25.8 C
Скопје
01/07/2025 21:12
МАКТЕЛ

   

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

      

28 јуни 2025 , Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска одржа прес-конференција по повод една година од мандатот на Владата, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“ на која ги презентираше клучните приоритети и постигнатите резултати на Министерството за финансии во изминатите 12 месеци.

Министерката во своето обраќање истакна дека првата година од работењето беше посветена на стабилизација на јавните финансии, зајакнување на економската активност и воведување на структурални реформи кои создаваат одржлива и предвидлива фискална рамка.

   

„Владата, со јасен мандат од граѓаните, ја презеде одговорноста во момент на високи очекувања и ограничени ресурси. Финансиската слика која беше затекната покажа исцрпен фискален простор, значителен раст на јавниот долг, недоволна реализација на капитални инвестиции и разнишана доверба на пазарите. Првиот сериозен предизвик беше подготовката на ребаланс на Буџетот, веднаш по преземањето на функцијата, кој бараше итно и одговорно прилагодување на расходната страна и обезбедување ликвидност за тековно сервисирање на обврските и непречено функционирање на институциите“ кажа Димитриеска-Кочоска.

Како што потенцираше министерката со ребалансот на Буџетот за 2024 година, Министерството за финансии предложи одговорен и развоен пристап, со пренасочување на средствата таму каде што се најпотребни – во здравството, образованието, поддршката на стопанството и во капиталните проекти.

“Исправени беа значителни пропусти од претходниот буџет, меѓу кои и недоволно испланирани средства за законски предвидени права, заостанати обврски и недоволна поддршка за економијата. Реализирана беше редовна исплата на платите и пензиите, со усогласувања согласно закон и реализирање на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите“ кажа министерката.

Истовремено, како што нотираше Димитриеска-Кочоска беше подготвен Буџетот за 2025 година, кој е прв во новата концепција на фискална консолидација и економски развој. Буџетот за следната година носи посебен фокус на капитални инвестиции, на општински проекти, поддршка за приватниот сектор и стратешки насоки за забрзан економски раст.

Во изминатата година, беше постигната значајна фискална консолидација. Буџетскиот дефицит е намален, а јавниот долг е намален за 36 милиони евра во однос на крајот на 2024 година, со намалување на неговото учество во БДП за 4,7 процентни поени. Тоа беше постигнато во услови кога државата успешно ја отплати Еврообврзницата од 500 милиони евра, ги сервисираше обврските на домашниот пазар во висина од 10,7 милијарди денари, и истовремено го намали задолжувањето во споредба со истиот период лани за 16,4%. Економската активност, по години на нестабилност, бележи континуиран раст. Последователно три квартали, стапката на раст изнесува околу 3%, што е над проекцијата. Забележан е раст од 2,8% за 2024 година, којшто ја надминува сопствената владина проекција од 2,1%. Важно е што растот не е концентриран само во една гранка, туку се забележува активност во индустријата, услугите, градежништвото и извозот. Истовремено, инфлацијата е значително намалена од 14% на почетокот на 2023 година и е стабилизирана со тенденција на понатамошно намалување“ кажа министерката во отчетот.

Министерството за финансии, како што кажа министерката во изминатата година преку Развојната банка, обезбеди 250 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, со активирање на инвестиции во нови капацитети, опрема и работни места, со ефект од околу 300 милиони евра во инвестиции. Во исто време, за првпат во историјата, во Буџетот беа предвидени 250 милиони евра директна поддршка за општините, со средства распределени за конкретни инфраструктурни проекти – водоводи, канализации, училишта, градинки и проекти за енергетска ефикасност.

Странските директни инвестиции во 2024 достигнаа историски рекорд од 1,255 милијарди евра. Во првиот квартал на 2025 година веќе се реализирани инвестиции од 135,8 милиони евра, со пораст на сопственички капитал и реинвестирана добивка за 17,4% во споредба со истиот период минатата година“ дополни министерката.

Министерката посочи дека со серија мерки, Владата и Министерството ја зајакнаа конкурентноста на домашната индустрија – се намалија царинските стапки за 67 суровини и репроматеријали, а се либерализираше увозот на стоки од САД како дел од унапредување на економската соработка со стратешките партнери. Македонија стана дел од СЕПА – областа за единствени плаќања во ЕУ, што значи дека граѓаните и компаниите ќе можат да вршат трансфери во 38 земји по исти услови како и во домашниот платен промет.

Во текот на годината се спроведени и сериозни структурни реформи. Започна имплементација на Законот за буџети со кој се воведува трогодишно буџетско планирање, а беше донесен и пакет од 17 подзаконски акти кои обезбедуваат ефикасно управување со јавните финансии. Македонија прва во регионот ги исполни условите за повлекување авансни средства од Планот за раст на ЕУ“ кажа министерката.

Во делот на мерките за подобрување на животниот стандард министерката кажа дека изминатата година просечната плата е зголемена за повеќе од 10% и сега надминува 40.000 денари, а пензионерите имаат зголемување од просечно 5.000 денари на годишно ниво. Обезбеден е раст на платите во администрацијата, здравството, образованието и полицијата – 87.000 вработени добија повисоки примања, што значи повеќе средства за многу домаќинства.

Во делот остварените реформи на Министерството за финансии, министерката посочи дека беше донесен Законот за глобален минимален корпоративен данок усогласен со европската директива, се заживеа Академијата за јавни финансии како институција за континуирана едукација и професионализација на јавниот сектор, а Министерството за финансии за првпат ја доби улогата на претседавач со Управниот одбор на ЦЕФ – Центарот за извонредност во финансиите, со седиште во Љубљана, што претставува признание за посветеноста на институцијата кон реформите и европските вредности.

Министерката Димитриеска-Кочоска подвлече дека Министерството веќе не функционира како затворен круг, туку како сервис на граѓаните, со активна комуникација со стопанственици, синдикати, општини и меѓународни партнери. Потврдата за кредибилноста на економските политики дојде и од меѓународната агенција „Фич“, која во последниот извештај го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

На крајот министерката заклучи дека ова е само почеток.

Во периодот што следи, фокусот ќе биде ставен на дигитализација на јавните финансии, проширување на даночната основа без зголемување на даноците, понатамошни измени на законската рамка, како и зајакната контрола и отчетност во користење на јавните средства.Министерството за финансии ќе продолжи да работи разумно, транспарентно и домаќински, во насока на изградба на стабилна економија и функционални институции кои се во служба на граѓаните“ кажа Димитриеска-Кочоска.

   

Најново

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Sase Ivanovski

Костовски: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Sase Ivanovski

ВАШИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ МАНАСТИРИТЕ, ПОГАЧАТА, ПИНЏУРОТ И ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ И ТОА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ, КАЖА ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС

Sase Ivanovski

КОСТА СОЧУВСТВУВАМ СО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ЕМОЦИИ ЗА ТВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО, НО ТЕ МОЛАМ ИЗВИНИ МУ СЕ НА ЛАТАС И ИЗВЛЕЧИ ОД ОВА ПОУКА, ТИ СИ МЛАД ПОЛИТИЧАР КОЈ ТРЕБА ДА УЧИ ОД ГРЕШКИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛОН МАСК: САД се пред банкрот и сите се прават мутави, само на камати за кредити САД плаќаат годишно 1000 милијарди долари

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ ИМ СТЕГНА КРИВИЧНА: Директори на Националниот парк Маврово, локални функционери на ВМРО ДПМНЕ, украле 50 илјади евра од буџетот

Sase Ivanovski

КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ ФОТКА ОД СВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО: Од него го научив најважното: името на фамилијата не смее да се чепне, ниту да се осквернави

Sase Ivanovski

КОСТАДИН АЦЕВСКИ: Вечна слава на идеологот за слободна Македонија, Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Филипче: ЕУ го потврди она што го говори СДСМ – ВМРО ДПМНЕ ја става Македонија во заложништво на други држави

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕСКИ: Започнува исплатата за пензионерите во Кисела Вода – 1388 пензионери утре на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2500 денари!

Sase Ivanovski

Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, истакна Кос

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗДАТА НА СРПСКИ ИНФОРМЕР, ДРАГАН ВУЧИЧЕВИЌ ПОВИКА ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО СРБИЈА ДА БИДАТ ПРЕТЕПАНИ И УАПСЕНИ

Sase Ivanovski

Ученици од Прилеп освоија второ место на Европскиот квиз на пари во Брисел во конкуренција од 70.000 натпреварувачи

Sase Ivanovski

РУСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БИВШИ БОКСЕРИ ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА СЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ

Sase Ivanovski

ДЕНКО МАЛЕСКИ КАКО МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ВО 1992-РА ГО БРКАЛ ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ПО ТОАЛЕТИ ВО ХОТЕЛ ВО ХЕЛСИНКИ

Sase Ivanovski

Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново, од денеска го пуштаме за сообраќај

Sase Ivanovski

Предавникот од Вашингтон

Sase Ivanovski

БРАВО ДЕЦА: Четири бронзени медали и една пофалница за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика

Sase Ivanovski

Тошковски: Филмски уапсивме шверцери на дрога, марихуаната ја запленивме полицајците ќе ги наградиме

Sase Ivanovski

Притвор за 28-годишник, нападна доктор и полицајци

Sase Ivanovski

Една година Министерство за спорт: Рекордни 20 милиони евра и почит за сите спортисти!

Sase Ivanovski

Клупата со најубав поглед во Македонија изгледа вака, и се наоѓа на Галичица. Преспа моја 😍

Sase Ivanovski

ВО СЕКОЈА ШЕГА ИМА 80% ВИСТИНА…

Sase Ivanovski

Филипче: 43 милиони евра од Планот за раст останаа неискористени поради неспособноста на ВМРО‑ДПМНЕ

Sase Ivanovski

И ЈАРЕ И ПАРЕ – МЗШВ: Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Овој европски пат им припаѓа на сите граѓани, на сите бизниси, на секоја заедница, сите да бидеме дел од оваа трансформација

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: ПОРАДИ ЛАТАС СЕ РЕШИВ ДА БИДАМ НОВИНАР ЗА ДА СЕ БОРАМ ПРОТИВ ТАКВИТЕ КАКО НЕГО

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со ЕУ

Sase Ivanovski

Кос од Скопје: Клучните реформи што ги бараме не се едноставни, но ве уверувам дека вреди

Sase Ivanovski
Вчитувам....