Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на самитот на Европската политичка заедница во Тирана ќе оствари средба со британскиот премиер Кир Стармер. Како што објави тој на „Фејсбук“, од Тирана, каде што отпатува заедно со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, носи „добри вести за Македонија“. Мицкоски вели дека ваквите средби се важни за меѓународната позиција на Македонија и за напредокот кон ЕУ. Тој не откри какви се тие добри вести, но најави дека наскоро ќе ги сподели деталите од разговорите со Стармер.
Посетата на Тирана, според Владата, е дел од пошироките напори за зајакнување на регионалната и европската соработка. Во друга, видеообјава со инсерти од пречекот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пред Владата, Мицкоски наведе: „Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи, иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство!“