

По повод одбележувањето на Еуромеланома 2025, а со цел подигнување на свеста на населението за превенција, рано откривање и лекување на меланомот и другите кожни карциноми, нашите дерматолози д-р Анџелка Илиева / Andjelka Ilieva и д-р Александра Лазаревска изведоа над 60 бесплатни прегледи. На пациентите, покрај прегледите им беа поделени информативни материјали и превентивни совети за заштита од ризик факторите.