Согласно член 49 став 1 алинеја 10 од Законот за спречување на корупцијата (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/2010, 97/2015 и 148/2015) и член 21 став 1 алинеа 4 од Законот за спречување судир на интереси (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 70/2007, 114/2009, 06/2012 и 97/2015), Државната комисија за спречување на корупцијата поднесува до Собранието на Република Македонија Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница ги усвои Годишниот извештај за работата на ДКСК за 2024 година и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 за период 01.01.2024 година до 31.12.2024 година. Годишните извештаи се објавени на веб страницата на ДКСК.