Во рамки на теренската кампања „Заедно знаеме повеќе“, лидерот на ЗНАМ – Максим Димитриевски, оствари средба со граѓаните на Свети Николе, каде беше придружуван од пратеничката Даниела Белимова. Од позиција на одговорност, Димитриевски испрати јасна порака дека времето на пазарџиската политика на СДСМ е завршено:
„СДСМ ја претвори државата во корупциска каса и ги распродаваше интересите на народот за лични функции и договори зад затворени врати. Тоа време е минато. ЗНАМ, како дел од власта, нема да дозволи Македонија повторно да биде потценета, понижена и ограбена.“ Димитриевски посочи дека ЗНАМ не е тука да продолжи со старите матрици, туку да воспостави нов систем – базиран на чесност, отчетност и работа во интерес на сите граѓани.
„Секој граѓанин чувствува како политиката со години го крадеше. Но, ние сме тука да го исправиме тоа. Се бориме против корупцискиот систем што го остави СДСМ зад себе. Македонија конечно има шанса да тргне напред со луѓе кои не се дел од тој трул механизам“ – истакна тој.