14.3 C
Скопје
20/05/2025 05:56
МАКТЕЛ

     

Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство не вклучува „прифаќање мигранти“

      

Не е точно дека во земјава ќе се прифаќаат мигранти и азиланти. Точно е дека дел од парите ќе бидат алоцирани во инфраструктурни проекти во здравството, но не во градење нов клинички центар, туку во доградба и реконструкција на постоечките. Не е точно дека во земјава ќе се прифаќаат мигранти и азиланти, а точно е дека дел од парите ќе бидат алоцирани во инфраструктурни проекти во здравството, но не во градење нов клинички центар, туку во доградба и реконструкција на постоечките, пишува „Вистиномер“Во продолжение, ви го пренесуваме текстот во целостт: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Мицкоски потпишува договор за Стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Вакви веќе имаме со САД и Турција. Ова што сега Мицко ќе го потпише всушност носи со себе 2,2 милијарди заем кој ќе го земе Мицкоски од енглезите. Ќе градел Мицкоски Клинички центар кој ги опфаќа Скопје, Тетово, Кичево и Штип. Ама тоа не е се, клучното е што Мицкоски се согласил (претходно Рама ги одби британците) да прифати сместување на азиланти, мигранти и бегалци кои Англија ги одбила и сега треба да се ослободи од нив. Уште некој месец ако му оставиме на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не само што отиде нашата ЕУ перспектива туку и нација и територија ќе ни замине.

Од Владата на Република Северна Македонија ги демантираат наводите во објавата. Во целост ги демантираме овие тврдења од оваа личност на социјалните мрежи која ни е комплетно непозната. Едноставно ќе одговориме, не е точно. Никој не презема обврска доколку не сака дека мора да има мигранти. Нема да има. Ги сфаќаме, што дури има вакви одлични историски значајни вести за нашата држава, мора да отворат измислен непостоечки проблем затоа што едноставно така се обврзале тие да направат со свои договори за стратешко партнерство со актуелни и сегашни лидери на партии. Тоа е реалноста. Се друго е измама и обид една значајна работа за државата и народот да се минимизира и да се фрли сенка и дамка на истата. Времето ќе ги демантира а ние со оптимизам и силна посветеност, увереност и одговорност промовираме значаен настан за нашата држава. Има голем простор за задоволство. Од ова ќе произлезат многу значајни проекти за народот и државата и ние сме среќни за тоа, велат од Владата на Република Северна Македонија за „Вистиномер“. 

   

Владата на Обединетото Кралство подетално на својата веб-страница има објаснето дел од договорот за стратешко партнерство со С. Македонија во соопштение објавено на 16 мај 2025 година (петок). Премиерот се сретна со премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски на Самитот на европската политичка заедница денеска. Премиеорт го поздрави новото стратешко партнерство меѓу двете држави, кое дополнително ќе ги зајакне односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија. Партнерството го подвлекува растечкото пријателство меѓу двете држави и претставува сигнал за намерата поблиску да се работи на заедничките предизвици вклучително економскиот раст, размена, одбрана и безбедност, изјави премиерот. Лидерите исто така дискутираа за неодамнешната согласност на Северна Македонија да се приклучи кон Joint Migration Taskforce, што дополнително ќе ја зајакне соработката да се спречат ирегуларните мигранти кои транзитираат низ Балканот и да се спречат криминалните организации кои им помагаат, пишува во соопштението објавено на сајтот на Обединетото Кралство.

Но, никаде не се споменува „сместување на азиланти, мигранти и бегалци кои Англија ги одбила и сега треба да се ослободи од нив“. На истиот владин сајт на Обединетото Кралство еден ден порано, односно на 15 мај 2025 година објавено е што точно значи Joint Migration Taskforce (кон кој и С. Македонија се согласила да се приклучи). Се наведува дека Обединетото Кралство ќе ги засили напорите да ги разбие криминалните мрежи кои што ја дозволуваат илегалната миграција преку Западен Балкан и дека тоа ќе се случи на историската посета на Кир Стармер во Албанија (прва негова посета на Албанија). Стармер ја посети Албанија во историска прва официјална посета, бидејќи двете држави ја засилуваат соработката на полето на одбраната и безбедноста, организираниот имиграциски криминал и во насока на економски развој. Во соопштението од 15 мај 2025 се наведува дека Обединетото Кралство го проширува Joint Migration Task Force во Западен Балкан за да ги пресретне напливите мигранти пред да дојдат до бреговите во Обединетото Кралство. Дискусиите за илегалната миграција дојдоа на дневен ред откако Стармер го откри така наречениот Immigration White Paper кој претставува план за да се намали миграцијата.

Премиерот очекува да ја види соработката на Албанија во акција за време на посетата, бидејќи двете држави ги удвоија напорите за откривање фалсификувани документи, нелегални финансиски текови и пари за миграција. Обединетото Кралство ќе ги зголеми напорите да ги разбие криминалните мрежи кои што ја поттикнуваат илегалната миграција низ Западен Балкан. Премиерот Кир Стармер ќе ја почне дводневната посета на Тирана денеска, за да ја засили соработката за миграција и да ги прошири успешните заеднички иницијативи со Албанија и повеќе држави од регионот. Ова доаѓа откако тој неделава го откри планот на владата за имиграцијата (White Paper), разбирлив план што ќе ја намали миграцијата во Обединетото Кралство. Стармер при посетата во Албанија ќе го посети пристаништето Драч за од прва рака да види како се одвива британската соработка во пресретнувањето на шверцери на луѓе, задржувањето на идни мигранти и фаќањето на криминалци што се служат со фалсификувани документи. Британската соработка со Албанија подвлекува како овој владин пристап на пресретнување и сечење на бранот мигранти драматично може да ја намали нелегалната миграција кон британските брегови. Пристигнувањето на малите бродови од Албанија во последните 3 години е намалено за 95 проценти додека бројот на Албанци што се враќаат во земјата се удвои во последните 2 години. Во 2024 имаше 5,294 Албанци што се вратија, а претходната година 2,035. Но, премиерот јасно стави до знаење дека владата не може да биде статична за овој успех и додека е во Албанија неделава, очекува да ја објави експанзијата на Joint Migration Task Force и со Северна Македонија, пишува на сајтот на Обединетото Кралство.

Се додава дека овој Task force (работна група), се состои од професионалци од различните држави кои што се вклучени во дизајнирање и спроведување на операции за детекција, задржување и менаџирање на илегална миграција. Обединетото Кралство ќе сподели поголемо количество разузнавачки информации за да им дозволи на локалните власти да пресретнат шверцерски банди, а ќе бидат дадени и британски дронови за пресретнување на истите банди што им помагаат на мигрантите низ Западен Балкан на патот до Обединетото Кралство. Се наведува и дека на Албанија Обединетото Кралство ќе ѝ даде 2 машини за детектирање фалсификат пасоши. Се планира и програма за оние Албанци што се фатени и вратени во Албанија, да се реинтегрираат во албанското општество и да не се обидуваат пак илегално да мигрираат (ова ќе биде правено со програма за нивно вработување дома, особено во северна Албанија каде се враќаат најголемиот број нелегални мигранти вратени од Обединетото Кралство). ВМРО-ДПМНЕ, исто така, во официјално соопштение наведе дека договорот не содржи одредба за отворање на мигрантски кампови во Македонија.
Јавно и недвосмислено потврдуваме – такво нешто не постои. Во документот нема ниту една одредба, најава или формулација што се однесува на отворање или организирање на каков било камп за мигранти на македонска територија. Текстот е јавно достапен и секој може да го прочита. Дополнително, ниту еден сериозен медиум – домашен или меѓународен – кој известуваше од Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, не ја спомена оваа фабрикувана теза. Причината е едноставна – затоа што тоа не е вистина, велат од владејачката партија.

Премиерот Христијан Мицкоски наведе дека „договорот за стратешко партнерство ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така натаму. На заедничка прес-конференција со амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија Метју Лосон, на самиот амбасадор му беше поставено прашањето дали ќе има кампови во земјава за прифаќање мигранти како што беше наведувано во македонските и во британските медиуми. Како дел од договорите, земјата се согласи да се приклучи на заедничката мисија во однос на мигрантите. Но, тоа се однесува на соработка на полициските сили, справување со криминални банди и подобро споделување разузнавачки информации, што веќе се прави со неколку други европски земји. Сосема друга приказна е прифаќањето мигранти, не се работи за тоа. Сакам да бидам јасен во тој дел, изјави амбасадорот Лосон. Во врска со делот од објавата дека со парите од стратешкото партнерство ќе се градел „Клинички центар што ќе ги опфаќа Скопје, Тетово, Кичево и Штип“, премиерот Мицкоски на прес-конференцијата не спомена дека ќе се гради еден нов клинички центар туку рече дека ќе се работи на доградба на веќе постоечки засебни објекти. Според тоа што го кажа Мицкоски на прес-конференцијата, дел од овие средства ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти, како изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството, вклучително завршување на клиничката болница во Штип со нов медицински факултет и студентски домизградба на болница во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово. Договорите за овие инвестиции се очекува да бидат потпишани во наредните денови. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Не е точно дека во земјава ќе се прифаќаат мигранти и азиланти. Точно е дека дел од парите ќе бидат алоцирани во инфраструктурни проекти во здравството, но не во градење нов клинички центар, туку во доградба и реконструкција на постоечките. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Трамп ги информираше лидерите на ЕУ и Зеленски за разговорот со Путин

Sase Ivanovski

Ушаков: САД и Русија планираат да разменат по девет затвореници

Sase Ivanovski

Јакимовски со критики кон ВМРО-ДПМНЕ: Никој со сила не ги тераше да лажат дека ќе ја сменат преговарачката рамка

Sase Ivanovski

Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Авион на „Луфтханза“ летал без пилот 10 минути: Копилотот се онесвестил додека бил сам во кабината

Sase Ivanovski

Западен Балкан во ќорсокак: Заматената европска перспектива го храни национализмот

Sase Ivanovski

Фетаи: АА е сè уште во власта – од 50 функционери, само тројца поднесоа оставка

Sase Ivanovski

Првиот инвестициски циклус од британскиот заем ќе изнесува 2,2 милијарди евра, вели Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

Како ќе се одредат британските фирми што ќе ги градат брзата пруга за Солун и болниците во Штип и Кичево?

Sase Ivanovski

УЈП почна со исплата: Граѓаните заработиле скоро 13 милиони евра од скенирање

Sase Ivanovski

Mакедонската економија годинава ќе порасне за 3 отсто, предвидува Европската комисија

Sase Ivanovski

Анализа на „Скај њуз“: Путин го надмудри и понижи Трамп

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Градиме уште еден мега парк и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца!

Sase Ivanovski

Трипуновски: Во изминативе 10 месеци исплативме околу 8 милијарди денари по основ на заостанати и тековни исплати на субвенции

Sase Ivanovski

Апел за помош – Кате да добие шанса за достоинствен живот

Sase Ivanovski

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

 Санте Плус Групацијата и Меѓународниот балкански универзитет потпишаа Меморандум за соработка, со значење за студентите, но и за Република С. Македонија

Sase Ivanovski

Град Скопје: Продолжува реконструкцијата на улицата Волково

Sase Ivanovski

СДСМ: Мачно е да се гледа како Лефков ја брани расцветаната корупција на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повратот на ДДВ кон етаблираните компании оди без застој, се проверуваат компаниите за кои добиваме аларм од воспоставениот систем  

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Фискалнaта консолидација останува приоритет – првпат намален јавниот долг во првиот квартал од годината

Sase Ivanovski

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski
Вчитувам....