„Ние сме чекор напред по однос на изборот за кандидати за градоначалници, повеќе од пола година вршевме теренски анкети и анкети на целокупното јавно мислење на граѓаните, како и анкети внатрепартиски по однос на поддршката за идни градоначалници на локалните избори. Веќе имаме 25 кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ е партија која она што го ветила го реализира и отчетно го презентира пред граѓаните, после изборот на сите градоначалници ќе пристапиме кон отчетност за сработеното на сите градоначалници изминативе 4 години, иако сум цврсто убеден дека над 90 проценти од програмите коишто ги ветија актуелните градоначалници веќе се исполнети “, рече Донев.
Пратеникот во емисијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува историска победа на локалните избори, а во однос околу изборот за кандидатот за градоначалник на градот Скопје дека ќе биде избран најдобриот.„Околу кандидатот за Скопје сметам дека нигде нема “жежок костен“, затоа што сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои историска победа на претстојните локални избори. Не можам да споменувам имиња, затоа што повеќе имиња се во тек и оној кој што ќе биде најдобар и на мерењата и на она што го има како проект и програма, за во идниот период, ќе биде избран од страна на партијата“, вели Донев.