МАКТЕЛ

     

Директорот на Психијатрија Демир Хисар, Жан Лозановски, вознемирувал и политички дискриминирал докторка примариус пред пензија

      

Директорот на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар Жан Лозановски, директно дискриминирал и вознемирувал вработена докторка во болницата врз основа на политичко уверување, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Докторката е специјалист примариус и има две и пол години до пензија. Економистот од движењето ЗНАМ Жан Лозановски, кој раководи со оваа јавна психијатриска установа, впрочем, прво ја деградирал па ја вратил да биде раководителка на оддел во болницата, но тоа сепак не ја менува одлуката на Комисијата која се однесува на меѓупериодот. Вознемирувачката претставка до Комисијата ја упатила докторката која навела дека неколку пати писмено барала директорот да престане да ја дискриминира и да ја вознемирува на работното место, но наместо да се случи тоа, директорот ги охрабрил и поттикнал нејзините колеги и ги искористил нивните изјави против неа токму за спротивното. Таа до доаѓањето на новата власт била директор на болницата и член на Управниот одбор, ама по менувањето на власта била деградирана на ново работно место без никаква причина.

Прераспределувањето е несоодветно за мојата стручност, односно работната позиција не е за примариус и за некој што има докторат. Прераспределувањето беше направено поради економски причини, односно бев прогласена за технолошки вишок, додека на претходното мое работно место беше поставен доктор со пониско образование од моето. Поради недостиг на доктори психијатри, директорот воведе дежурства наместо смени, а јас бев прогласена за технолошки вишок. Во неколку наврати разговарав со директорот и го прашав за причината поради која сум прераспределена, на што тој ми одговори дека така му било кажувано во партија, дека имало политичка позадина, навела докторката во претставката до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во решението за прераспределување пак, наведено било нешто сосема друго – дека докторката наводно го кршела работниот ред и дисциплина.

-Директорот ми рече дека морал така да напише, за да не сум го тужела – навела докторката во претставката до Комисијата.

   

Таа тврдела дека во неколку наврати била опоменувана да ја повлече претставката што ја поднела до Комисијата за спречување дискриминација, со закана дека во спротивно ќе биде исклучена од дежурства во болницата и ќе „падне“ од 8 дежурства месечно на две. Во јануари токму тоа и се случило – ѝ биле доделени само две дежурства и не ѝ бил доделен ниеден празник како работен ден. Дежурствата што требало да ѝ бидат доделени нејзе, ги добиле интернист и општи лекари кои немале лиценца да работат како психијатри. Со тоа, таа наведува дека била драстична разликата меѓу неа и другите вработени на кои им „припаднале“ дежурствата што нејзе ѝ биле одземени.

-Со тоа директорот кон мене изврши неправда, понижување, деградирање, ме спречи да напредувам во мојата струка и да работам во областа во која имам универзитетска диплома. Ми беше нанесена и материјална штета. Директорот на колегиум го прочитал моето барање да не бидам исклучена од дежурства и ја презентирал неговата одлука по што на присутните им рекол: Сега ќе ја исклучам од дежурства. Не сакаше да изгуби 7 илјади денари, сега нека изгуби повеќе па да видам дали ќе ја повлече тужбата, пишува докторката во својата претставка. Оваа реченица ми беше упатена директно и на мене. Сето ова пред сведоци – вели таа.

Лекарите од колегиумот, заедно со директорот почнале да држат состаноци на колегиум на кои не е присутна докторката, а на нив да ги носат и деградирачките одлуки за нејзината кариера и примања. На нејзиното претходно место како раководителка од кое била деградирана, без оглас биле поставени луѓе што не ги исполнуваат условите бидејќи немале доволно стаж, ниту сертификат за странски јазик. Кога Комисијата за спречување и заштита од дискриминација побарала од директорот Жан Лозановски да се произнесе по претставката, тој одговорил дека докторката била прераспределена од раководителка на оддел во доктор специјалист, платата не ѝ била намалена, а прераспределбата била поради усни и писмени поплаки против неа од вработени во болницата и пациенти. Меѓутоа, кога Комисијата почнала писмено по службена должност да бара фотокопии од поплаките од пациентите и вработените, да прашува дали бил објавен интерен оглас за раководител на местото од кое била деградирана подносителката, кои биле условите за избор на тој оглас – тогаш Лозановски не само што не ги испратил бараните информации до Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата, туку им посочил дека – докторката ја вратил на старото работно место раководител!

На 13 март 2025 до Комисијата од страна на директорот на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, Жан Лозановски, беше доставен одговор на барањето. Наведено е дека вработената докторка била вратена на старото работно место – раководител на оддел од болницата. Бараните информации не беа доставени до Комисијата, пишува во јавната одлука.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека Жан Лозановски директно ја дискриминирал и вознемирувал докторката врз основа на политичко уверување во областа на работата и работните односи.

Директорот не ги поби наводите од претставката и не докажа дека преземените дејства кон докторката биле засновани на објективни, оправдани и професионални причини. Не беа доставени писмени поплаки кои наводно служеле како основа за нејзиното прераспределување, ниту беше образложено зошто само на неа ѝ биле намалени дежурствата а на другите вработени им биле зголемени.
Не беше дадено образложение врз основа на кои критериуми биле избрани кандидатите за нејзиното претходно работно место и дали ги исполнувале условите за раководител на оддел во болницата. Не беа побиени наводите во претставката дека директорот ѝ се обратил со изјави кои упатуваат на нееднакво постапување врз основа на нејзиното политичко уверување, констатира Комисијата во одлуката.

Во неа се додава дека несомнено прераспределувањето на докторката од раководител во специјалист, а поставувањето за раководители на луѓе што не ги исполнувале условите за тоа, заедно со намалувањето на примањата за докторката преку нејзино исклучување од дежурства и изложување на изјави со политичка содржина, резултирало со повреда на нејзиното достоинство и создавање на непријателска работна средина. Дополнително, со намалувањето на примањата се загрозува економската стабилност на докторката, бидејќи се работи за лице во последните години од својот професионален ангажман пред да се пензионира.

И покрај тоа што таа е вратена на нејзиното претходно работно место раководител, повредата сепак постои за периодот во кој била прераспределена, се до денот на враќањето на нејзината претходна работна позиција бидејќи во тој период таа била изложена на нееднаков третман. Се препорачува во иднина директорот на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар Жан Лозановски да се воздржува од преземање било какви дејства или одлуки кои би можеле да резултираат со дискриминаторски третман, вознемирување или неповолно постапување врз основа на политичко уверување и да обезбеди еднаков и правичен третман на сите вработени. Во спротивно Комисијата пред суд ќе побара поведување прекршочна постапка против него, заклучува Комисијата за спречување од дискриминација.

Изминатите денови во јавноста се актуелизира децениската лоша состојба во оваа психијатриска болница во поглед на хигиената и условите која никако да се подобри. Дополнително, пред 2 недели, за време на транспорт од Психијатриската болница Демир Хисар до кривичниот суд во Прилеп, избега лицето А.Ј. Потоа тоа лице, вооружено со пиштол „берета“ влезе во Центарот за социјални работи Прилеп, застрела социјална работничка и се обиде да го убие директорот на Центарот за социјални работи. Стануваше збор за лице кое претходно било осудувано за насилен криминал –  телесна повреда, загрозување на сигурноста, демнење и други кривични дела.

  

Најново

Цените на нафтата паднаа под 60 долари

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сврти на Smooth и освежи го денот на свој начин

Sase Ivanovski

Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори заедно со локалните, вели претседателката на државата

Sase Ivanovski

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, разговорите продолжуваат во текот на мај

Sase Ivanovski

Населението во Македонија се намалува, многу деца живеат во сиромаштија

Sase Ivanovski

Бледски договор (1947)

Sase Ivanovski

Како ќе се враќа солидарниот данок? За 5 години треба да се исплатат 49 милиони евра, ќе има ли кривична одговорност за мерката?

Sase Ivanovski

Трамп ќе постави царини на филмови произведени надвор од САД за да ја спаси Холивудска индустрија

Sase Ivanovski

Сојузник на Трамп од крајната десница победи во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија

Sase Ivanovski

Уметничка од Јапонија со потекло од Србија ќе го црта балканскиот рис и ќе собира пари за негова заштита

Sase Ivanovski

Oдбележан Меѓународниот ден на акушерките

Sase Ivanovski

Голема распродажба на Star Wars игрите на сите платформи

Sase Ivanovski

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Инвестираме дополнителни 70 милиони денари поддршка за инфраструктура во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДО) Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми

Sase Ivanovski

Во Куманово одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДС

Sase Ivanovski

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Sase Ivanovski

Средба на Димитриеска Кочоска со турскиот министер Болат – Договорена интензивирана соработка во областа на царината

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со јапонската амбасадорка, Н.Е. Кавахара Сецуко

Sase Ivanovski

МОН со стипендии поттикнува средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик

Sase Ivanovski

МОН: Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик

Sase Ivanovski

Обраќање на академик Живко М. Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на: Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Sase Ivanovski

Јаневска: Законот го штити македонскиот литературен јазик, но и секој лично може да придонесе во неговото унапредување

Sase Ivanovski

“ПЕРОТО НА КОЧИЌ” ЗА 2025 ГОДИНА МУ Е ДОДЕЛЕНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ ХРИСТО ПЕТРЕСКИ

Sase Ivanovski

Средба Костадиновски-Челик: Привршуваат подготовките за проектот за дигитализација на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Средба помеѓу државниот секретар во МВР и заменик амбасадор на Француската Република

Sase Ivanovski

Oдбележување 5 Мај – Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашата татковина, ако го зачуваме, тој ќе не зачува нас!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за необјавена поетска збирка „Антево перо“ 2025

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово: СОУ Гимназија “Гоце Делчев” го одбележа патрониот празник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица поради разбојништво во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Консултативна дебата на Собранието и УНИЦЕФ: Потребно е постојано унапредување на агендата за правата на децата

Sase Ivanovski

Комесарот ја држел вратата, а претседателот на ФК „Слога“ тепал фудбалер на ФК „Карбинци“

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лицa

Sase Ivanovski

Вучиќ наместо дипломатска служба за време на посетата на САД користел неформални канали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нов закон за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ниту една фирма не сакала да оценува позитивни и негативни вести во медиумите

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Хутите истрелаа ракета на аеродромот Бен Гурион во Израел

Sase Ivanovski

Орбан тврди дека Трамп ѝ предложил на Унгарија да ја напушти Европската Унија

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа во Куманово – шестмина повредени, меѓу нив и дете

Sase Ivanovski

Зеленски: За Украина во ЕУ треба да одлучува Европа, а не индивидуален манипулатор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕК: Пакет од 500 милиони евра за привлекување научници во Европа

Sase Ivanovski

Фицо заплива во Дунав по шпекулациите за неговото здравје

Sase Ivanovski

Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

Љутков: Грижата за македонскиот јазик e чин на современ патриотизам

Sase Ivanovski

Потенцијални кандидати за локалните избори – албанските партии ги започнаа калкулациите со имиња

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Путин: Западот се обидува да не испровоцира да употребиме нуклеарно оружје против Украина

Sase Ivanovski

Се тепале соседи во Берово, едниот сакал да го прегази другиот со кола

Sase Ivanovski

Две лица уапсени за експлозијата на 26 април во иранско пристаниште

Sase Ivanovski

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

Sase Ivanovski

Хамас го обвини Израел дека хуманитарната помош ја користи за „политичка уцена“

Sase Ivanovski

Телма: Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување – реакција на Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари

Sase Ivanovski

Во Скопје се уапсени тројца студенти од Турција, ограбиле таксист

Sase Ivanovski

Скопската „гротескотопија”

Sase Ivanovski

Денко Малески: Кажи само па ќе те обесат на плоштад!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Sase Ivanovski

Многу ја чинат државата – колку заработуваат германските пратеници?

Sase Ivanovski

Граната од Прва светска војна пронајдена во нива во Новаци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Нови Сад: Маж уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од несреќата

Sase Ivanovski

Улицата „Алексо Демниевски“ во Диво Маало добива 13 новоасфалтирани краци

Sase Ivanovski

Средбата на Путин со Трамп е неопходна, вели Кремљ

Sase Ivanovski

Мицкоски: поради локалните избори во јуни ќе има ребаланс на Буџетот.

Sase Ivanovski

Трамп планира рекорден буџет од трилион долари за одбраната

Sase Ivanovski

Руски шпиони присуствувале на настан за брегзит во британскиот парламент

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Аеродром

Sase Ivanovski

Над 200 тони јагнешко ќе се увезат во Бугарија за Ѓурѓовден

Sase Ivanovski

Малолетничка била нападната и ограбена од врснички во Аеродром

Sase Ivanovski

Скопјанка се породила дома, новороденчето починало

Sase Ivanovski

Две жени се пресметале во Драчево

Sase Ivanovski

Мицкоски му се јавил на Ердоган и го средил проблемот што го имале пациентите од Кочани при полетување од Истанбул

Sase Ivanovski

Сакаме квалитетен мед, а пчелите се трујат со токсични метали!

Sase Ivanovski
Вчитувам....