21.8 C
Скопје
08/05/2025 10:12
МАКТЕЛ

     

ДЗР: Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра

      

Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, покажува конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, што денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, се наведува во извештајот, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава.

Како што информираат од ДЗР, спроведената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современа медицинска опрема“ е со цел да се утврди степенот на искористеност и регионална достапност на услугите што ги обезбедува современата медицинска опрема, како и нивното влијание врз задоволување на потребите за здравствена заштита на населението. Со ревизијата била опфатенa современата медицинска опрема со најголема набавна вредност и со најизразена потреба и интерес за услугите со истата, како што се: компјутерска томографија (КТ), ангиографи, акцелератори, мамографија со томосинтеза и стереотакса, позитронско – емисиона томографија во комбинација со компјутерска томографија (ПЕТ/КТ) и апарат за роботска рехабилитација. Во ревизијата биле анализирани и политиките и преземените активности за набавка, ставање во употреба и користење на медицинската опрема во периодот од 2021 година до 2023 година, а одредени прашања и настани се опфатени пред и по овој временски опфат.

   

– Анализата на снабденоста со современа медицинска опрема по градови покажува дека во изминатите три години е постигнат напредок во обезбедувањето на регионална распределеност на новата опрема во јавното здравство, како и во зголемувањето на вкупниот број здравствени услуги, стои меѓу другото во извештајот. Во делот за снабденост со современа медицинска опрема во јавното здравство, се подвлекува дека дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи во доволна мера, главно поради недостиг на човечки ресурси и/или необезбедени просторни и други услови. Поради тоа, како што покажала ревизијата, за одредени услуги и натаму не е обезбедена соодветна регионална достапност и задоволување на потребите на населението за здравствена заштита. Во досегашниот период поставените стратешки цели биле реализирани делумно, а набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ) , било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите. Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација.

– Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети. Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема со вредност од 13 милиони евра и понатаму не е ставена во употреба. Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности, се посочува во ревизорскиот извештај од ДЗР. На ниво на држава во јавното здравство обезбедени се вкупно 9 линеарни акцелератори за 4 ЈЗУ со вкупна набавна вредност од 21,8 милиони евра за вршење радиотераписки услуги за пациенти со малигни заболувања. До денот на ревизијата 5 акцелератори не се ставени во употреба и тоа: 2 на Клиниката за радиотерапија и онкологија, 2 во Клиничките болници во Штип и Битола и 1 во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, иако 3 од нив се инсталирани пред повеќе години. Ревизорите во извештајот посочуваат дека иако се набавени акцелератори и за други ЈЗУ, сите услуги во периодот 2021–2023 година ги обезбедува единствено Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде се третираат над 2.300 пациенти годишно, односно просечно се вршат околу 200 зрачни третмани на ден. Централизацијата на услугата, се подвлекува, доведува до преоптовареност на установата и персоналот, што може да влијае на континуитетот и квалитетот на третманот на пациентите.

На ниво на држава 9 ЈЗУ располагаат со 18 ангиографи ставени во употреба со вкупна набавна вредност од 12,9 милиони евра, од кои 10 се набавени во периодот од 2021 до 2023 година. Иако бројот на извршени услуги со ангиограф се зголемил за 68% во 2023 година во споредба со 2021 година, утврден е незадоволителен степен на искористеност на дел од овие уреди, најчесто поради недостаток на стручен кадар и необезбедени просторни услови, како и поради отсуство на клинички патеки за вршење на овој вид услуги. Во периодот опфатен со ревизијата, во овие установи се извршени 32.238 услуги со ангиограф, од кои половината се изведуваат на терциерно ниво, што создава висока оптовареност на кадарот и апаратите, особено во Клиниката за кардиологија која располага со 4 ангиографи. Услугите од интервентна радиологија се вршат во само две ЈЗУ од кои 81% се извршени како итни и прегледи без термин и како сервисни и интерни услуги. – Процесот на закажување и евидентирање на услуги со ангиограф не е унифициран, а ЈЗУ не постапиле во целост по задолжението на Министерството за здравство за подобрување на системот за упатување и закажување преку Мој Термин, се наведува во извештајот. Во јавното здравство има 30 компјутерски томографи (КТ) уреди во 22 ЈЗУ, а во рамки на ревизијата се опфатени 11 ЈЗУ кои располагаат со 19 КТ уреди со вкупна набавна вредност од 14,5 милиони евра.

– Со извршената анализа на добиените податоци од ЈЗУ, регистарот на медицинска опрема и Мој Термин, утврдено е дека побарувачката за КТ услуги е во постојан пораст. За дел од ЈЗУ, КТ уредите се користат со полн капацитет, но половина од нив се целосно амортизирани, што води до зголемени трошоци за одржување и чести дефекти, како што е случајот со КТ уредот во болницата во Струмица кој не функционираше речиси цела 2024 година, стои во објавениот конечен ревизорски извештај од ДЗР. Дополнително, новите КТ уреди, набавени за обезбедување на подобра територијална распределеност на услугите, не секогаш се користат согласно капацитетот, а 2 КТ уреди во болниците во Тетово и Кочани не се ставени во употреба поради технички и кадровски проблеми. Се истакнува состојбата на користење на КТ уредите за итни и приоритетни услуги, што создава дополнителен притисок врз капацитетите и го зголемува ризикот од прекумерна изложеност на јонизирачко зрачење. Во поглед на објавувањето слободни термини за КТ услуги, само 3 од 22 ЈЗУ објавуваат број на термини кој е блиску до пропишаното, додека во 10 ЈЗУ термини се објавуваат значајно под пропишаните норми.

Во извештајот се наведува дека Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ) е единствен во државата каде се вршат современи дијагностички услуги за рано откривање на малигни заболувања, за што располага со Циклотрон за производство на радиоизотопи и ПЕТ/КТ скенер во вкупна вредност од 5,8 милиони евра. Во текот на тригодишниот период, реализирани се 6.457 снимања, со просек од околу 180 пациенти месечно. Снимањата се вршат со само еден ПЕТ/КТ скенер, со што не се користат целосно капацитетите на Циклотронот, кој може да произведе изотопи за поголем број снимања. Во текот на 2023 година, констатирале ревизорите, за потребите на јавното здравство за прв пат се набавени 4 мамографи со томосинтеза и стереотакса во вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Овие мамографи, се додава, се инсталирани во 4 ЈЗУ и истите во редовни термини се употребуваат само за примарната намена – дигитална мамографија, но не и за дополнителните функционалности, томосинтеза и стереотакса, кои се користат само при спроведување на националниот скрининг за рак на дојка. Утврдено е дека ваквата состојба се должи на потребата од набавка на дополнителна опрема, неутврдени референтни цени од Фондот за здравство и немањето на соодветно обучен персонал за овој вид услуги.

Во насока на унапредување на рехабилитациските здравствени услуги, во 2023 година набавен е апарат за роботска рехабилитација – локомат, во вредност од нешто помалку од еден милион евра, кој е инсталиран во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација. Станува збор за високо технолошки уред наменет за рехабилитација на долни екстремитети кај пациенти со невролошки и ортопедски нарушувања, кој се користи од 2024 година. Со ревизијата е утврдено дека постојат значајни разлики во евиденциите за извршените услуги помеѓу ЈЗУ, Мој Термин и Фондот, што има за ефект нереални податоци за услугите во Мој Термин, помалку прикажани услуги кон Фондот и ненаплатена партиципација од страна на ЈЗУ во износ од најмалку 247 илјади евра. – Ваквата состојба се должи на нецелосно евидентирање на услугите од страна на ЈЗУ во Мој Термин како единствен национален систем за евиденции во здравството. Во услови на невоспоставени листи на чекање за подолг период, отсуствуваат податоци за реалната побарувачка на услуги, а поради неусогласени евиденции за извршените услуги во ЈЗУ, Мој Термин и системот на Фондот, не може да се утврди ниту точниот број на извршени здравствени услуги, стои во извештајот од ДЗР.

Континуираното зголемување на побарувачката за здравствени услуги и новата медицинска опрема во ЈЗУ, се подвлекува, не е проследено со соодветно зголемување на бројот на здравствени работници, што резултира со преоптовареност на постојниот кадар и недоволна искористеност на опремата. И покрај зголемувањето на платите и вложувањата во едукација, бројот на специјалисти радиолози во ЈЗУ од 2021 до 2023 е намален од 88 на 79, а во Институтот за радиологија, од 30 на 23 специјалисти. Дополнително, заклучиле ревизорите, Регистарот на здравствени работници не се води ажурно, што го отежнува планирањето на човечки ресурси. Преку спогодби меѓу установи се обезбедува повремен ангажман на кадар, но овој пристап не гарантира непрекината здравствена заштита. Соочено со сериозен дефицит, Министерството за здравство започна активности за итно вработување на 600 приватни специјализанти до крајот на 2025 година, од кои 69 се радиолози, со цел да се обезбеди континуитет и одржливост во давањето на здравствените услуги. Иако ЈЗУ се обврзани континуирано да ја одржуваат медицинската опрема во исправна состојба и навремено да ги евидентираат дефектите во системот Мој Термин, ревизијата утврдила дека постои недоволна ажурност и различна практика во спроведувањето на овие обврски.

– Поради монополската позиција на овластените застапници за одржување и сервисирање за период од три години за дел од опремата трошоците се еквивалентни на вредноста на нова опрема од ист вид, како што е тоа случај со акцелераторите. Дел од КТ уредите и ангиографите, набавени пред повеќе од 10 години, често се расипуваат и не се во функција со месеци, па и со години, утврдиле ревизорите. Ревизијата меѓу другото констатирала потреба од подобрување на регулативата за доуредување на одредени прашања поврзани со користењето на медицинската опрема, како и зајакнување на капацитетите во институциите задолжени за следење и евидентирање на состојбата со опремата и за контрола и надзор. За надминување на наведените состојби, соопштија од ДЗР, дадени се препораки за преземање мерки од надлежните институции, со цел отстранување на причините за утврдените состојби, подобрување на искористеноста на медицинската опрема и зголемување на достапноста до здравствените услуги од страна на граѓаните.

  

Најново

Вработена на универзитет во Варшава убиена во напад со секира

Sase Ivanovski

Нова размена на оган меѓу Пакистан и Индија

Sase Ivanovski

Швајцарскиот франк наполни 175 години

Sase Ivanovski

Ирска: Двајца Бугари осудени на 10 години затвор за шверц на 300 килограми кокаин

Sase Ivanovski

Нема конкретен датум, Мицкоски планира во најскоро време да се сретне со родителите од Кочани

Sase Ivanovski

Украина се откажува од доларот, еврото станува нова референтна валута?

Sase Ivanovski

По Индија, во „фаза на брза војна“ влегува и Кина за да го нападне Тајван

Sase Ivanovski

Солун: Уапсени 28 членови на крајно десничарската организација заради грабежи и насилни дела

Sase Ivanovski

Ескалација на насилството во Кашмир: Артилериските напади одзедоа животи на цивили, бројот на жртви се зголемува

Sase Ivanovski

Страшна несреќа во Хрватска: Тројца загинати откако автомобил падна во река

Sase Ivanovski

Апасиев потврди дека е во Москва: Не сум во задњи ред кај Трамп, добив официјална покана

Sase Ivanovski

“Низ Бугарија, Турција до Азербејџан, низ Грузија, преку Каспиското Море” Вучиќ раскажа по кој пат стигнал во Русија

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Придонеси за државата, здравје ,,на приватно” – парадоксот на системот

Sase Ivanovski

Нова градинка по 50 години – Се отвараат вратите на „Пролет” во Центар

Sase Ivanovski

Николоски: Во финална фаза е тендерот за 120 електрични автобуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитров: „Чебрен“ е важен капитален проект, и би требало да го гради Македонија со сопствени пари

Sase Ivanovski

Паради по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа

Sase Ivanovski

Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија

Sase Ivanovski

ДУИ: Длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ВЛЕН во власта

Sase Ivanovski

Се очекува Трамп да објави рамка за трговски договор со Велика Британија, велат извори

Sase Ivanovski

СИТЕ 3.500 ПАЦИЕНТИ СО ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 ВО МАКЕДОНИЈА БАРААТ СИСТЕМ КАКО „ВЕШТАЧКИ ПАНКРЕАС“

Sase Ivanovski

Нови руски напади и покрај декларираното тридневно примирје од Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОД: Се проверува и дали податоците во системот за прием и системот за производство на енергија во ТЕЦ Неготино имаат исти податоци за количината на доставениот мазут од РКМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Работиме за првите линии на градскиот воз да бидат во функција пред новата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Вучиќ: Јас сум тука да се борам за мојот народ и за мојата земја

Sase Ivanovski

Конклавата продолжува и денеска, можни се четири круга гласање

Sase Ivanovski

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот сè уште важи од наша страна, Москва молчи

Sase Ivanovski

Кац ги предупредува Хутите: Ќе претрпите тешки удари ако продолжите да го напаѓате Израел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Неколкумина полицајци се онесвестија додека Мицкоски држеше говор за денот на полицијата

Sase Ivanovski

Црн чад од Сикстинската капела: Конклавата не избра папа при првото гласање

Sase Ivanovski

Пет работи што веројатно не ги знаете за познатиот затвор Алкатраз

Sase Ivanovski

Денко Малески: Да побрзаме – Единството на ЕУ ќе стане поважно од проширувањето

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Борбен авион се урна во Финска, пилотот се катапултираше

Sase Ivanovski

Пауел: ФЕД не сака да ги намали каматните стапки бидејќи инфлацијата е над целта

Sase Ivanovski

Писателка убиена во Германија, осомничен за убиството е нејзиниот син

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПСЖ е вториот финалист во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со дожд

Sase Ivanovski

Естонија не го пушта словачкиот премиер Фицо да оди во Москва

Sase Ivanovski

Да побрзаме: Единството на ЕУ ќе стане поважно од проширувањето

Sase Ivanovski

Алијанса на Таравари формира изборен штаб во Гостивар, прв човек Исак Љазами

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со дожд

Sase Ivanovski

Топ тема: Таравари е завршена работа за „Вреди“

Sase Ivanovski

24 Анализа – Преписките меѓу Вреди и Таравари уште повеќе ја разгореа политичката реторика

Sase Ivanovski

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

Sase Ivanovski

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

Sase Ivanovski

Филипче: Лажниот патриотизам на ЗНАМ заврши како приватен бизнис-проект

Sase Ivanovski

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит: Тајван би можел да користи камикази чамци за да се заштити од кинеска инвазија

Sase Ivanovski

Чеченскиот воен лидер, Рамзан Кадиров вели дека сака да си даде отказ, но му е потребна дозвола од Путин

Sase Ivanovski

Носач на авиони на американската морнарица во борбата во Црвеното Море изгуби трет Супер Хорнет. Авионот вреден 60 милиони долари при слетувањето не успеал да застане на пистата…

Sase Ivanovski

На 11 мај (недела), во 11 часот на Школка во Градскиот парк, по шести пат ќе се одржи инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“

Sase Ivanovski

Почнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција. Треба да биде готов во 2027 година

Sase Ivanovski

Купови ѓубре и канти полни со смет утрово стоеја пред противпожарните излезни скали на Државното обвинителство кое формираше обвинителски тим за и го истражува пожарот во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе токму поради неисполнување на противпожарните стандарди

Sase Ivanovski

Миловановиќ: Се додека некој има против Македонија неможе да напредува на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Пендаровски: Срдечна средба со мојот пријател и пријателот на Македонија, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Нов гасоводен интерконектор, дигиталната инфраструктура ќе биде мотор за напредок, над 10 милиони денари за промоција на земјоделството

Sase Ivanovski

Јаневска: Во соработка со швајцарската Хелветас и шведски Волво, развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила

Sase Ivanovski

Ковачки: Заврши времето на уцени и закани од ДУИ, потребно е да ги исчистат криминалците од своите редови и да се реформираат

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: Владејачкото мнозинство е стабилно, победник на локалните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ковачки: Членови на Судски совет служат на луѓе кои жестоко се борат да ја задржат моќта во правосудството со цел да се спасат од постапките за криминал

Sase Ivanovski

Стојаноски: Ќе го понудиме целиот политички легитимитет на локалните избори, работиме на конкретен план и програма

Sase Ivanovski

Индија изврши напад врз Пакистан по масакрот во Кашмир, Пакистан тврдат дека собориле пет индиски авиони

Sase Ivanovski

Денеска почнува конклавата за избор на нов папа

Sase Ivanovski

Две грабнувања во Тетово, едната жртва била малолетник кој што бил претепан со тупаници и железна палка

Sase Ivanovski

Змиите во урбани средини се ретки и не се опасни, треба само да се заобиколат, советуваат биолозите

Sase Ivanovski

Студенти што примаат семејна пензија останаа без право на субвенциониран оброк

Sase Ivanovski

Анти-ЕУ објава манипулира со стар говор на Урсула фон дер Лајен

Sase Ivanovski

ЕУ не е „фашистичка“

Sase Ivanovski

Авионот на Вучиќ откако слета во Баку, го продолжи летот кон Москва

Sase Ivanovski

Експерти од Шведска ги едуцираа македонските општини за селекција на отпад

Sase Ivanovski

ИРЛ: Пратениците немаат храброст да започнат надзорна расправа за Кочани, Тетово и автобуските несреќи

Sase Ivanovski

Николски за заемот од шест милијарди евра: Не знам како е пласирана информацијата, но делот дека толку ќе се задолжиме е погрешно пренесен

Sase Ivanovski

Мерц ќе разговара за нуклеарното одвраќање со Франција и Велика Британија

Sase Ivanovski

Индија ги отфрла тврдењата за соборени авиони како „дезинформација“

Sase Ivanovski

СДСМ: ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал, СДСМ ќе објави целосни документи!

Sase Ivanovski

Германска поддршка за земјава во Берлинскиот процес

Sase Ivanovski

Bransys 17 години иновации и успеси, оваа година прославува во Лас Вегас на WasteExpo 2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…

Sase Ivanovski

Под мотото Инженерството ја гради иднината – на 9-10 мај по петти пат ке се одржи меґународен конгрес Science@FEIT

Sase Ivanovski

Guns N’ Roses ја отворија турнејата со сет листа од 22 песни, а на следниот концерт додадоа 6 нови песни – што не чека во Белград на 18 јули

Sase Ivanovski
Вчитувам....