Mинистерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на социјалните мрежи објави дека е во Чикаго. Таа упати честитка по повод Велигден.
„За Велигден со нашата дијаспора во Чикаго, во црквата Св. Кирил и Методиј.
Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир, радост, надеж и сплотеност. Вербата во Бога нека биде единствена водилка по нашиот животен пат, а нашите мисли нека создаваат само добри дела“, пишуваа министерката на Фејсбук. Оваа година и католиците на ист ден го слават Велигден.