Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека треба да се поддржи мандатот на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, но доколку има пречекорување на овластувањата, оваа мисија да се отфрли. „Задоволни сме од ЕУФОР и од мандатот што го исполнува, без оглед на различните предизвици што може да се слушнат“, рече Додик на тематската седница на Владата на Српска, пренесе Срна.
Тој посочи дека ЕУФОР не го прекршил својот мандат. „Доколку има пречекорување на овластувањата, мисијата ЕУФОР треба да биде отфрлена и да продолжиме да се бориме за понатамошната безбедносна позиција на Српска што може да ја гарантираат гарантите на Дејтонскиот мировен договор“, рече Додик.