Во Инспекциски совет постои платформа Е-инспектор за водење на редовните и вонредни инспекциски постапки и сите државни инспекторати завршија обука за користење на системот кој е интероперабилен со Централен регистар, Агенција за вработување, Службен весник и други институции во државата но, некој треба да види зошто не се применува во пракса!
Државните испекторати во 2024 година започна дел од вонредните надзори да ги прави преку Е- инспекторат. Од септември 2024 година требаше да започне со планирање на месечните планови за редовни инспекциски надзори преку системот на Е- инспектор согласно проценката за оцена на влијанието на инсталациите врз животната средина со цел да се избегне субјективноста на инспекторите при избор на субјектите кои ќе ги контролира.
Инспекцискиот совет можеше да го следи водењето на постапката при секој инспекциски надзор на инспекторите од различни инспекторати и имаше увид во инспекциските акти. Треба уште системот за Е- инспектор да се адаптира за да можат и граѓаните да ги видат инспекциските акти: записници и решенија. Останува на Владата дали ќе постави квалитетен кадар да ги водат инспекторатите или се ќе се сведе на импровизација без одговорност која е покриена со политичка арогантност и незнаење, а последица ќе биде ” кој е следен” – човекот или животната средина?!
