Станува збор за млад човек кој е поранешен ученик во мешовитата гимназија Бихаќ.„Тоа момче кое уби осум деца за мене е крал! Долго време подготвувам такво нешто за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр во Бихаќ, се колнам со животот! Кога сите знаевте да ме осудувате и избегнувате, поради тоа ќе има терор“, напиша младиот човек преку социјалните мрежи.
Веднаш следеше соопштението од Мешовитото средно училиште. „Ги известуваме сите ученици од нашето училиште, како и нивните родители, дека поради ситуацијата настаната поради објавата на нашиот поранешен ученик З.А., нема потреба од паника. Надлежните органи беа соодветно и навреме информирани и реагираа согласно нивните овластувања“, се наведува во соопштението.