Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој престојува во Москва, денеска демантираше дека побарал руско државјанство. – Ниту побарав државјанство на Руската Федерација, ниту добив, изјави Додик.
Изјавата на Додик уследи откако сараевскиот портал Фактор, повикувајќи се на Спутинк Србија, објави дека претседателот на РС добил руско државјанство.