31.3 C
Скопје
20/06/2025 14:27
МАКТЕЛ

   

Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд

      

Kако парче месо што се одбира за скара – вака се чувствуваат дел од жените кога се на интервју за работа
„Косата ми беше кратка и ми кажаа дека тоа не остава добар впeчаток за жена и исто така ми беше кажано еднаш додека бев на работно место – ’Насмевни се малку, ги бркаш мажите така ненасмеана’ ова ми беше кажано додека местев банери пред настан” – Испитаничка на возраст меѓу 25 и 36 години.

Ова е само една од бројните изјави кои истражувачкиот тим на ТРН ги доби како одговор на Прашалникот со кој ја истражувавме дискриминаторската пракса при вработување на жените. Истражувањето е збир на искази од жени на различни позиции, од услужни дејности до судство и пратенички.
На анкетата која беше спроведена во временски период од 2 месеци одговорија 56 жени од кои 50% од испитаничките се на возраст од 35 до 50 години, што ни даде можност директно да ги набљудуваме искуствата на групата која веќе подолг период е на пазарот на труд и поседува поголемо искуство во процесите на вклучување на пазар на труд.

   

До крајот на Прашалникот, 80% од анкетираните учеснич(к)и можеа да наведат барем еден пример каде директно или индиректно им било укажано дека нивниот изглед влијаел на нивно кариерно напредување или добивање на работата, а повеќе од 50% потврдиле дека нивниот изглед влијаел на нивните шанси за вработување. Една од првите изјави која ни посочи на фактот дека истражувањето ќе биде содржинско и полно со споделени искуства беше изјавата на една од испитаничките вработена во медиум која посочи дека за време на едно интервју се почувствувала како „парче месо кое се одбира за скара“.

Филмската режисерка Ана Јакимска која при крајот на нејзините дваесетти години има студирано во Скопје и Лондон на филмска уметност посочува дека една од професорките која била воедно и нејзина менторка во една прилика и посочува дека треба да го искористи фактот што е млада жена за да си ги зголеми шансите за напредок во кариерата.
„Ова подразбираше внимавање на изгледот и себе-претставување на конференции и јавни настани како слободна девојка, никогаш јавно видена со партнер. Болното во овој нејзин совет беше тоа што таа сосема пријателски сакаше да го сподели своето искуство како жена во доминантно машката академска средина и да ме ‘спреми’ за вистинските предизвици“ посочи Ана.
Во разговор со Татјана Стоименовска експертка за родови прашања таа поочи дека дискриминација на работно место и при вработување не е само случај во нашата земја, меѓутоа дека кај нас постојат уште некои постапки кои во другите земји би биле неприфатливи.

„Кај нас се случува, како на пример: кандидатка да биде прашана за својот фамилијарен статус или пак дали планира деца. За жал, во некои компании тоа се уште е пракса“ вели таа.
Според целото истражување спроведено од ТРН, забележано е дека меѓу редови, ваков тип на сугестии се провлекуваат и кај други испитанички. 50% од испитаничките се на ставот дека одредени родово специфични коментари никогаш не го посочувале ставот на работодавецот или надредениот директно, така што смислата требало да ја бараат меѓу редови.

Од редот на суптилни сугестии спаѓа и исказот на една од пратеничките во Собранието на Република Македонија која посочува дека често во околината, од страна на искрени пријателки ѝ било укажано дека не би можела да оди скалило плус во кариерата поради нејзиниот надворешен изглед (облеката), и посочи дека тоа и тоа како ѝ пречи, и е реалност со која продолжува да се соочува, како и сите жени.

Друга испитаничка пак посочи дека се работело за начинот на кој што ја „меркаат“, за време на интервјуто за работа – „А потоа откако ја добив позицијата ми кажаа дека на прв поглед ‘паднале’ [на неа], додека одличните резултати на интервјуто само помогнале да се зацементира одлуката“. Овие коментари и дискриминирачки пракси често паѓаат под капата и на сексистички коментари потоа оправдувани како нормални шеги, зјапање и гестикулациите од работодавците.

Една од испитаничките даде пример каде е директно направена дискриминација врз основа на физички изглед кон претходната девојка која била апликантка за истата позиција. „За почетничка позиција во маркетинг агенција, шефот на интервјуто ми кажа дека треба некој како мене за на позицијата, а не како ‘дебелата што беше на интервју пред тебе’“ – напиша испитаничката на возраст од 25 до 30 години. Таа исто така додаде дека од лицето кое ја интервјуирало било посочено дека треба да се смее повеќе и да носи колку што е можно почесто здолниште. На ова експертката Тања додава дека денес сѐ уште се гледаат огласи каде се бара исклучиво жена помеѓу 20 – 40 години.

„Честопати жените се принудени да избираат помеѓу кариерата и родителството. Ова е директна дискриминација врз основа на возраст на пример. Во овој конкретен оглас стоеше и да нема планирано новороденче, но мислам по одредени реакции тоа беше отстрането“ посочи таа.
Покрај овие аспекти жените се коментираат и за нивната тежина, коса, пожелен изглед и очекувани резултати кои се генерално најмногу поради изгледот (изнесено во коментарите), жените сведочат и на друг тип забелешки кои се однесуваат на предлози како да го сменат изгледот, кои одат дури и до пластични операции, преку примерот на испитаничка на која ѝ било сугерирано да го оперира носот и да направи интервенција на забите.

Се заклучува дека системските недостатоци и недоволната заштита на жените допира силно и до ова поле на делување, кое, се коментира потивко и се третира како нешто кое е вообичаен дел од работниот процес. Во овој контекст е и изјавата на новинарката Ана Василевска која вели: „Посебно е проблематично кога се работи во колектив каде претпоставените се мажи кои се чувствуваат загрозено од вашиот изглед или професионалност. Во такви случаи, наместо признание, можно е да се соочите со сомнежи, потценување, па дури и со отворено исклучување – само поради тоа што изгледате ‘предобро’. За жал, моето работно искуство потврдува дека добриот изглед, во некои случаи, може да стане причина за дискриминација.“

Кај испитаничките постои свесноста за она што треба да се направи во поглед на решавање на овој проблем, но истовремено и чувството дека недоволно се работи на оваа проблематика и покрај конкретните предлози кои ги имаат за работните места каде се наоѓаат. Според експертката Татјана, анализата на родовите аспекти во правосудство покажа дека ниту во тој сектор нема механизам за пријавување на дискриминација и сексуално вознемирување на работно место. Значи потребни се механизми за пријавување и заштита, но пред да се воведуваат механизми, потребна е едукација и сензибилизирање за тоа што е навредлив коментар, што вклучува сексуално вознемирување и слично. Таа посочи и дека не е сѐ така црно и дека Државната изборна комисија има усвоено Процедура за заштита од сексуално вознемирување чија цел е да ја подобри а родовата еднаквост во работата на ДИК и на зголемување на учеството на жените во изборниот процес па таа во пресрет на локалните избори оваа година имаме одредено ниво на заштита.

Она што охрабрува е дека над 80% од нашите испитанички изнесоа примери преку кои се трудат да ги адресираат овие прашања директно, односно да не го изолираат како појава фактот што физичкиот изглед на жените на пазарот на труд често се користи како предуслов за вработување и напредок на работни позиции од страна на работодавците, кое не се поставува како услов за мажите. Овој однос, не само што се базира на очекувања врз база на тоа како треба да изгледаат, недолични коментари околу должината на здолништето и нивната компетенција, ејџизмот и изгледот.

На ова прашање разговаравме и со надлежните органи, па така од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација во Република Северна Македонија, посочуваат дека немаат пријави за дискриминација поради физички изглед, како и дека следствено на ова, немаат препораки за заштита од ваков тип дискриминација. Комисијата наведува дека постапува по сите претставки кои се доставени до неа, а кои ги исполнуваат елементите на претставка согласно член 24 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Непријавувањето на овој тип на дискриминација во официјалните органи за заштита, укажува дека во Република Северна Македонија мора темелно да се работи на родовата еднаквост и правата на жените во контекст на паазарот на трудот, каде овие теми често се ,,пикаат под тепих”, се игнорираат или се нормализираат како дел од секојдневните работни односи, што прави третманот на овие прашања да поминува скоро безгласно.
Авторки: Натали Китаноска и Ивана Јовановска
Извор: Трн

   

Најново

Исланд е повторно на врвот на рангирањето како најмирна земја во светот во 2025 година, титула што ја држи од 2008 година. Ирска го зазема второто место, Нов Зеланд е трет, потоа Австрија и Швајцарија. Сингапур, Португалија, Данска, Словенија и Финска исто така влегуваат во првите 10

Sase Ivanovski

Таравари и Европскиот фронт ги поделиле општините: Се формализира коалицијата „BASHKË“ (ЗАЕДНО) за локалните избори

Sase Ivanovski

Фетаи: Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција

Sase Ivanovski

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Sase Ivanovski

НБРМ: Годинава се очекува просечна инфлација од 3%

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија

Sase Ivanovski

Aкиов: На правничката од општината и се извинувам. Јас не сум „гомнар“ ВМРО ДПМНЕ постојано провоцираат

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Додека престојувам во Брисел и се залагам за достоинството на македонската Кауза, во исто време, добивам закани по животот на моите деца

Sase Ivanovski

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на дебата во живо: „Ако го имате – дојдете. Ако не – молчете“

Sase Ivanovski

44-годишна жена пешак е жртва во синоќешната сообраќајка во Охрид. Без возачка дозвола 22 годишник ја прегазил на тротоар

Sase Ivanovski

АДВОКАТИТЕ СЕ НЕШТО ПОСЕБНО 10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

БОМБА ВО СУДНИЦА Манев: Човекот што го уништил пиштолот со кој Палевски ги уби Вања и Панче е Зоран Давитков и работи во Народна банка

Sase Ivanovski

Чупеска: Ценовните шокови бараат одговорна влада, но ВМРО-ДПМНЕ не покажува грижа за граѓаните

Sase Ivanovski

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Уапсено е лицето од Народна банка, за кое Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите

Sase Ivanovski

360 СТЕПЕНИ: МВР ги довери возачките испити во Пелагонија на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Раст на туризмот над 20%, нови градинки и зголемени буџетски приходи

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

Sase Ivanovski

ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ИЗМАМИЛЕ ФИРМА ОД БЕЛОРУСИЈА ЗА ОКОЛУ 750.000 ЕВРА Со затајување данок го оштетиле македонскиот буџет за околу 585.000 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Умна жена…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС уште еднаш покажа дека е партија која е против градба на железница, против градба на болници и други капитални проекти

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мицкоски велеше дека ќе поднесе оставка ако има поврзаност со агенцијата што ја обезбедувала „Пулс“

Sase Ivanovski

Герасимовски: Даночната канцеларија во Центар нуди побрза и поедноставна услуга за нашите жители

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите остануваат приоритет, растат капиталните расходи, остануваме посветени на развој и фискална консолидација

Sase Ivanovski

Огромното мнозинство Руси му веруваат на Путин

Sase Ivanovski

Сашко Мицевски назначен за нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Sase Ivanovski

Орбан: Колапсот на Иран би бил извор на голема опасност

Sase Ivanovski

За следната недела се очекува одржување на третата рунда директни преговори меѓу Москва и Киев

Sase Ivanovski

Американецот уапсен на Скијатос каде побегнал по убиството на жената и ќерката во Рим

Sase Ivanovski

10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

Советникот кој удри вработена во општина Кочани мора правно да одговара, вели Крстевски

Sase Ivanovski

Седумчасовно работно време во Црна Гора: Аргументи за и против

Sase Ivanovski

(ГАЛЕРИЈА) Нино Васев донесен во Апелација, каде ќе се одлучува дали ќе оди во ефективен притвор, или ќе остане во куќен

Sase Ivanovski

Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење

Sase Ivanovski

Кочани: Жената погодена со шише во глава од советникот Аки Акиов, е на домашно лекување

Sase Ivanovski

Маж од Македонска Каменица возел со 2,06 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Возач со голф прегази маж и жена на тротоар во Охрид, жената почина на лице место

Sase Ivanovski

Мерко денеска ќе добие пресуда за незаконското назначување на директори на три струшки училишта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кранист дреме во кран додека неговите колеги се сликаат со Трамп

Sase Ivanovski

Зошто е толку важен Ормутскиот теснец?

Sase Ivanovski

Израел гори, САД реагираат: ТХААДT, стрела-3 и противракетна одбрана за спас на животи

Sase Ivanovski

Потпишан меморандум за изградба на нов далековод меѓу Тетово и Призрен

Sase Ivanovski

Детали за несреќата: Дивац веднаш бил опериран, вграден му е вештачки колк

Sase Ivanovski

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на Васев и Нухи

Sase Ivanovski

До септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави Томовски

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

На Богородица се чека половина час на македонска страна

Sase Ivanovski

Без струја делови на Аеродром и Карпош

Sase Ivanovski

Нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Зеленски: Фактот дека Русија го брани Иран покажува потреба од построги санкции

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski
Вчитувам....