17 април 2025, Скопје – Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја прати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје.
„Политиките коишто ги спроведуваме се насочени кон одржување на макроекономската стабилност. Нашите приоритети се дефинирани со Буџетот и со Фискалната стратегија и тие се однесуваат меѓу другото на обновување на довербата во институциите, преку зајакнување на безбедноста, ефикасна борба против корупцијата и криминалот, независност на правосудството и обезбедување на владеење на правото; економско заживување на земјата, преку унапредување на енергетската транзиција, поттикнување силен циклус на економски раст, стабилни јавни финансии, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого; сеопфатно подобрување на квалитетот, инфраструктурата и достапноста во образованието, создавање општество базирано на знаење и успешно справување со современи предизвици, како и градење професионална и ефикасна јавна администрација, развој на дигиталната економија, ИКТ секторот, вештачката интелегенција, иновациите и стартап екосистем“, рече министерката и додаде дека напорите што ги вложува Владата се препознаени од странските инвеститори и во минатата година се реализирани рекордни 1,255 милијарди евра.
Таа посочи дека ваквиот тренд очекува да продолжи и во наредниот период и дека најдобрата порака што еден иден инвеститори може да ја добие за инвестирање во една земја е пораката од инвеститорот кој веќе инвестирал. Потенцира дека врвен приоритет на Владата е економијата и остварувањето повисоки стапки на економски раст и дека Германија има особено значење за нашата економија, како најзначен трговски партнер, но преку реализираните странски директни инвестиции кои минатата година достигнаа над 200 милиони евра. Пред германските компании порача дека Владата има идентичен пристап кон сите компании и дека гради партнерски однос и со домашните и со странските компании преку постојана комуникација со бизнис заедницата и разменување мислења и искуства во однос на креирање политики коишто се бидат од интерес на двете страни.
Со почит, Одделение за односи со јавност