Во интервју за „360 степени“ Ковачевски праша и што правеле на состаноци со Палевски минатата година поранешен претседател на ЛДП и генералниот секретар на Демократски сојуз.На прашање зошто Палевски не е санкциониран иако, во серијата кривични и прекршочни дела, во мај годинава е фатен како носи пиштол за којшто немал дозвола, премиерот вели дека тоа се прашања за истражните и правосудните органи.
Посочи и дека „истата таа група“ правела монтирани видеа на „Тик-ток“ и од неговата малолетна ќерка, а праша и што правеле на состаноци со Палевски минатата година поранешен претседател на ЛДП и генералниот секретар на Демократски сојуз.
Премиерот одбегна да одговори на дополнителните потпрашања дали кога зборува за екс-лидер на ЛДП мисли на актуелниот амбасадор на земјава во Словенија, Горан Милевски, и за тоа кои луѓе оделе на гости во француската амбасада во Скопје.
Генерален секретар на Демократски сојуз, пак, и минатата година и сега е Зоран Димитровски.
Ковачевски: Знаете што ѝ правеа на мојата малолетна ќерка на „Тик-ток“ со монтирање на видеа? Тоа се истите тие луѓе, истата таа група. И затоа кога ги прашуваат кога се гледале – не одговараат. Еве, јас ќе ви додадам. Што правел поранешниот претседател на Либерално-демократска партија на состаноци со Љупчо Палевски? Што правел генералниот секретар на Демократски сојуз на состаноци со Љупчо Палевски, минатата година, што правеле?
360°: Која Либерално-демократска партија?
Ковачевски: Либерално-демократска партија на Македонија. Бившиот претседател, што правел на состаноци со Љупчо Палевски? Еве јас ве прашувам, испитајте.
360°: Чекајте, Жерновски е поранешниот претседател.
Ковачевски: Не е Жерновски бившиот, тоа е бивши пред бившиот. Еве, јас ви поставувам прашање, што правеле?