Годинешната Парада на гордоста заврши пред Владата со одличен говор на Славчо Димитров.
Фото: Небојша Гелевски
Одбиваме да бидеме деполитизирани изведени на поворка за промоција на корпорациски компании, да шетаме како испразнети, весели, насмеани машини без глас. Насилството кое што го трпиме, болките кои што стојат врежани во нашите тела, срамот што нè прогонува во општеството целите наши животи, понижувањето и навредите, како и нашите колективни преживувања, мрежи, радост и уживања може да бидат единствено предмет на политички акт во јавен простор и изразени низ бес и низ протест.
Молкот е еднаков на смрт а лажните насмевки и испразнети забави изговор за покривање на насилството. За крај, две работи: едната е за оние кои се прашуваат – Зошто?
– Како заедница знаеме што значи институционално и систематско изложување предвремено на смрт и насилство.
Знаеме што значи систем кој те игнорира, кој те остава да страдаш и кој што не те заштитува. Затоа стоиме денеска за 62 изгубени животи во Кочани како резултат на системска корупција.
Да ви каже педерот од Кочани: Никогаш нема да ви прости ни Кочани, ни целиот народ за ова. Прекинете да ги тортурирате луѓето. Прекинете да им се заканувате и да ги уценувате фамилиите кои што ги изгубија своите деца. И донесете ги да одговараат сите ваши партиски послушници.
СРАМ ДА ВИ Е, НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ!
Е сега, за оние кои уште се во забуна, едниот процент – нашите транс сестри и браќа, не се вашиот проблем. Тука е едниот процент кој е вашиот проблем, тоа се богаташите кои што ве цедат, тоа се корумпирани партии и алчни политичари. Преку глава ни е да гледаме секојдневно како се тепани, понижувани, непризнаени и невреднувани животите на нашите транс сестри и браќа. Шест години од кога имаме донесено одлука на Европскиот суд против Македонија, државата се уште не го носи законот за правно признавање на родот. И да знаете ова не е проблем само на транс луѓето – ова е индикатор за фашистичката држава, за социјална хиерархија, за државна репресија и контрола на идентитетот и телото и за како родовите улоги ве опресираат и како се репродуцира насилството. Жените не се само вагини кои што ќе им раѓаат на очајни мажиња деца.
Транс жените се жени, транс мажите се мажи.
Смрт за хетеропатријахатот!
Смрт за хетерофашизмот!