DNK — македонска поп-група. Основана е во 2001 година. Членови на групата се Владимир Блажев — Панчо (роден 29 јули 1979 во Скопје) и Андреја Ѓорѓиески — Андреј (9 февруари 1982 — 16 март 2025).[1] Андреј загинал ноќта на 16 март, враќајќи се во клубот да спаси луѓе по избувнувањето на пожарот во ноќниот клуб во Кочани.
Како изведувачи со претходно музичко искуство и образование (Андреј има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК — Девојка за везден за кој снимат и видео запис.
Напишал Матео Николовски од Аврам Писевски 6а