Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски од Охрид упати јасна и силна порака до раководството на СДСМ, но и до сите граѓани кои се чувствуваат изневерени од политиките на истите. „Тие беа трговци, а нашите белези на главите стојат сѐ уште тука, зошто? Верувавме ние во тие концепти, за жал не’ продадоа. Но, тие лоши трговци менуваа, за жал, и трампеа бајадери за корнишони. И тоа не смееме никогаш повеќе да го дозволиме. Се играа со тоа што е најсвето за сите нас и ги поминаа сите граници.“
Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери. Време е за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари.
Време е да го вратиме достоинството, чесноста и визијата во политиката. Преку оваа изјава, претседателот Димитриевски и Движењето ЗНАМ испраќаат силна порака: Народот ќе зборува. И ќе победи на претстојните локални избори.