Нашата соработка во моментот е со нашите партнери во Владата. Каков ќе биде епилогот на внатрепартиските и помеѓупартиските разговори со владините партии, ќе го соопштиме до крајот на овој месец. Очекуваме соработка со нашиот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ, доколку се постигне тоа што е договорено и разговарано, но, како и да е, ЗНАМ ќе настапи со свои кандидатски листи за советници во сите општини каде што имаме општински организации, а вкупно се 50 на број низ државата и можеби тоа е една од поголемите паники во редовите на СДСМ, бидејќи секаде каде што одиме сѐ поголем и поголем број на членови секојдневно ни се приклучуваат, рече Димитриевски.
Прашан за коментар во врска со изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче, којшто денеска рече дека владината коалиција е разнишана, Димитриевски вели коалицијата никогаш не била постабилна и му порача на Филипче да се занимава со самиот себе.
-Владината коалиција никогаш не била постабилна, од овој момент и мислам дека само прогласениот лидер на опозицијата треба да се занимава самиот со себе си и да види да не му се распадне и зградата на Бихаќка, бидејќи истата е празна, нема луѓе, за жал, рече Димитриевски. За евентуална соработка со Вреди на претстојните избори, тој рече дека сѐ уште немаат разговарано, но, како што рече, отворени се за било каква соработка.