Директорот на ЈП „Паркови и зеленило” Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесе оставка.Тој објави на официјалниот фејсбук профил на претпријатието и наведе дека оставката ја дава поради здравствени причини.„Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП ‘Паркови и зеленило’. И’ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција“, вели тој.
Зухејр Реџепи стана директор на „Паркови и зеленило“ во септември 2022 година. Тој е член на ДУИ, но во моментот на избор беше поврзуван со т.н. „огнена група“. Во исто време со него, директор стана уште еден негов сопартиец, Саид Саид, кој ја презеде директорската функција во „Улици и патишта“. Саид беше релативно непознат во јавноста при изборот, додека Реџепи беше познат и по тоа што е син на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи.И Саид и Реџепи дојдоа на функциите откако од тие позиции си заминаа функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Дел си поднесоа оставки, дел беа разрешени по иницијатива на градоначалничката Данела Арсовска откако и се влошија односите со најголемата опозициска партија.