Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по денешниот обид за негово приведување изјави дека законите на Босна и Херцеговина нема веќе да се спроведуваат на територијата на Република Српска, пренесе ХРТ. Тој рече дека не се плаши од апсење, а Агенцијата за истраги и заштита (СИПА), чии припадници се обидоа да го приведат, и Судот на БиХ ги нарече „окупаторска сила“ која тој нема да дозволи да дејствува на територијата на Република Српска.
„Ако мислат дека полицијата на РС ќе се скрие, тие се луди“, рече Додик, нагласувајќи дека се чувствува доволно заштитен. Тој додаде дека е дојдено време да се види кој ги крши законите, а на инспекторите на СИПА им порача дека дури сега ќе видат што не можат да направат. Додик, исто така, му се закани и на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, дека сега ќе види како се приведува некој „за лажно претставување“. Тој рече дека Шмит се однесувал „криминално и фашистички“. Претседателот на ентитетот излезе и со тврдења дека високиот претставник подготвува закон за статусот на државната сопственост на БиХ и се закани дека во таков случај Република Српска веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.
„Ќе се одделиме и ќе го браниме нашиот имот“, рече Додик.