За 11 лица, кои беа осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, постапката е запрена, затоа што засега немало доволно докази.Постапката е запрена и за Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК. Тој беше осомничен дека ја внел пиротехниката. Постапката за него е запрена додека е на лекување. Запрена е постапката и за Александар Карадаковски, управителот на хартија на фирмата ММММ Кафе, на која била издадена спорната лиценца за т.н. дискотека/кабаре. Тој почина на лекување во Литванија.На 16 март годинава во дискотеката изби пожар во која загинаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени. Од пиротехниката се запали плафонот на дискотеката. Многу европски земји помогнаа во лекувањето на повредените.
Извор: 4news.mk