Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, пристигна во Москва, каде ќе учествува на 13. меѓународен состанок на високи претставници одговорни за безбедносни прашања, јавува РТРС. Додик се согласи да учествува на 13. меѓународна средба на високи претставници одговорни за безбедносни прашања, објави претходно руското Министерство за надворешни работи на својот Телеграм канал.
Секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу закажа билатерална средба со Додик, пренесува московски Ведомости. Според министерството, на 13-тиот состанок ќе се разговара за глобалните и регионалните безбедносни прашања, „за чие решавање се потребни заеднички координирани напори на целата меѓународна заедница“. На форумот ќе присуствуваат и претставници од Индија, Никарагва, Виетнам, Северна Кореја, Тајланд, Иран, ОАЕ, Алжир и други делегации.