15 C
Скопје
28/03/2025 15:20
МАКТЕЛ

    

Досега го прибиравме ѓубрето од Балканот, а сега го сакаме и отпадот од ЕУ!

      

Увозот на отпад не е новина, бидејќи веќе со години го увезуваме балканското ѓубре, иако не знаеме да се справиме ниту со нашето. Но, најавата дека сме заинтересирани и за отпадот на земјите-членки на ЕУ, дополнително го засили алармот. На хартија, увозот на отпад, кој е дозволен само за преработка, нуди сигурност, но фактот за слабата контрола, пак, веднаш шири реа за матен бизнис. Информацијата дека Македонија е заинтересирана за увоз на отпад од земјите-членки на ЕУ, ги крена граѓаните на нозе. Податокот дека станува збор за неопасен отпад, ниту малку не ја ублажи ситуацијата, поради хроничниот проблем со загадувањето, а за кој државата со години не може да го пронајде лекот. Имено, Македонија ја информирала Европската комисија (ЕК) дека сме заинтересирани да увезуваме неопасен отпад од ЕУ. Станува збор за листа од 18 видови отпад, и тоа: метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, како и маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло. По ова следува фаза во која Европската комисија ќе одлучи дали државата има капацитет да управува со овој отпад, согласно законите и стандардите на ЕУ. Новата регулатива на ЕУ за увоз, извоз и транзит на отпад е на сила од минатата година, но примената ќе почне од 2027 година. Информацијата го вклучи алармот, но реалноста е дека тој свири уште од многу одамна, бидејќи Македонија и сега, но и низ годините, увезува отпад од странство, иако нема капацитет и ресурси да се справи и со домашното ѓубре. ПРЕДНИЧИ БУГАРСКОТО ЃУБРЕ

Според официјалната статистика, во изминативе пет години, најмногу ѓубре сме прибрале од балканските држави, поточно од повеќето соседи. На прво место е Бугарија, а потоа следуваат Косово, Србија и Албанија, а тука влегува и малку подалечната Италија. „Фокус“ побара и доби податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа од кои земји во изминатите пет години, или поточно од 2019 до 2024 година, сме извршиле увоз на отпад. На листата се наведени десетина земји, но најмногу се издвојуваат четири балкански земји. Па така, збирно за изминатите пет години, најмногу отпад влегол од Бугарија, и тоа 27.748 тони, од Косово 26.869 тони, Србија 20.337 тони, Албанија15.074 тони, а како петта влегува малку подалечната Италија со 6.256 тони. По години, пак, бројките покажуваат дека значително најмногу отпад во државата влегол во 2019 година, а минатата година најмалку. Или по години, во 2019 година бил увезен 42.480 тони отпад, следните две години по околу 15.000 тони, во 2022 година 18.169 тони, во 2023 година 16.835 тони и лани најмало количество од 13.105 тони. Значителниот пад на увозот на странското ѓубре најверојатно се должи на фактот што на почетокот на 2020 година беа донесени измени на Законот за управување со отпад. Дотогаш во Македонија беше дозволен увоз на отпад за преработка и за извор на енергија, а беше забранет само за складирање. Со измените се забрани увезениот отпад да се користи како извор на енергија, а за кој најголем потрошувач е индустријата. Предлагачи на законските измени беа пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска. – Со законските измени ќе се постигне поголема заштита на животната средина и, пред сѐ, на здравјето на луѓето и ќе се укине можноста за увоз на отпад, кој со одредбата во претходното законско решение се користеше како извор на енергија, објаснуваа пратеничките. Од Зелен хуман град, во изминатиот период, постојано предупредуваа дека најголемиот загадувач – индустријата лобира за нови законски измени со кои повторно ќе се дозволи увоз на отпад за согорување. – Спалувањето на отпадот е еден таков процес, кој е високоризичен по човековото здравје. Дури и тие земји каде што системот функционира, имаат проблем со остатоците од процесот на спалување, алармираат од Зелен хуман град.

   

ЗОШТО ВООПШТО БАРАМЕ УВОЗ?

За разлика од Државниот завод за статистика, од каде што добивме прецизни информации за увозот на отпадот, од Министерството за животна средина ни порачаа да ги прочитаме нивните годишни извештаи и таму да ги најдеме бараните податоци. На нашата забелешка дека таму има по една реченица за увозот, и тоа на количество што значително се разликува од податоците од ДЗС, но и без детали од кои држави колку увезуваме, до затворањето на неделникот не добивме повратен одговор. На прашањето, пак, од кои земји најмногу увезуваме отпад и за чии потреби, бидејќи е дозволен само за преработка, ни посочија: – Најчесто се увезува отпад од Бугарија, како ЕУ земја-членка и од Косово, Албанија, Србија и од Црна Гора. За информацијата, пак, што ја вознемири јавноста, дека државата ја известила ЕК дека сакаме да увезуваме отпад од земјите на ЕУ, побаравме одговор од каде е потребата за ваквото барање и дали овој отпад би се користел само за преработка, ни испратија половичен одговор. – Ова е одлука, односно покана за произнесување од Европската комисија доставена до сите земји што не се членки на ЕУ и ОЕЦД, ние не сме исклучок, кои требаше да изразат интерес за увоз на отпад од земји-членки на ЕУ, ни одговорија од Министерството. Според објаснувањата од ЕК, новата европска регулатива е донесена со цел да се спречи илегален извоз на отпад од земјите-членки на ЕУ во трети земји и да се осигури еколошко управување со увезениот отпад. Односно, се забранува извоз на отпад од ЕУ членки во трети земји, кои не се членки на ОЕЦД, како Македонија. За да може да увезува отпад, како што тоа досега сме го правеле од Бугарија, државата мора да поднесе барање, што е направено во случајот. Врз основа на ова барање, Европската комисија ќе одлучи дали нашата држава ги исполнува условите за управување со отпад и во зависност од тоа ќе одлучи дали државата ќе може да го увезува побараниот отпад од ЕУ. Еден од условите е дали капацитетите што го примаат нивниот отпад имаат независна ревизија.

ПОПОВСКА: НАДВОР ОД УМОТ Е ДА УВЕЗУВАМЕ ОТПАД! Поранешната пратеничка и активен екологист Лилјана Поповска посочува дека јавноста со право е загрижена од интересот на државата да увезуваме отпад од земјите на ЕУ, коментирајќи дека ние не знаеме да се справиме ниту со домашното ѓубре. – Зошто се враќаме на старата патека? Со законските измени, кои беа макотрпна и повеќегодишна борба, го забранивме увозот на отпад што дотогаш се користеше како енергенс, односно за горење. Кај нас нема затворени системи, што значи дека овој отпад се гореше, а отпадните штетни материи завршуваа во воздухот што го дишевме. Затоа не ми е јасно зошто по една таква битка повторно да влегуваме во нови матни приказни, реагира Поповска. Таа додава дека повторно се создаваат сомнежите за матни бизниси, кои го загрозуваат здравјето на сите граѓани. – Кај нас нема елементарна селекција на отпадот, ниту постројки за рециклажа. И сега постојат сомнежи дека законот не се почитува и дека повторно се користи отпад за енергенс, за горење, а не пак да се враќаме на почетокот. Надвор од умот е! Доколку навистина има потреба, треба да има јасен пат, да се знае прецизно што се увезува и за каква потреба, но и сето тоа да подложи на строга контрола, децидна е Поповска. Таа појаснува дека под етикетата на инертен отпад, досега во државава влегувало ѓубре што, сепак, се користело за согорување. Во Министерството за животна средина прашавме како се регулира увозот на отпад, односно дали се вршат испитувања во соодветни лаборатории или само се верува на декларациите за извоз? Од таму ни предочуваат дека со Законот за управување со отпад се пропишуваат видовите на отпад, условите за извоз, увоз и транзит на отпад, методите за надзор над извозот, увозот и транзитот на отпадот, како и формата и содржината на образецот на дозволата за извоз, увоз и транзит. – Ова се применува од 2004 година, кога е и за првпат донесен Законот. Законот ги пропишува процедурите и условите за добивање дозвола за увоз, извоз и транзит на отпад во/од/низ Република Македонија, во зависност од видот на отпадот, неговото потекло, земјата на прифаќање и маршрутата на транспорт и типот на третманот што ќе се спроведе врз отпадот на местото на прифаќање. Исто така, законот се базира на меѓународните прописи, кои се однесуваат на пратките на отпад (вклучително и барањата на Базелската конвенција за контрола на прекуграничното движење на опасниот отпад, чиј потписник е и Република Северна Македонија), велат од Министерството. Додаваат и дека во 2016 година, Министерството донело Правилник зa начинот на одобрување на извозот, увозот и транзитот, видовите на отпад согласно режимот на контрола на отпадот, жолта и зелена листа, формата и содржината на обрасците за писмено известување и општи информации, начинот на постапување со истите… ОТПАДОТ ВЛЕГУВА НА „ЖИМИ МАЈКА“? Од надлежното Министерство велат и дека во Македонија дозволен е увоз на отпад исклучиво за преработка. – Увозот на отпад заради отстранување (читај депонирање, како единствена постапка за отстранување на отпад) е забрането со овој закон. Дозволен е увоз на отпад исклучиво за преработка. Отпадот што се увезува е главно отпадно железо (најголем увозник е „Макстил“, бидејќи за нив тоа е основна суровина), отпадни акумулатори и други видови метали (за овие видови отпад постојат преработувачки капацитет во земјава). Дозволите, пак, што ги издаваат за увоз на отпад содржеле точни податоци за тоа кој има намера да го испорача отпадот и се приложуваат низа документи за движење на пратката отпад. Од товарен лист, информации и документи, кои се однесуваат на транспортерот, увозникот (капацитетот каде ќе заврши отпадот – примачот), склучен договор меѓу известувачот и примачот на пратката отпад, документ за обезбедена финансиска гаранција до дополнителни информации, кои ја опфаќаат испораката на отпад од почетното место на испраќање до местото на прифаќање, вклучувајќи ги и привремените активности за преработка и отстранување.

И дотука се чини дека сѐ е во ред, односно изгледа дека секој детаљ е опфатен. Но, она што е проблематично, е доколку македонските царинари сакаат да направат контрола на отпадот, односно да видат дали сѐ што е напишано во документацијата навистина е натоварено во камионот, тоа нема да можат да го сторат со сигурност. Или, просто речено, увозот во голема мера се врши на „жими мајка“! Ваквиот ризик постојано демне бидејќи понекогаш карактеризацијата на отпадот што се приложува во документацијата може да биде спорна, и во тој случај во Македонија не постојат услови за контрола на отпадот што се увезува, бидејќи немаме акредитирана лабораторија за карактеризација на отпадот. – Што се однесува до акредитирани лаборатории, во Република Северна Македонија има акредитирани лаборатории за различни методи (методи за испитување на цврсто гориво (кокс, јаглен), методи за процент на сулфур и сл), но акредитирана лабораторија за испитување отпад нема, велат соговорници на „Фокус“. Пред некоја година, Бугарија, земјата од која најмногу увезуваме, се соочи со неколку еколошки афери, поради што се донесоа засилени мерки за контрола. Се предлагаше да се ограничи бројката на гранични премини и пристаништа преку кои ќе се внесува отпад, а увозниците да бидат под засилени контроли. Беше предвидено и по влезот на граница, камионите со џи-пи-ес да бидат следени дали навистина одат до декларираната дестинација. Исто така, предвидуваа и да се воведат неколку кодови за ризична стока, која ќе биде под посебен надзор. Банкарските гаранции, пак, да бидат обврска за сите, не само за крајниот нарачател, туку и за сите трговци за синџирот со отпад. Да биде поставен информациски систем, кој ќе има тристепена контрола во секое време, на границата, на локацијата за обработка и во ресорното Министерство. За жал, освен што им го преземаме ѓубрето, засега не ги копираме и бугарските засилени идеи за контрола.

ИТАЛИЈАНСКИОТ ОТПАД ПРВ ЗАСМРДИ Шпекулациите за нелегален увоз на странско ѓубре во нашава држава се разгореа кон крајот на 2016 година, кога италијанските медиуми објавија дека опасен отпад натоварен од Италија во 1.130 контејнери тргнал кон Македонија и требало да се истовари на депонијата „Дрисла“. Пратката товарена на брод тргнала од пристаништето „Џоја Тауро“, Италија, и стигнала во Драч, Албанија, но официјално не го минала граничниот премин „Ќафасан“. Италијанските медиуми располагаа и со голем број детали, од регистарски таблички на возилата, до датумот на кој требало да се изврши испорака на пратката. Раководството на скопската депонија „Дрисла“ тогаш за „Фокус“ изјави дека тие досега не увезле ниту еден килограм странски отпад, оградувајќи се од пишувањата на италијанските медиуми дека отпадот бил наменет за „Дрисла“. Но, дека, сепак, имале намера да увезат отпад, сведочеа документите од Министерството за животна средина, кои открија дека „Дрисла“ побарала увоз, но не ѝ беше дозволено. Покрај мистериозно исчезнатиот отпад, за кој постоеја сомнежи дека може да бил и радиоактивен, италијанските медиуми пишуваат, а приложуваат и документи, дека во февруари 2016 година, четириесет општини од Италија со тогашниот концесионер на „Дрисла“, италијанскиот конзорциум „ФЛЦ Амбиенте“ ДОО, потпишале резолуција за прекугранично располагање со нивното ѓубре. Но, и македонската царина демантираше дека отпадот влегол во Македонија, а и албанските власти тврдеа дека италијанското ѓубре не е на нивна територија, па така огромни контејнери, во кои имало по 22 тони ѓубре, исчезнаа преку ноќ. Буквално како земјата да проголта 28.600 тони ѓубре, но не е познато дали во Албанија или во Македонија. Од тогаш се чини ништо не е сменето. Сомнежот за недозволен увоз на отпад постојано се разгорува, а надлежните и понатаму упорно тврдат дека нѐ труе само нашето ѓубре, а не и странското.

НЕЛЕГАЛНИОТ ПАТ НА ОТПАДОТ

Токму поради неможноста или недоволната волја за дополнителни контроли на отпадот, кој се пропушта во државата, од невладините организации се сомневаат дека под превезот на легалниот увоз се внесува и опасен отпад за уништување. Ова се информациите и на соговорникот на „Фокус“, кој е доброупатен во бизнисот со отпадот. Тој, под ветување дека неговиот идентитет ќе се чува во анонимност, ги споделува своите сознанија. – Верувам, односно убеден сум дека отпадот од Италија влегол во Македонија. Моите сознанија се дека отпадот најпрвин бил преработен во фабрика во Албанија, а потоа како суровина, бил внесен во нашата држава. На истиот начин низ годините влегуваше италијански отпад и преку Бугарија, вели нашиот соговорник. Но, според него, наместо како суровина за преработка, овој отпад завршува низ депониите во Македонија. – Најмала веројатност има овој отпад да оди на „Дрисла“, таму има најголема контрола. Но, затоа останатите локални депонии се без надзор. Таму се остава, а неретко депониите се палат, па тогаш се уништува и овој опасен отпад, вели нашиот извор, кој додава дека не случајно мапата на загаденост веќе одамна е проширена низ цела држава. Во таа насока, случајно или не, и официјалните податоци покажуваат дека најголемо количество отпад увезуваме од Бугарија, Косово, Србија, Албанија и од Италија. На крајот на краиштата, официјалните бројки од Државниот завод за статистика, навистина покажуваат дека увозот на отпад, кој својот бум го имал од 2016 до 2019 година, значително е намален во изминатите неколку години. Сепак, тоа не е гаранција дека во државата воопшто не влегува странски отпад по нелегален пат. За да се отстрани овој сомнеж, неопходни се засилени контроли и мерки. Сѐ друго е сеење магла или во случајот на токсичен воздух.

ИТАЛИЈАНСКАТА МАФИЈА „КОМОРА“ УШТЕ ВО 2011 ГОДИНА Ѝ ФРЛИЛА ОКО НА МАКЕДОНИЈА  Новинарите што ја истражувале италијанската мафија „Комора“, која се занимавала со отпад, уште во 2011 година ги предупредиле албанските граѓани дека нивната земја може да стане депонија на Европа. Истакнале дека италијанската мафија се фокусирала на депониите во Албанија, Хрватска, Србија и во Македонија, гледајќи можност за „гледање низ прсти“ на локалните власти, за нелегалниот увоз на отпад. Тие предупредуваат и дека еколошката мафија работи со забрзано темпо, бидејќи се работи за неверојатна заработувачка. Според проценките, секоја година од овој нелегален, бизнис-мафијата заработува 22 милијарди евра. Токму затоа, мафиите како „Коза Ностра“, „Камора“, „Ндрангета“ и „Сакра Корона Унита“ се насочиле кон бизнисот со нелегалниот отпад. УВОЗ НА ОТПАД ПО ГОДИНИ (ДЗС)                                                                                       ГОДИНА             ТОНИ ОТПАД                                                                                                              2014                     5.599

2015                    22.919

2016                    53.225

2017                    52.048

2018                    52.250

2019                    42.480

2020                    14.950

2021                    14.861

2022                    18.169

2023                    16.835

2024                    13.105

ЗАГАДУВАЊЕТО ОДЗЕМА НАД 4.000 ЖИВОТИ ГОДИШНО Македонија губи 4.175 животи годишно поради заболување на граѓаните што го добиваат од изложеноста на загадениот воздух. – Долготрајната изложеност на високо ниво на загадување на воздухот е поврзана со повисоки стапки на смртност од кардиоваскуларни болести, респираторни заболувања и рак. Кога станува збор за амбиентното аерозагадување, станува збор за еколошка нееднаквост, која ги влошува здравствените разлики, што доведува до повисоки стапки на астма, кардиоваскуларни болести и други здравствени проблеми, особено на оние сиромашните и социјално загрозените групи на население, алармираат од ИЈЗ. Пишува: Валентина ВУРМО

  

Најново

Каранфилова Пановска: По тешката трагедија во Кочани мора да има промена на целокупниот институционален систем

Sase Ivanovski

ДУИ бара Европската комисија преку нејзини експерти да ја следи истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел се подготвува за војна, но Унгарија нема да војува со никого

Sase Ivanovski

Системот ЕТИАС е одложен, уште две години ќе се патува во Шенген без дозвола за патување

Sase Ivanovski

Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ, вели евроамбасадорот Рокас

Sase Ivanovski

Сестрата и таткото на Фросина со обвинувања кон „Кој е следен“:„Политички глодари, политички некрофили…

Sase Ivanovski

Управата за финансиска полиција демантира дека не постапувала по пријавите на вработени од „ONE HOSPITAL“ – Тетово

Sase Ivanovski

Професор д-р Иван Анастасовски: Државата може да се организира само преку уредување на пoлитичките партии

Sase Ivanovski

ДОМ: Кривична пријава за екоцидот на Крива река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Костова: Наредната недела претседателот Филипче ќе повика на лидерска со предлог план

Sase Ivanovski

Таравари: Денес 8 пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште 9 пациенти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова: Како врховна командантка на вооружените сили се гордеам со Армијата како наш важен актер во НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОСТАВУВАЧ НА ПИЦИ УПАДНА НА ПРЕС НА АНА БРНАБИЌ, ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ДО КОГА ЌЕ ГО ЛАЖАТ НАРОДОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПШТИНА КАРПОШ , Јакимовски: Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува сите прописи, два ноќни клубови одбиваат соработка и се ставаат над законите!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИ ЗГРАДИ ПАЃАА КАКО КУЛИ ОД КАРТИ ВО БАНКОК ДЕНЕСКА ПОРАДИ ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,7 РИХТЕРИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Кристина Костова: Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски, додека собира донации за жртвите од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пресконфренција – Сашко Митовски: Водите на Крива Река се со зголемено присуство на тешки метали

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на СДС нема крај, сега се зголемуваат платите, а пензионерите за 6 месеци имаат повисоки пензии за 5.000 денари

Sase Ivanovski

ЧЛЕНОВИ НА ГРОМ: СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ПОВТОРНО ЌЕ ПОБЕДИ ВО КАРПОШ!

Sase Ivanovski

ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ЈА ЗАТРЕСЕ БИТОЛА Епицентарот бил во Грција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паника во Банкок по земјотресот во Мјанмар, стотици луѓе бегаат од дома

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Скопски кафич на денот: Бреадвеј на улица Македонија на Рекорд

Sase Ivanovski

МЕП: Муртезани и Рокас: Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива за граѓаните и економијата

Sase Ivanovski

Трагедијата во Кочани и понатаму го тресе регионот – Што се крие позади несреќата во Македонија?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски, а Филипче да каже како поставил лице конзумент на дрога на партиска функција

Sase Ivanovski

Aзески: Жените треба да добиваат по 3 години платено породилно отсуство

Sase Ivanovski

Aзески: По преспанскиот договор бизнис климата на балканот е подобрена милион пати

Sase Ivanovski

Таравари: Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик со партиите ВЛЕН за локалните избори

Sase Ivanovski

Муцунски: Работен состанок по повод 5 години членство на државата во НАТО

Sase Ivanovski

АТС ГРУП И ТУРСКАТА МКЕ ПОТПИШАА СТРАТЕШКИ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ОДБРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА

Sase Ivanovski

ОТКЛУЧИ ГО МИЛИОНОТ НА „SPORT LIFE“

Sase Ivanovski

Во Виена денес некој со Bugatti Chiron (цена 2.5-3 милиони евра) возел 119 km/h низ центар. Му ја одземале и дозволата и колата

Sase Ivanovski

Муцунски: Денеска ги примив вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада со седиште во Белград, Мишел Камерон, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон

Sase Ivanovski

Муцунски: Денеска се обратив на потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу домашната компанија АТС Груп и турската државна компанија МКЕ – водечки субјект во одбранбената индустрија на Република Турција

Sase Ivanovski

Бил Гејтс: Вештачката интелигенција ќе ги замени лекарите и наставниците во рок од 10 години

Sase Ivanovski

Вин Вин 27.03.2025

Sase Ivanovski

Шест градежни фирми и три угостителски објекти затворени во охридско-струшкиот регион

Sase Ivanovski

Вреди ги гради позициите за локалните – има недоразбирања ама и конструктивност, велат лидерите

Sase Ivanovski

Марковски: Ланец од незнаење, јавашлук, незаинтересираност и неодговорност доведе до ваков резултат

Sase Ivanovski

Путин: Украина може да биде ставена под привремена администрација

Sase Ivanovski

Британскиот крал Чарлс III итно хоспитализиран, откажани сите активности

Sase Ivanovski

Нетанјаху: „Антисемитизмот е болест што им се заканува на цивилизираните општества“

Sase Ivanovski

„Кој е следен“ најавува нов собир во сабота пред Собрание:„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата“

Sase Ivanovski

Тијана Ристовска: Корупцијата не е само поткуп на највисоко ниво, таа е во секојдневните размени на услуги

Sase Ivanovski

Авион на Владата на РС слета утрово во Белград, во него е најверојатно Додик

Sase Ivanovski

Матоши: Во РСМ може да се случи голем судир околу нејзината насоченост! – Албанците се за евроатлантските вредности

Sase Ivanovski

Филипче: Страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок

Sase Ivanovski

Американското Министерство за здравство ќе подели 10.000 откази

Sase Ivanovski

Иранските власти испратија официјален одговор на Трамп на неговото писмо

Sase Ivanovski

Албанскиот премиер Рама потврди дека постапката за затворање на ТикТок е завршена

Sase Ivanovski

Русија нуди нуклеарна технологија за мисијата на Маск на Марс

Sase Ivanovski

СПОРТ КЛУБ ЌЕ БИДЕ ИЗГАСНАТ Сите преноси се селат на „Арена спорт“

Sase Ivanovski

МАРАТОНСКИОТ МЕЧ ЗАВРШИ СО ПОБЕДА ЗА КАЛИН ИВАНОВСКИ Македонскиот тенисер го совлада Биелински во Опатија

Sase Ivanovski

БРАЗИЛСКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР Хекберт е двоен шампион на Јужна Америка

Sase Ivanovski

ТУРСКИОТ ГИГАНТ МКЕ ЌЕ ОТВОРИ ФАБРИКА ЗА БАРУТ ВО МАКЕДОНИЈА Ново поглавје во соработката во одбраната меѓу двете земји

Sase Ivanovski

ОВА НЕКА НИ БИДЕ ПОСЛЕДЕН АЛАРМ Гаши вели дека трагедијата во Кочани треба да ги отрезни институциите

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ЌЕ НАПРАВИ СÈ ЗА ЕКОНОМСКИ И СОЦИЈАЛЕН ПРЕПОРОД НА КОЧАНИ Мицкоски вели дека се вложуваат натчовечки напори за спасување на повредените

Sase Ivanovski

Касами: Партиите од ВРЕДИ заедно ќе настапат на локалните избори во октомври

Sase Ivanovski

Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема

Sase Ivanovski

Од девет чаирски училишта, седум биле без имотен лист, вели Ганиу

Sase Ivanovski

Јужните ЕУ-држави го отфрлија планот за заедничка одбрана на Фон дер Лајен

Sase Ivanovski

Ренци: Италија попусто потроши милијарда евра за прифатните центри во Албанија

Sase Ivanovski

Киев: Путиновиот пропагандист Соловјов поттикнува геноцид над Украинците

Sase Ivanovski

Зеленски: Русија подготвува две големи офанзиви напролет

Sase Ivanovski

Како Путин повторно го изманипулира Трамп: Маневар што ѝ даде предност на Русија за во иднина

Sase Ivanovski

Попов: Возможно е рестартирање на државниот систем, а институциите да ги вратиме барем на нивото кое го имаа при осамостојувањето

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 48

Sase Ivanovski

Ќе ја растури ли Таравари Вреди пред локалните избори?

Sase Ivanovski

Десет добри причини зошто сè уште ни треба Вирџинија Вулф: „Ако не ја кажуваш вистината за себе, не можеш да ја кажеш ни за другите луѓе“

Sase Ivanovski

Се бараат седум години затвор за Саркози за земање поткуп од Гадафи

Sase Ivanovski

Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Kочани, за двајца градоначалници ОЈО поднесе жалба

Sase Ivanovski

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Sase Ivanovski

Внимание! Како размислуваат граѓаните по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Секој треба да има елементарно познавање за противпожарна заштита, вели Илијев

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Би сакале Милановиќ да ни се придружи во нашата политика во однос на Украина

Sase Ivanovski

Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се продаваат на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија

Sase Ivanovski

Апелација утре ќе одлучува за жалбите на ОЈО за куќниот притвор на двајцата екс градоначалници

Sase Ivanovski
Вчитувам....