„Што се однесува до четвртиот пациент, тој дојде со тешки, сложени, прострелни повреди на градниот кош, вратот и кичмата, имаше две операции. Тој е подобар, буден е, но мора да бидеме многу претпазливи. Денеска ќе имаме серија контролни прегледи и снимки за да ги видиме ефектите од операциите“,изјави д-р Ашанин за РТС.
Инаку, утрото по страшниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“, голем број граѓани дојдоа уште еднаш да им оддадат почит на загинатите ученици со палење свеќи, јавува Нова.рс.Синоќа неколку илјади луѓе се собраа пред српското Министерство за образование. Дел од гневните учесници на протестот се изјаснија дека нема да мрднат од пред зградата на Министерството и побараа оставка од министерот за образование Бранко Ружиќ.
На Врачар и на Цветниот плоштад, граѓаните им оддадоа почит на жртвите, положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки.Почит на жртвите се оддаваше и на Плоштадот на слободата во Нови Сад, каде исто така излегоа голем број граѓани.
Тринаесетгодишниот К.К. ученик во „Владислав Рибникар, во средата околу 8 часот со пиштол застрела и убид осум ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето. Во пукањето се ранети уште шестмина ученици и наставничка, кои со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар на Србија, каде на дел од нив се извршени оперативни зафати.Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица, која како што рекоа од полицијата, изгледала како да е од видео-игра или хорор-филм