Денеска (10.06.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на показната вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на полициските службеници за прием во ЕБР кои успешно ја завршија шестмесечната обука.
На вежбата беа презентирани тактики и техники од доменот на јавниот ред и мир и полициски операции во урбана средина, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и напад на возило и апсење на вооружени и опасни лица.
„Колегите прикажаа и докажаа умешност, вештини и подготвеност кои гарантираат дека ЕБР е и ќе биде една од алките кои го сочинуваат безбедносниот систем подготвен деноноќно да служи на граѓаните и нивната безбедност.

Благодарност до командантот и останатите раководители во Единицата, до инструкторите и менторите, како и до раководството на Одделот за специјални полициски операции“, истакна директорот Јанев.
Преку вежбата беа презентирани и акции на приод и влез во објект во кој се наоѓа криминална терористичка група, неутрализирање на истите, како и апсење на дел од групата, со користење на оклопни возила, беспилотно летало „дрон”, како и останати средства и опрема со кои располага Единицата.