Овој трговски центар ќе значи многу за граѓаните, тука ќе можат да ги најдат сите брендови по исти цени, со акции, но и по многу пониски цени. Самиот проект како е реализиран воведува нови стандарди во градбата за град Куманово. Јас би посакувал и идните инвеститори во градот да го следат овој пример во делот на инвестициите и да инвестираат во вакви проекти. Се работи за деловна единица со компатибилни содржини. Специфично за овој објект е што е првиот објект на територија на општина Куманово, која има најголем број на места за паркирање, или самиот објект во рамки на неговите содржини предвидува некаде околу 500-тини места за паркирање, еден добар пример по којшто би требале во иднина да се градат и другите инвестиции во градот.