Што навистина значат ретките метали? Терминот „ретки“ не се однесува на нивната распространетост во Земјината кора, туку на нивната ретка употреба во минатото. Сепак, некои од нив навистина се ретки во однос на нивната застапеност. Во Македонија со месеци се поставува прашањето: Што значи барањето на претседател на САД за искористување на минералните суровини од Украина во замена за разузнавачка и воена помош? Ако некој се сомнева дека нашите научници немаат одговор на оваа тема, се лаже, бидејќи одговорот е едноставен – не се работи за милијарди, туку за трилиони евра рудно богатство во минералните суровини. Што поседува Украина? Министерството за заштита на животната средина и природни ресурси на Украина тврди дека земјата има најголеми резерви на графит и литиум во Европа, при што резервите на графит сочинуваат 6% од вкупните светски залихи. Дополнително, Украина поседува најголеми резерви на титаниум во Европа, кои би можеле да ја задоволат побарувачката на САД и ЕУ за наредните 25 години.
Згора на тоа, Украина тврди дека има најголеми резерви на ураниум во Европа и залихи на берилиум доволни да ја задоволат глобалната продукција во следните 40 години. Овие природни ресурси се клучни за производство на батерии, оклопи, одбранбени материјали и нуклеарно гориво. Што сака Доналд Трамп? Партнерството со Украина за обезбедување природни ресурси може да ја намали зависноста на САД од Кина и Русија за увоз на овие минерали. Украина тврди дека повеќе од половина од светското снабдување со ураниум доаѓа токму од Кина и Русија. Каде е интересот на Македонија? Мораме да се соочиме со реалноста – во минатото, а и денес, за рудните богатства разговараат личности без никаква научна основа во геологија, рударство и екстракција на метали. Наместо тоа, овие личности водат лукративни игри за сопствени интереси и, најверојатно, за туѓи „бели дворови“ кои не ѝ мислат добро на Македонија. Неопходно е ова да се промени и да почнат да се слушаат експертите, професорите, научниците, луѓето со вистинското знаење за минералното богатство на Македонија и како тоа да се искористи во бенефит на државата, граѓаните и со највисок степен на заштита на животната средина.
Пред да дефинираме што се ретки метали, мора да се потсетиме на некои клучни законски измени: – Закон за минерални суровини – воведе забрана за употреба на цијаниди и сулфурна киселина во процесите на лужење и флотација, освен за постојните рудници, кои во најголем дел се во сопственост на компании кои се поврзуваат со Руската Федерација. – Закон за животна средина – забранува изградба или реконструкција на загадувачки индустриски капацитети (Г1) на помалку од пет километри од населено место или заштитено подрачје. Во јануари 2023 година, извршниот директор на Стопанската комора, м-р Антони Пешев, јасно порача дека ова законско решение ја затвора индустријата која придонесува со 60% од македонскиот буџет. Зошто сега се споменуваат ретките метали? Одредени „екологисти“ сега бараат четирите хидројаловишта во Македонија да се вклучат во Законот за минерални суровини, тврдејќи дека содржат ретки метали. Нивната аргументација се темели на „експертски“ анализи чиј извор никој не го знае.
Што навистина значат ретките метали? Терминот „ретки“ не се однесува на нивната распространетост во Земјината кора, туку на нивната ретка употреба во минатото. Сепак, некои од нив навистина се ретки во однос на нивната застапеност. Франциумот е најреткиот елемент – според научните истражувања, на Земјата останале само неколку унци. Ретките метали се делат на пет групи: – лесни ретки метали, – тешко топливи ретки метали, – расеани ретки метали, – радиоактивни ретки метали, – ретки земји. Денес познатиот Периоден систем содржи 118 елементи, од кои 90 се природни, а останатите се вештачки создадени. Како граѓани имаме должност да ги препознаеме и разобличиме сите деструктивни сили кои сакаат да ја уништат економската и научната иднина на Македонија.