родителска одговорност. Сметаме дека тој термин многу повеќе ја одразува суштината на односот меѓу родителот и детето. Застарен е концептот каде што родителот има само права, а детето се смета за некаков објект на заштита“,

објаснува професорот Дејан Мицковиќ од Правниот факултет при УКИМ.

Дејан Мицковиќ, професор на Правен факултет, УКИМ

Концептот на заедничко родителство е еден од моделите што се предвидени во Граѓанскиот законик кој е во изработка. Но, не е единствен и нема да се применува по автоматизам, вели Мицковиќ.

Дали ќе биде прифатен зависи од повеќе фактори. Пред се од желбата на родителите, од ставот на стручњаците, центрите за социјална работа, социолози, психолози, и се разбира од оценката на судот. А врвен приоритет мора да биде најдобриот интерес на детето и ние сега за разлика од сегашниот закон, го вградуваме најдобриот интерес на детето како основно начело на семејното законодавство“,

потенцира Мицковиќ.

Како би се спроведувал концептот на заедничко, односно 50-50 родителство, беше едно од прашањата на дискусијата. За дел од учесниците, овој концепт е неприменлив во пракса.

Убаво е тоа да кажеме компаративни примери какви имаме, еве во Холандија компаративниот пример е – домот не се менува, се менуваат родителите. Значи, детето си останува дома, а родителите се мeнуваат. Еве, бидете реални дали е тоа во Македонија изводливо. Прво, нашиот менталитет тоа не го дозволува, ќе се испоколат во најголем број од случаите. Второ, економски прилики немате кај нас како во Холандија да си го дозволите тоа. Не сум согласен од проста причина што тоа ќе доведе до често менување на животна, социјална, па и школска средина, а не се ретки случаите каде што имате родители кои живеат во различни градови,“

вели адвокатот Јанаки Митровски.

Дебата за заедничко родителство

50-50 родителство не е дека на детето ќе му се мери на штоперка колку време ќе поминува со едниот, колку со другиот родител, туку 50-50 родителство значи дека стартна позиција ќе биде во секој развод, двајцата родители да останат заеднички родители и старатели на детето, освен ако нема исклучително добра причина едниот од нив да се исклучи“,

порача претседателот на Здружението „Наши“, Сашо Панговски.

Најголем дел од учесниците во дебатата целосно беа согласни во една работа – да се намалат надлежностите на Центрите за социјални работи.

ЦСР не можат да носат одлуки кои што имаат големо значење и кои мора да бидат во надлежност на судовите. И тука исто ни е потребна институционалан реформа – да се зголеми бројот на судии кои работат предмети поврзани со брачни и семејни односи, да се обезбеди нивна специјализација бидејќи се работи за специфични спорови и конечно да го ставиме фокусот на она што е најбитно – а тоа се правата и интересите на децата. Ние сега на еднакво рамниште ставаме судење за меѓи, дали дрвото било кај едниот или кај другиот комшија и судење за суштински права на децата,“

вели Мицковиќ.

А како би требало во пракса да изгледа заедничкото родителство, сведочи Ивана Коцева. По разделбата со партнерот со кого имаат две деца, таа иако е од друг град, останала во Скопје. За доброто на децата, двајцата родители одлучиле физичката разделба да не значи и прекин на контактите.

„Живееме на многу мала раздалеченост, односно на километар раздалеченост, блиску до школото на децата. Така што, немаат промена во однос на средината на живеење, немаат промена во однос на училиштето, обврските, другарчињата. Гледаме колку е можно децата да не ја осетат таа промена во животот и се надевам успеваме во тоа“,

раскажува Ивана Коцева.

Ивана Коцева

Меѓусебните контакти со таткото се речиси на дневна основа и се поврзани најчесто со потребите на децата, раскажува Ивана. Бидејќи заедничкото родителство во земјава не е законски дефинирано, Центарот за социјални работи им издал решение во кое е предвидено таткото да ги гледа децата секој втор викенд и еднаш преку една недела.

Значи, мора да има еден примарен родител, така што децата ми се доверени мене, имаме решение за регулирање на контактите кое не е вака како што ние го практикуваме. Значи, ние генерално практикуваме една недела да бидат кај таткото, една кај мајката зашто така ни одговара и нам и на децата. Иако често правиме отстапки зависно од нашата ситуација, сите обврски,“

додава мајката.

На прашањето – што било пресудно да се одлучат за заедничко родителство, Коцева вели дека разделбата не била лесна на почетокот. И таа лично била од другата страна на приказната.

Јас сум дете на разведени родители и знам поминував низ тоа што моментално поминуваат моите деца. Многу добро знам како се чувсвтвуваат, знам дека имаат потреба од двајцата родители, знам дека двајцата ги сакаат и ценат подеднакво. Заради тоа не сакам да им го ускратам правото ни од едниот ни од другиот родител. Прво, потребата нивна да се задоволи, а потоа нивните желби, зашто и тие самите кажуваат дека сакаат да бидат со двајцата родители подеднакво

вели Коцева.

Дали концептот на заедничко родителство, кој е дел од работната верзија на Граѓанскиот законик, ќе стане една од опциите по развод, финално ќе зависи од пратениците во Собранието. А како би се применувал, ќе зависи од родителите и нивната одлука – дали по разводот двајцата ќе учествуваат во животот на децата или ќе ги користат како оружје за меѓусебна пресметка.

    

Најново

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Маринакис: Употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Sase Ivanovski

Осомничениот за атентатот на Фицо рекол дека е горд на тоа што го направил го подготвувал нападот неколку дена

Sase Ivanovski

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Sase Ivanovski

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Проблематизирање на спогодбата со Грција

Sase Ivanovski

Во име на „Македонија“: повторно распламтен стариот спор

Sase Ivanovski

Приведен бегалец: осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур на сесијата на Комитетот на министри на Совет на Европа

Sase Ivanovski

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Илијевски: Резолуцијата за Сребреница го става на испит македонско-српско пријателство

Sase Ivanovski

(ФОТО) Бејби Лазања ја одби наградата од 50.000 евра: Му предложи на Пленковиќ каде да ги донира парите

Sase Ivanovski

Мицкоски го повикува Мицотакис да го срушат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Истекнати права на гордост

Sase Ivanovski

Судската власт не е марионета , порачува Судскиот совет за најавите на Мицкоски за негово распуштање

Sase Ivanovski

Германската амбасада во Приштина смета дека последниот потег на косовската влада не го претставува тоа што го бараше Квинта

Sase Ivanovski

DynamicsMinds конференција собира повеќе од 1,000 учесници во Словенија

Sase Ivanovski

Претседателскиот мандат не е за нови внатрешни и регионални поделби и за изолација на земјата

Sase Ivanovski

Демократијата во опасност

Sase Ivanovski

Добро утро, Македонијо, првите 100 дена на реалност или фантазија?

Sase Ivanovski

Ѓузелов: Нереално е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи Договорот од Преспа и ќе го врати старото име

Sase Ivanovski

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Sase Ivanovski

Столе Димитриевски стана голман со најмногу настапи во историјата на Рајо

Sase Ivanovski

Мис Америка се откажа од титулата поради „менталното здравје“: Крунисана нова убавица на нејзино место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до пристаништето во Глифада

Sase Ivanovski
Вчитувам....